Двајца потешко и десет полесно повредени во сообраќајката на патот за Копаоник

Две лица се тешко повредени, а десет полесно повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска на автопатот Прокупље-Блаце, кога околу 10 часот се преврте автобус од Македонија, кој превезувал патници до Копаоник.

Како што јави допсникот на МИА од Белград, сообраќајната несреќа се има случено кај месноста Крива Ќуприја, меѓу Блаце и Белољина. Според првичните информации, автобусот бил на туристичката агенција Камелија од Скопје.

Според досегашните информации, две лица се тешко повредени и се пренесени во болницата во Прокупље.

Шест патници со полесни повреди, се згрижени во Здравствениот дом во Блаце, а останатите шест лица се пренесени во болницата во Прокупље на понатамошни испитувања и лечење.

-Екипата за Итни случаи на нашиот здравствен центар веднаш излезе на теренот, им помогна на повредените и во тек е нивно згрижување, потврдено е од Здравствениот дом во Блаце.

Засега не е позната причината за несреќата, а овој пат, на кој има чести сообраќајни несреќи, е во фаза на реконструкција од минатиот месец, со посебен режими на сообраќај во зависност од работите. /МИА

Филиче: Годинава започнува изградбата на новиот Клинички центар во Ѓорче Петров, набавуваме и 70 нови возила за итната медицинска помош

Претседателот на комисијата за здравство на СДСМ Венко Филипче, денеска на трибината Агенда здравство 20-24 ги соопшти главните постулати на кои ќе се темели програмата на СДСМ за развој на здравствениот систем во период 2020 - 2024 година.

Меѓу нив е и почеток на изградба на новиот клинички центар во Ѓорче Петров со целосно нова модерна зграда,  интегриран тип на здравствени услуги како што заслужуваат граѓаните, рече Филипче и најави до крајот на мандатот сите болници и здравствени домови да станат енергетски ефикасни.

"Ќе ги реновираме најстарите одделенија во болниците. Во 2020 година набавка на 70 нови возила за итна медицинска помош и редовно обновување на возниот парк секоја година до крајот на мандатот, воспоставување на патронажна служба во сите региони низ државата, зајакнување на капацитетите на јавното здравство преку функционлно поврзување на сите нивоа на здравствена заштита (примарна, секундарна и терциерна). Секоја година зголемување до 10 % на платите на здравствените работници."

Филипче најави платен работен стаж за секој нов млад лекар и додаде дека ќе се разгледа опцијата на сите лекари на специјализација, кои го немаат решено стамбеното прашање, да им се додели субвенција од 12 000 денари месечно.

На трибината министерот за здравство, најави и стратешки договор со Универзитетската болница од Франкфурт за едукација на млади лекари и сестри по принцип на ротација, како и формирање на центар за медицински истражувања, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прилепчанец со секира кршел автомобил и предизвикал судар и тепачка

Вчеравечер , 23 годишен Прилепчанец удрил во возило на 19 годишник и со секира му го искршил голфот , по што сакал да ги прегази неговите тетка и братучетка . Полицијата го привела.

Вчера во Прилеп од полициски службеници од Полициска станица Прилеп бил лишен од слобода Е.М.(23) од Прилеп постапувајќи по претходна пријава на Е.А.(19) од Прилеп, кој пријавил дека околу 21,00 часот пред продавница во Прилеп, додека бил во паркирано патничкото моторно возило „Голф 3“ без регистарски ознаки во негова сопственост заедно со С.О. и Е.Т., нивното возило било удрено од возило „опел астра“ управувано од Е.М., кој потоа и физички ги нападнал, а со секира го оштетил возилото „голф“.

Потоа пријавениот со возилото „опел астра“ удрил во две лица, роднини на оштетениот (тетка и братучетка). По целосно документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.

Стјуардеса е задржана во болница во Виена под сомневање за коронавирус

Способноста за ширење на коронавирусот се зголемува и се очекува да се зголеми бројот на заразени, соопшти денеска Националната кинеска здравствена комисија.

Досега, 56 лица починале од коронавирусот. Само во Кина, потврдени се околу 2000 луѓе, а повеќе од 40 случаи се потврдени во други земји. Скоро 60 милиони луѓе во Кина се целосно или делумно изолирани.

Националната комесарка за здравство, Ма Ксиоу, на прес-конференција рече дека знаењето за вирусот е ограничено.

Според неа, инкубацијата се движи од еден до 14 дена, а со вирусот може да се заразат други во овој период, што не било случај со САРС, што исто така потекнува од Кина ,каде убил скоро 800 луѓе ширум светот во 2002 година и 2003 година.

Ќе бидат засилени напорите да се спречи експанзијата што досега вклучуваше ограничување на патничкиот сообраќај и откажување на масовни настани, рече Ма.

Лекарите се сомневаат дека првиот случај на инфекција со коронавирус се појави и во Виена. Станува збор за стјуардеса која е во Виена од 24 јануари, а пред тоа била во градот Вухан.

Таа во моментов е во изолација во болницата во Виена.Таа е кинески државјанин која бил примена во болницата со симптоми на грип.

Тестовите ќе бидат завршени за 48 часа за да се утврди дали таа е заболена од коронавирус, јавуваат австриските медиуми.

притисни ентер