Променливо облачно со локални врнежи од дожд особено претпладне

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд особено претпладне. Во текот на денот облачноста ќе се намалува, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 5 степени, а дневната од 7 до 13 степени.

Во Скопје и околината променливо облачно со локални врнежи од дожд особено претпладне. Утринската температура ќе достигне до 3 степени, а дневната до 10 степени./МИА

Спортски дух и заложба за негување на делото на Тоше Проески во општина Карпош

Заврши 11 – то издание на Меморијалниот турнир во спомен на Тоше Проески, каде што главен покровител е Општина Карпош, а се организира во соработка со Здружението на стопанственици Власи „Мандра“.

Во салата „Форца“ се одиграа финалните натпревари. Првото место го освои екипата на општина Чаир, второпласиран е тимот на Корча (Албанија), а третото место и припадна на Нова Градишка (Хрватска).

На доделувањето на наградите, свои обраќања имаа и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, градоначалникот на Нова Градишка, Винко Гргиќ и градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.

Сите посочија дека се покажува дека Тоше се уште прави мостови на соработка помеѓу различни држави и култури.

Преку спортот ги мотивираме младите да се активираат, но и на најдобар начин го негуваме споменот за Тоше. Општина Карпош сериозно вложува во спортот, во подобрување на спортската инфраструктура, изведба на нови игралишта и терени, а минатата година го ресетиравме и турнирот „Сокол“. Сето ова е во знак на младите и здравиот начин на живот. Токму нашиот Тоше беше симбол на здравите навики, позитивната енергија и хуманоста, рече Богоев.

Градоначалниците изразија подготвеност за унапредување на организацијата на турнирот. Во согласност со можностите, се даде предлог овој спортски настан да трае повеќе дена или пак да учествуваат повеќе тимови.

Во текот на трите денови се свиреа песни од нашата музичка легенда, се зборуваше за неговата кариера и се читаа пораки кои беа упатени од негова страна до сите нас, сите со една цел – да бидеме подобри луѓе, соопштуваат од општина Карпош.

Николовски во Струга: Искористеноста од 41% од буџетот на ИПАРД 2 програмата е потврда за вложувањата во агро секторот

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски денеска беше во посета на Струга и струшкиот регион, се наведува во партиското соопштение.  

Николовски воедно ја посети и месната индустрија Билјанови во с.Мислешево , како една од успешните примери на водење на бизниси и корисник на средствата од ИПАРД 2 програмата.

Николовски посочи дека Владата предводена од СДСМ за само две и пол години направи значајни чекори во однос на се поголема искористеност на европските средства и поголема поддршка во агро секторот.

-Преку олеснети административни процедури, со едукација, со олеснет пристап до фондовите и зголемен број повици, се создадоа услови за првпат државата да не ги враќа парите назад.

За тоа зборува и искористеноста од 41% од буџетот на ИПАРД 2 програмата, односно до денес склучени се 1477 договори во вредност од над 32 милиони евра. -истакна Николовски.

Тоа е една голема потврда дека сме на прав пат. Продолжуваме и понатаму со што поголема искористеност на европските фондови кои ни стојат на располагање.-посочи Николовски ,с е наведува во соопштението на СДСМ..

Милена Стевановиќ : За првпат сите жени со рак на дојка имаат терапија, услови за навремена дијагностика и превенција

На трибината на тема „Агенда - Здравство 20 - 24" во Куманово, зборуваше и Милена Стевановиќ – член на Комисија за здравство и директорка на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби .

Милена Стевановиќ, како што е наведено во соопштението на СДСМ,  даде осврт на успешните здравствени услуги кои Владата предводена од СДСМ ги воведе и реализираше, а се однесуваат на женското здравје.

Како посебно значајни таа ги истакна новиот Закон за прекинување на бременоста, преку кој се прецизираат условите под кои бременоста може да биде прекината но и даваат целосна слобода на жената во одлучувањето. За поздрав е и фактот дека имаме двојно намалување на смртноста на предвремено родените бебиња.

Таа се осврна на бројните мерки кои се направени во однос на превенција, дијагностика и третманот на малигните заболувања. Од особено значење е што на едно место може да се направи ехо, мамографија и магнетна резонанца, а тоа го имаме веќе и во Центарот за дојка  во Клиничка болница во Битола, а наскоро таков центар ќе имаме и во Тетово.  Како дел од пакетот подобрувања во здравствениот систем се и двојно читање на мамографски слики, од два независни читачи-радиолози кои имаат искуство во читање на мамографии од минимум 800 пациенти,потоа  бесплатни ортоперски градници и психолошка поддршка за онколошки пациенти.

За првпат сите жени со рак на дојка имаат терапија. Набавена е иновативна, биолошка терапија, што претставува значаен чекор и најсилниот удар во борбата против ракот, вклучително и ракот на дојка -посочи Стевановиќ.

Со централизирана набавка се обезбедени над 30 молекули скапа биолошка терапија која не е на позитивната листа на лекови, за да им биде достапна на пациентите во болниците. Достапноста на иновативната терапија значи можност пациентот навремено да добие соодветна дијагноза, третман и грижа за своето заболување.

Таа од посебно значење го истакна и тоа дека за прв пат после 40 години , комплетно е реновиран хируршкиот блок на специјалната гинеколошка болница во Чаир и ставањето во функција на три центри за згрижување на жртвите од сексуално насилство во Скопје, Куманово и Тетово,с е наведува во соопштението на СДСМ.

притисни ентер