Не се знае до кога, „поради непредвидени околности“, е одложено враќањето на државјани на БиХ, кои требаше да слетаат на аеродромот во Сараево во саботата, откако минаа месеци во затворски кампови во северен Ирак и Сирија.
- Поради ненадејни и непредвидени околности во Сирија, враќањето на групата граѓани на БиХ закажано за утре е одложено , соопшти Министерството за безбедност на БиХ.
Објаснето е дека Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина ги направи сите подготовки за враќање на првата група граѓани на БиХ од Сирија, вклучително и жени и деца, според заклучоците на Претседателството на БиХ и Советот на министри на БиХ.
Според претходните извештаи, група од 24 жени и деца, како и деветмина поранешни членови на терористичката организација Исламска држава, требало да се вратат во саботата.
По слетувањето на аеродромот во Сараево, тие требаше да бидат уапсени и предадени на Обвинителството на БиХ. Според извештаите на медиумите, тоа биле Армин Чурт, Сенад Касуповиќ, Јасмин Кесеровиќ, Емир Алишиќ, Миралем Бербиќ, Хамза Лабидија, Мухарем Даниќ, Емир Маркота и Армин Џелко.
Еден од нив, Кесеровиќ, е меѓу најбараните џихадисти од БиХ, кои во видео порака упатуваше грозни закани кон светот во 2016 година, велејќи: „Станете, муслимани и убивајте ги христијаните!“