Успешно оперирани уште две деца со сериозни срцеви аномалии во „Аџибадем Систина"

Уште две успешни кардиохируршки интервенции се извршени кај двомесечно бебе и дете на возраст од една година и осум месеци на Одделот за детска кардиохирургија во Клиничката болница „Аџибадем Систина".

Кај двомесечното бебе кај кое постои тешка пулмонална хипертензија и отсуство на еден бубрег е затворен дуктус артериозус, додека кај детето на возраст од една година и осум месеци кое било родено со срцева мана тоа беше втора операција, откако на возраст од само три недели му била направена палијативна хируршка интервенција на срцето со цел да порасне доволно и да биде подготвено да се направи комплетна хируршка корекција на срцето, по што неделава во „Аџибадем Систина" му беше извршен целосен оперативен третман на вродена срцева мана тетралогија фалот, информираат од болницата.

Двете операции се покриени од Фондот за здравствено осигурување и беа извршени со консултативна поддршка на исклучителни професионалци, специјалисти од болниците на „Аџибадем" од Истанбул.

Претходно во болницата „Аџибадем Систина" беа оперирани и бебиња на девет и 11-месечна возраст. Операциите ги надгледуваше проф. д-р Тајар Сариоглу, детски кардиохирург од болницата „Аџибадем Бакаркој" од Истанбул, кој е пионер на детската кардиохирургија во Турција.

– Пред две недели веќе направивме две големи операции на отворено срце кај деца во „Аџибадем Систина". Докторите од Турција се само поддршка на тамошните лекари и ние само ги надгледуваме операциите. Нив ги изведуваат тамошните лекари, кои се многу добро обучени и кои се специјалисти во оваа област. Болницата е многу добро опремена за извршување кардиохируршки интервенции и поседува најсовремена опрема, истакна проф. д-р Тајар Сариоглу пред македонските новинари кои беа во посета на болниците „Аџибадем" во Истанбул.

Потребата за отворање оддел за детска кардиохирургија во „Аџибадем Систина" во Скопје, посочува докторот, произлегува од големиот број пациенти од Балканот кои доаѓале за срцеви интервенции во болниците на „Аџибадем" во Турција и планот е да прерасне во регионален центар за детска кардиохирургија и во иднина да се извршуваат сите видови хируршки интервенции кај деца, а дотогаш најкомплексните операции ќе се препраќаат во болниците на „Аџибадем" во Турција.

Во овие болници на годишно ниво се извршуваат околу 600 операции, а над 95 отсто од нив се успешни. Најчести се вродените срцеви аномалии, а од голема важност, како што нагласи проф. д-р Сариоглу, е тие да бидат направени во првите три месеци по раѓањето. Потенцира дека поради специфичноста на детската кардиохирургија, операции кај деца може да извршува само детски кардиохирург.

– Детската кардиохиргија е многу специфична гранка. Разликата меѓу детски кардиохирург и кардиохирург за возрасни е огромна. Во никој случај не смее кардиохирург за возрасни да оперира деца. Детскиот кардиохирург мора да биде обучен и да има големо искуство зад себе. Не само кај нас, и во Европа и во целиот свет за да оперираш бебе или дете мора да бидеш специјалист за детска кардиохиругија, додаде д-р Сариоглу.

Тим од десетина специјалисти кардиохирурзи, кардиолози, сестри, анестезиолози, перфузионисти со над 20-годишно искуство ќе им бидат на располагање на македонските лекари од Одделот за детска кардиохирургија во „Аџибадем Систина". Тие имаат извршено повеќе од 15.000 операции. /МИА

ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека утре јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Националниот џез оркестар со програмата „Џез лектира" ќе гостува во Велес

По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата насловена „Џез лектира" вечер од 20 часот  ќе гостува во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес. 

Концертот ќе биде осврт на творештвото на Каунт Бејси биг бендот - Вилијам Џејмс (Каунт Бејси) познат како „Кралот на свингот" - американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор.

-Во 1935 година тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група речиси 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз, како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично, соопшти Националниот џез оркестар.

Најмалку пет мигранти се удавија обидувајќи се да го преминат Ла Манш

Најмалку пет мигранти денеска се удавија во обид да го преминат Ла Манш со брод од францускиот град Вимеро, јави локалниот француски весник „Гласот на северот“.

Портпаролката на локалната полиција рече дека не може да каже колку луѓе имало во чамецот, но додаде дека се пронајдени неколку безживотни тела.

Портпаролот на крајбрежната стража изјави дека во тек е потрага по исчезнати на море. /МИА

притисни ентер