Дали Рапид е Октавиа за сиромашни?

Втор пат во последните неколку месеци се појавуваат дизајнерски скици од новата генерација на Шкода Рапид.

Иако со лансирањето на моделот Сцала се очекуваше Шкода да ја угаси оваа лимузина, таа сепак ќе остане на пазарот, веројатно како попристапна верзија.

Многумина ја гледаат Шкода Рапид како евтина алтернатива за новата Октавиа, чија цена најверојатно ќе порасне во однос на генерацијата во заминување.

Освен тоа, поголем број европски произведувачи кои не се стремат кон премиум класата, како Пежо, Цитроен, Фиат имаат некој пристапни модели наменет за помалите пазари како Русија, Турција и Источна Европа.

Токму таму своето место може да го најде и новиот Рапид и да земе голем дел од колачот на моделите како што се Типо, 301...

Со оглед на скиците, јасно е дека Рапид има преземено бројни дизајнерски елементи од новата Сцала, пред се на предниот дел од возилото.

Новата Шкода Рапид би можела да дебитира до крајот на оваа година.

ДИК: Гласањето се одвива мирно, поголема за 9% е излезноста во однос на минатите избори

Претседателот на ДИК ги соопшти најновите резултати од претседателските избори. 

Најголема излезност е во Новаци од 67,19 % , а најамала во Пласница само 19%, рече Даштевски.

Видео: Коњи трчаат низ центарот на Лондон, еден е облеан во крв

Жителите на Лондон утринава забележале два коња без сопственик во центарот на градот, од кои едниот изгледал облеан во крв. Носеле седла и узди.

„Околу 8 часот и 40 минути добивме пријава дека коњи без сопственици трчаат низ градот. Полицајците ги запреа на автопатот кај Лајмхаус. Чекаме возило за да ги однесеме на ветеринар“, соопшти полицијата.

Скај њуз вели дека коњите припаѓаат на дворската коњаница, дел од британската армија. На социјалните мрежи се појавија видеа од настанот на кои се гледа како црн и бел коњ трчаат по улицата. Набрзо зборуваше портпаролот на армијата.

„Одреден број воени коњи се олабавиле за време на рутинска вежба. Сите коњи сега се вратени во кампот. За време на инцидентот се повредени одреден број вработени, како и коњите. На сите им била укажана лекарска помош ," вели тој .

Извор: Индекс.хр

Директорот на ФБИ предупредува: И во САД е можен напад како што беше масакрот во Москва (ВИДЕО)

Директорот на Американското Федерално истражно биро (ФБИ), Кристофер Реј, предупреди дека во САД е можен напад како неодамнешниот масакр на концертот во Москва, кога беа убиени 144 лица.

Како што пренесува „Dailymail“, Реј истакнал дека ФБИ во моментов води дури 4.000 меѓународни истраги за тероризам.

Тој, исто така, изјави дека ФБИ е „сè повеќе загрижен за потенцијалот за некаков вид координиран напад на територијата на Соединетите држави“. Објаснувајќи дека таквиот напад можеби не е толку различен од она што се случи во Москва кога припадниците на Исламската држава убија 144 луѓе во концертна сала.

Нападот во трговскиот центар во руската престолнина на 22 март е и најсмртоносниот терористички напад во Русија во последните две децении. Вреј претходно изрази загриженост за зголемените закани од тероризмот, велејќи на панелот на Претставничкиот дом на САД претходно овој месец дека моменталната закана од тероризам е најголемата што може да се сети во неговата кариера.

„Додека гледам наназад на мојата кариера во спроведувањето на законот, тешко е да се сетам на време кога имало толку многу закани за нашата јавна и национална безбедност. На крајот на фискалната 2023 година, ФБИ спроведуваше 4.000 меѓународни истраги за тероризам“, кажа Реј.

Тој, исто така, предупреди дека терористичката закана за САД е зголемена по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври:

„Уште пред нападот на 7 октомври мислевме дека тероризмот еволуирал. По овој напад тој е на сосема ново ниво“, додаде Реј.

Реј, исто така, се осврна на сè понепријателската меѓународна средина и потенцијалното прелевање на теророт:

„Без разлика дали станува збор за закана од Кина, Русија, Иран, има терористички закани и од странски и од домашни фактори.“

Потсетуваме, Реј на функцијата директор на ФБИ беше поставен во 2017 година од Доналд Трамп, тогашниот претседател на САД. Тој водеше кампања во Конгресот за да добие уште повеќе средства. Буџетот на ФБИ за фискалната 2024 година падна 500 милиони долари помалку од она што беше потребно за одржување на сегашните функции.

Руските власти уапсија четворица напаѓачи во концертна сала во Москва. Иако Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот, а во Кремљ сакаа да докажат дека нападот е поврзан со властите во соседна Украина.

притисни ентер