Мексиканецот Руиз ги насамари сите на мерењето со Џошуа (ВИДЕО)

Ентони Џошуа и Енди Руиз Џуниор официјално беа измерени  при што се откри големата тактичка битка што се водеа меѓу екипите на двајцата боксери во тешка категорија.

Џошуа имал пет килограми помалку отколку во јуни, а Руиз, кој тврдеше дека изгубил тежина и со тоа ги измами британските медиуми, се покажа дека е седум килограми потежок отколку во првиот меч.

Во последните неколку недели се пишуваше многу за губење на тежината и исхраната на Руиз. Медиумите објавуваа разни фотографии на кои што се чинеше дека Мексиканецот е навистина ослабнат. Сепак, тоа било очигледно само кампања, бидејќи вагата покажа 128,6 килограми, седум повеќе од минатиот пат.

После тоа тие го направија соочувањето, но без премногу тензија. Прво позираа рамо до рамо, а потоа следуваше краток поглед лице-в-лице.

Расистички повици од навивачи кон фудбалер на Билбао , тој им врати со пцуење (ВИДЕО)

Инаки Вилијамс е нова жртва на расизмот на фудбалските терени.

Темномурестиот напаѓач со беше навредуван од навивачите на Еспањол во дуелот со Атлетико Билбао.

Вилијамс беше заменет во 69-та минута кога неговиот тим реализираше корнер. Додека Муниаин се подготвуваше да изведе удар од аголот, Вилијамс излезе од теренот и се упати кон клупата, а од трибините можеше да се слушне гласно извикување на навивачите на каталонскиот клуб.

Напаѓачот на Билбао одговори со тешки пцовски . „Кучкини синови“, викна тој , по што седна на клупата.

По натпреварот, спортскиот директор на Билбао го осуди расистичкиот чин, исто како и Еспањол кој објави дека почнува истрага.

Валенсија по 12 години ја победи Барселона , општа тепачка меѓу навивачите (ВИДЕО)

Фудбалерите  на Барселона беа поразени од Валенсија на Местаља со 2: 0, во 21-то коло од Ла Лига.

Лилјаците ја освоија својата прва победа над Каталонците по 12 години. Ова е прв неуспех на новиот тренер Кике Сетиен од преземањето на лидерот на шпанското национално првенство.

Пред натпреварот навивачите на Валенсија и Барселона се судрија во близина на стадионот „Местаља“.

Пред околу десетина дена градските власти на Валенсија го окарактеризираа натпреварот како настан со висок ризик, но не успеаја да ја спречат масовната тепачка меѓу навивачите на двата клуба.

Фановите се тепаа со факели, стапови, камења, столчиња и други предмети што им се најдоа на дофат.

Повеќе од сто хулигани од Барселона се приведени и не можеа да присуствуваат на 21. коло од Шпанското првенство.

Засега нема пријавени повредени, бидејќи голем број од навивачите избегаа откако пристигна полицијата.

Норвешка освои бронза по победата над Словенија

Норвежаните собраа сили по синоќешниот шок натпревар против Хрватска во полуфиналето на ракометното Евро и успеаја да ја совладаат Словенија во борбата за третото место со 28:20.

Словенија поведе само еднаш на овој натпревар, 2: 1 на стартот. Предноста се одржуваше до полувремето, кога водството на Норвешка беше +3, но на крајот порасна за да стигне до +8. Норвежаните водеа најмногу во овој натпревар со 9 гола разлика.

Ова е прв медал на Европските првенства во историјата на норвешката репрезентација.

По шокот во полуфиналето против Хрватска, кога Норвешка загуби со 29:28 во вонредна драма по две продолженија , тие сепак успеаја да најдат сила и лутината поради поразот да ја истурат врз Словенците. Словенија загуби од Шпанија со 34:32 во полуфиналето.

До крајот на првенството остана уште еден натпревар. Големото финале во распродадената арена во Стокхолм утре го играат Хрватска и Шпанија со почеток во 16:30 часот.

притисни ентер