Венецијанската комисија и официјално бара да преиспитување на законот за јазици

Властите во Македонија да ја преиспитаат употребата на законот за јазиците преку консултации со сите засегнати страни во земјава – стои во мислењето кое вчера го усвои Венецијанската комисија.

Правните експерти на Советот на Европа подвлекуваат дека со предлог-законот се надминува европската рамка, и се создаваат непотребни трошоци за државните институции и судството. Токму во тој дел се однесуваат и најголемиот дел од препораките на комисијата, каде се бара напуштање на двојазичноста во судските процедури.

„Венецијанската комисија дава неколку препораки до властите во С. Македонија, особено во делот за напуштање на одредбите поврзани со двојазичноста во судските процедури. Исто така препорачува, обврската за употреба на албанскиот јазик во внатрешна и меѓу институционална комуникација помеѓу јавните службеници да биде ограничена на писмена комуникација, или нејзиното стапување во сила да биде одложено додека правилното спроведување на таа одредба се чини реална“, велат од Венецијанската комисија.

Комисијата исто така предупредува дека казните кои се предвидени со законот се превисоки и треба да се променат. Дополнително, според нив, потребна е промена на некои одредби од законот кои не се доволно јасни.

„Во поглед на спроведувањето на паричните санкции, правните експерти на Советот на Европа посочуваат дека тие треба да се одложат, се додека не се измени законот со цел да се обезбеди доволна правна јасност, да се намалат износите на казните, како и да се воведе елементот на вина и принципот на пропорционалност“, велат од Венецијанската комисија.

По ваквиот исход,професорката Тања Каракамишева која е дел од комисијата, на социјалната мрежа Фејсбук најави дека идната недела до Уставниот суд ќе поднесе иницијатива за поништување на законот за јазиците. Каракамишева ги повика сите научни капацитети во земјата да и се придружат, вклучително и неколку нејзини колешки од правниот факултет. Една од нив, професорката Гордана Силјановска, која истот ака неколку години беше претставник на Македонија во Комсиијата,во гостувањето во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5 предупреди дека иако не е задолжително, мислењето на Венецијанската комисија има големо влијание кое мора да се почитува.

Целосниот извештај на венецијанската комисија за употребата на законот за јазиците предвидено е да биде објавен во понеделник, за кога и подетално ќе бидат познати забелешките на комисијата поврзани со законот за употреба на јазиците.

Фетел одговори на прашањето дали се враќа во Формула 1

Себастијан Фетел го прекина молкот за гласините за неговото враќање од пензија за да го замени Луис Хамилтон во Мерцедес.

Четирикратниот светски шампион се прости од трките на крајот на 2022 година во автомобил на Астон Мартин за да помине повеќе време со семејството, но германскиот возач тогаш за можното враќање рече: „никогаш не треба да се каже никогаш“.

Откако Хамилтон во февруари објави дека ќе го напушти Мерцедес и ќе се пресели во Ферари од 2022 година, се шпекулираше дека Фетел ќе го замени, но…

-Сè уште сум заинтересиран и ги следам трките. Во моментов се случува многу - на и надвор од патеката. Но, за мене Формула 1 не е во фокусот во моментов. Кога заминував, реков дека никогаш не вели никогаш за враќањето, но намерата не ми беше да застанам и потоа да почнам повторно, изјави Фетел и со тоа ги демантираше гласините дека се враќа. /МИА

Тројца загинати во сообраќајна несреќа во Кичево

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа што денеска се случи на излезот од Кичево, во насока кон Скопје.

Според соопштението од СВР – Охрид, несреќата се случила утрово во 4:50 часот на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, кога се судриле патничко возило „Пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.И.(19) од Кичево и патничко возило „Фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.Е.(32) од кичевското село Трапчин Дол.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Е. и неговиот сопатник А.С.(20) од село Трапчин Дол, додека возачот С.И. им подлегнал на повредите на пат кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, се здобиле 19-годишната Т.С. од Кичево, В.П.(21) од селото Подвис, кичевско, П.К.(21) од Кичево и еден малолетник од Кичево, сите сопатници во возилото „Пежо“.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција.

Фото: Екс тенисерка која сега заработува на „OnlyFans“ во друштво на Ѓоковиќ

Најдобриот светски тенисер во друштво на сексапилна црнка.

Поранешната тенисерка, а денес инфлуенсер, Тамара Бојаниќ заработува огромни пари од фотографиите кои ги објавува на платформата за возрасни „OnlyFans“.

Провокативната Тамара сега се најде во центарот на вниманието на јавноста откако на социјалните мрежи објави фотографија со Новак Ѓоковиќ.

- Мојот сосед е подобар од твојот - изјави еднаш големата надеж на црногорскиот тенис.

Поранешната тенисерка и црногорска репрезентативка кариерата ја започна на 12 години, играше во Фед купот, а доби и тениска тренерска лиценца!

Сепак, беше јасно дека нема да живее од тенисот кога се повреди на 17 години.

Поранешната тенисерка и црногорска репрезентативка кариерата ја започна на 12 години, играше во Фед купот, а доби и тениска тренерска лиценца!

Но, потоа поради повреди ја заврши кариерата во белиот спорт и се вљуби во друга професија, многу поразлична од тенисерската.

Тамара реши да отвори профил на платформата за возрасни „ OnlyFans“ “, а не ни поима колку тоа ќе и го промени животот! Сега ужива во луксузот…


 
притисни ентер