Криза во автомобилската индустрија, глобалната продажба намалена за 3,1 милини возила во 2019

Во светот оваа година ќе биде забележан најголем пад на продажбата на нови автомобили уште од избивањето на економската криза од 2008.

Како што прогнозира „Флич Рејтингс“, падот на испораки на нови возила на светско ниво во 2019 ќе изнесува 3,1 милини во споредба со претходната година, што одговара на намалувањето на продажбата за околу 4%. Имено, во 2018 купувачите ширум светот купиле 80,6 милиони автомобили, додека за оваа година се предвидува продажба на севкупно 77,5 милиони возила.

Во 208 исто така е забележан пад во однос на 2017 година кога глобалната продажба достигнала рекорди 81,8 милони возила.

Клучна причина за рекордниот пад на продажбата е намалената побарувачка на најголемиот светски пазар за автомобили, Кина. Во периодот од јануари до октомври 2019 година продажбата на нови автомобили во кина опаднала за 11 проценти во споредба со истиот период од 2018.

Пад на испораки на нови возила се очекува и во САД, каде на годишно ниво ќе изнесува 2%.

Има повеќе примери кои донеле до глобално намалување на продажбата, но и производство на автомобили, наведува „Флич Рејтингс“.

Меѓу нив е и зголемената загриженост за загадувањето на воздухот која довела до построги регулативи, што особено ја загрозува продажбата на дизел возилата.

Како уште еден од причините за намалената побарувачка за нови автомобили се наведува и растот на „кар-шеринг“ сервисот за изнајмување и делење на возила.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер