Страшните пожари се приближуваат до Сиднеј – Пожарникарите немоќни (ВИДЕО)

Огромен пожар што пустоши на 60 километри северно од австралискиот град Сиднеј во моментов е толку голем што не може да биде изгаснат, предупредуваат пожарникарите.

Пламенот што опфаќа 300.000 хектари земја е само на еден час возење од најнаселениот град во државата. На жителите од областа им било советувано да се евакуираат, пренесува Би-Би-Си.

Од октомври, шест лица загинаа во пожарите низ Австралија и уништени се повеќе од 700 домови.

Пожарникарите денеска се борат да изгаснат скоро 150 пожари во државата Нов Јужен Велс, бидејќи силните ветрови ги разгоруваат и уште еднаш опасен чад го прекри Сиднеј, најголемиот град во Австралија.

Додека скоро 150 пожари горат долж  источниот брег на Австралија, комесарот на Нов Јужен Велс, Шејн Фитсимонс, изјави дека властите се особено загрижени за осум пожари околу Сиднеј, каде живеат околу пет милиони луѓе.

„Тие имаат потенцијал и се очекува да се прошират на исток, што за жал зафаќа населени места, села, заедници, изолирани рурални области и земјоделски и деловни објекти низ целиот регион“, изјави Фицсимонс на прес конференција .

Неколку пожари северозападно од градот се соединија и создадоа голем фронт што се шири разгоруван од жешките и суви ветрови, рече тој.

Пожарите се вообичаени во Австралија, но годинашната сезона на пожари започна многу порано од вообичаеното со температури кои редовно се зголемуваат над 40 Целзиусови степени пред почетокот на летото и силен ветер.

Најголемите пожари во Австралија уништија илјадници домови во Викторија во февруари 2009 година, при што загинаа 173 луѓе, а 414 беа повредени.

„Ла Верита“ објави нови документи за наводни изборни нерегуларности

Италијанскиот весник Ла Верита објави нови материјали за наводни изборни нерегуларности, во кои бил инволвиран претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Овој пат, медиумот, тврди дека Заев и неговиот брат во соработка со уште неколку лица од Струмица, поткупувале граѓани, пред се од ромска националност за да гласаат на изборите за СДСМ..

Весникот, кој објавува документи со наводни транскрипти од посебните истражни мерки,  пишува дека на граѓани им биле нудени и градежни материјали и поврзување на комунална инфраструктура..

Вчера Заев ги отфрли ваквите наводи и рече дека ако имало докази за нерегуларности во 2014-та, тој ќе бил веќе осуден..

Обвинителката Рускоска, пак, рече дека постоеле предмети за овој случај, но со оглед дека немало докази, постапката била затворена..

Ким ја прослави Новата година со жената која ,,ја погубил” пред шест години

Тетката на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун  се појави во јавноста прва пат по шест години. Така беа елиминирани сите сомневања дека Ким Џонг-ун ја погубил.

Севернокорејските државни медиуми објавија дека Ким гледал претстава во театарот во Пјонгјанг за да ја одбележи лунарната Нова година. Фотографиите беа објавени и од театарот на кој се гледаше како Ким Џонг-ун седи со тетка му  и сопругата.

73-годишната Ким Кионг-хуи е единствената сестра на поранешниот водач на Северна Кореја Ким Џонг-ил, татко на сегашниот лидер во земјата. Исто така, се соопштува дека по смртта на нејзиниот брат, таа го насочила за Ким Џонг-ун кон да биде  следен водач.

По егзекуцијата на нејзиниот сопруг, Јанг Сонг-Таек, кој беше осуден за предавство, почнаа да се поставуваат прашања за нејзината судбина. Таа со години не се споменуваше во државните медиуми, па се сметаше дека е мртва или дека Ким Џонг Ун и неа ја погубил.

Овој настап на Ким Џонг Ун во јавноста може да значи дека севернокорејското раководство сега сака да го зајакне семејството, со тоа што државните медиуми го објавија „новиот пат“ на земјата во 2020 година. Во својот новогодишен говор Ким објави дека повеќе не е обврзан со своите ветувања до американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Блумберг.

Се зголемува бројот на екстремни десничари во германската армија

Бројот на припадници на германските вооружени сили кои се членови на радикалната десница е во пораст, а во тек е истрага против 550 војници во Бундесверот, пренесува Велт ам Сонтаг.

„Воената разузнавачка служба моментно испитува 550 војници под сомнение дека припаѓаат на екстремната десница“, рече директорот за воено разузнавање (МАД) Кристоф Грем во интервју за „Велт ам Сонтаг“.

Тој предупреди за нагло зголемување на откриените случаи на војници кои покажуваат екстремно десничарски поглед на светот.

„360 нови случаи беа пријавени само минатата година“, рече Грим.

Тој понатаму објасни дека во 2019 година биле пријавени осум членови на радикалната десница, а други 40 биле пронајдени „поради недостиг на верност кон германскиот уставен поредок“.

Грем објасни дека особено голем процент на војници со екстремно десничарски ставови  биле откриени меѓу припадниците на Специјалните сили (КСК).

„Процентот на војници со овој поглед на светот кај Специјалните сили е пет пати поголем отколку во остатокот од Бундесверот“, рече Грем.

Зголемувањето на откриените случаи на припадници на екстремната десница е поврзано со реформите во рамките на МАД. Оваа воена разузнавачка служба беше критикувана од парламентарните партии пред две години за недостаток на ефикасност во откривањето на екстремистичките сфаќања во Бундесверот.

притисни ентер