Некогаш најдобрата тенисерка на светот, објави дека оди во пензија

Каролина Возниацки, некогаш најдобрата тенисерка на светот, објави дека ќе замине во пензија по Австралија опен во 2020 година.

Таа ја објави одлуката за време на гостувањето во шоуто Добро утро Америка на АБЦ, а подоцна и на нејзиниот Инстаграм.

„Играв тенис од 15 години. За време на тие години, ги проживеав најубавите моменти од животот. Освоив 30 титули, 71 беше Светска бр.1 за 71 недела, освоив финале на ВТА, три пати бев на Олимпијадата и го носев знамето на Данска, и го освоив Австралија опен во 2018 година. Направив сè што можев “, напиша Возниацки.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

I’ve played professionally since I was 15 years old. In that time I’ve experienced an amazing first chapter of my life. With 30 WTA singles titles, a world #1 ranking for 71 weeks, a WTA Finals victory, 3 Olympics, including carrying the flag for my native Denmark, and winning the 2018 Australian Open Grand slam championship, I’ve accomplished everything I could ever dream of on the court. I’ve always told myself, when the time comes, that there are things away from tennis that I want to do more, then it’s time to be done. In recent months, I’ve realized that there is a lot more in life that I’d like to accomplish off the court. Getting married to David was one of those goals and starting a family with him while continuing to travel the world and helping raise awareness about rheumatoid arthritis (project upcoming) are all passions of mine moving forward. So with that, today I am announcing that I will be retiring from professional tennis after the Australian Open in January. This has nothing to do with my health and this isn’t a goodbye, I look forward to sharing my exciting journey ahead with all of you! Finally, I want to thank with all my heart, the fans, my friends, my sponsors, my team, especially my father as my coach, my husband, and my family for decades of support! Without all of you I could have never have done this!

A post shared by Caroline Wozniacki (@carowozniacki) on

Расистички повици од навивачи кон фудбалер на Билбао , тој им врати со пцуење (ВИДЕО)

Инаки Вилијамс е нова жртва на расизмот на фудбалските терени.

Темномурестиот напаѓач со беше навредуван од навивачите на Еспањол во дуелот со Атлетико Билбао.

Вилијамс беше заменет во 69-та минута кога неговиот тим реализираше корнер. Додека Муниаин се подготвуваше да изведе удар од аголот, Вилијамс излезе од теренот и се упати кон клупата, а од трибините можеше да се слушне гласно извикување на навивачите на каталонскиот клуб.

Напаѓачот на Билбао одговори со тешки пцовски . „Кучкини синови“, викна тој , по што седна на клупата.

По натпреварот, спортскиот директор на Билбао го осуди расистичкиот чин, исто како и Еспањол кој објави дека почнува истрага.

Валенсија по 12 години ја победи Барселона , општа тепачка меѓу навивачите (ВИДЕО)

Фудбалерите  на Барселона беа поразени од Валенсија на Местаља со 2: 0, во 21-то коло од Ла Лига.

Лилјаците ја освоија својата прва победа над Каталонците по 12 години. Ова е прв неуспех на новиот тренер Кике Сетиен од преземањето на лидерот на шпанското национално првенство.

Пред натпреварот навивачите на Валенсија и Барселона се судрија во близина на стадионот „Местаља“.

Пред околу десетина дена градските власти на Валенсија го окарактеризираа натпреварот како настан со висок ризик, но не успеаја да ја спречат масовната тепачка меѓу навивачите на двата клуба.

Фановите се тепаа со факели, стапови, камења, столчиња и други предмети што им се најдоа на дофат.

Повеќе од сто хулигани од Барселона се приведени и не можеа да присуствуваат на 21. коло од Шпанското првенство.

Засега нема пријавени повредени, бидејќи голем број од навивачите избегаа откако пристигна полицијата.

Норвешка освои бронза по победата над Словенија

Норвежаните собраа сили по синоќешниот шок натпревар против Хрватска во полуфиналето на ракометното Евро и успеаја да ја совладаат Словенија во борбата за третото место со 28:20.

Словенија поведе само еднаш на овој натпревар, 2: 1 на стартот. Предноста се одржуваше до полувремето, кога водството на Норвешка беше +3, но на крајот порасна за да стигне до +8. Норвежаните водеа најмногу во овој натпревар со 9 гола разлика.

Ова е прв медал на Европските првенства во историјата на норвешката репрезентација.

По шокот во полуфиналето против Хрватска, кога Норвешка загуби со 29:28 во вонредна драма по две продолженија , тие сепак успеаја да најдат сила и лутината поради поразот да ја истурат врз Словенците. Словенија загуби од Шпанија со 34:32 во полуфиналето.

До крајот на првенството остана уште еден натпревар. Големото финале во распродадената арена во Стокхолм утре го играат Хрватска и Шпанија со почеток во 16:30 часот.

притисни ентер