Нејмар докажа дека нема непријатели во тимот

Нејмар потсети колку е моќен во дуелот помеѓу ПСЖ и Галатасарај (5-0).

Бразилецот постигна еден гол и забележа две асистенции, но неговиот потег за петтиот гол привлече најголемо внимание.

По изречената казна во корист на ПСЖ , Нејмар ја однесе топката на белата точка. Сепак, тој не го шутираше пеналот, туку му го препушти шутот на Единсон Кавани.

"На себичноста не и е место во фудбалот. На Единсон му беше потребен гол. На крајот, сите напаѓачи постигнаа по еден и сите си одиме дома среќни", изјави Нејмар и изненади многумина со таквата порака.

Ова е уште почудно ако се знае дека судирот меѓу Нејмар и Кавани започна пред две години токму поради пенал. Бразилецот сакаше да шутира пенал на натпреварот против Лион, но Кавани не му ја даде топката и тој го промаши ударот од белата точка. Подоцна, расправиите продолжија во соблекувалната и навивачите на ПСЖ јавно застанаа на страната на Кавани, кој е подолго во клубот.

Оваа сезона Кавани има проблеми со повреда и постигнал само два гола на 10 настапи пред натпреварот со Галатасарај.

Јакимовски: Зошто Гордана “Доналд Реган“ Силјановска ќути пред изјавите на Османи?

Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски денеска се обрати од Гевгелија. 

- Најостро реагирам на изјавите на господинот Бујар Османи, кој практично свој леб јаде, туѓо гајле бере и најостро реагирам на неговата жирафа политика. Жирафата млекото го дава кај комшијата, а јаде кај вас.

Тој цело време збори за Косово, за Косоварите, но никако да каже нешто за подобрување на животот на граѓанитена Република Македонија.

Ни кажува дека ако Косово некаде не учествувало на некој состанок, дека тој како претседател на држава ќе одбиел д аучествува, сега ни кажува дека мора да гласаме за влез на Косово во Советот на Европа. Овие негови ставови се еднонасочни, не водејќи сметка дека во оваа држава има и други граѓани, има и Македонци, Срби, власи, Турци итн. и не водејќи сметка дека ние имаме и друг сосед, тоа се вика Србија, голем сосед со којшто имаме добри односи и цело време настојува да ги влоши тие наши односи.

Јас јавно прашувам: Што треба Република Македонија повеќе да стори за Косово? Дали го дадовме нашето небо за да биде бомбардирана СР Југославија во 1999 одина? ДА! Дали дадовме база во Куманово, Петровец и во Катланово за да се стационираат НАТО-војници за евентуална интервенција врз СР Југославија? ДА!

Дали примивме 300.000 бегалци од Косово? ДА! Дали ја признавме Косово како суверена држава? ДА! Дали ја демаркиравме границата? ДА! Дали гласавме во сите институции кајшто требаше да влезе Косово? И Косово како ни врати 2001 година? И уште една работа, како ни враќа сега Албин Курти со мешање во внатрешната политика на Република Македонија?

Јас не се чудам толку на ставовите на господинот Бујар Османи, колку што се чудам на ставовите на претседателските кандидати „Доналд Реган„,Пендаровски, коишто ќутат како да се неми и за Пендаровски и Ковачевски не ме изненадува бидејќи нели ги обвинуваме дека они се му дале на ДУИ, ама колку што знам ВМРО-ДПМНЕ се сили дека тие се тие кога ќе дојдат на власт, дека ќе го скротат ДУИ, а гледате како ќутат. А зошто? Само гледаат како да седнат во владиното столче и потоа да се доберат до Буџетот на Република Македонија, а би направиле коалиција со црниот ѓавол.

Еве јавно ги прашувам уште еднаш и госпоѓата Силјановска, или Доналд Реган, како сакате и господинот Пендаровски, ќе кажат ли нешто за ставовите на господинот Бујар Османи? Ќе кажете ли нешто за тоа дека сме станале ко-спонзор за резолуцијата во ОН против Србија, односно дека во Сребреница е извршен геноцид.

Не можам да се изначудам што мајка бараме ние да се мешаме во овие работи? Таа си е работа српска, босанска, хрватска, како не ги најдоа Словенците да бидат ко-спонзори, или да ги најдеа Италијаните, или Романците или Бугарите? Како ве најдоа вас, вие да бидете ко-спонзори и практично директно да сакате да ги влошувате односите со Република Србија која е исклучително коректна со нас?

Србија поштено врати 1992 тоа што зема 1918 година, Србија ни ја призна автокефалноста на МПЦ, Србија не призна по уставно име, ја повлече војската на ЈУгославија без ниту еден испукан куршум направивме држава, цело време пријателски се однесува кон Република Македонија и во исто време се покажа како вистински пријател за време на короната и не е коректно вака да ги нарушуваме односите со еден за нас битен сосед со кој во исто време имаме големи трговски односи и земја која е апсолутно пријателска.

Јасно сакам да ставам до знаење дека сите не мислиме ккао господинот Бујар Османи, но во исто време сакам Бујар Османи да го прашам: Дали ќе каже нешто за масакарот во Газа? Дали тој како муслиман, ќе го отќути убивањето на муслиманските жени и деца во Газа? Јас во ниеден момент не го оправдувам терористичкиот напад на Хамас врз еврејсно население и земањето на заложници, меѓутоа ако хамас е воена организација зошто не се борат против Хамас и не ја неутрализираат и уништуваат Хамас? Зошто убиваат жени и деца и цивили по принципот на спржена земја, а господинот Бујар Османи ниту збор нема да каже за овој масакар што се случува во Израел врз цивилно население, а потполно е јасно дека секогаш тој води политика којашто не е наша, политика којашто е туѓа и којашто е спротивна на интересите на граѓаните на Република Македонија.

Јас сум секогаш за принципиелна политика, ако има злочин тоа е злочин, ако има геноцид тоа е ценоцид, секое дете, секоја солза е иста, сите солзи се бистри и сите мајки исто плачат на своите погинати чеда...

Какви се тоа политики кадешто се убиваат цели семејства, се убиваат сите синови, сите снаи, сите внуци? Како ние таму ќе постигнеме мир, а во исто време нашиот претендент за претседател, а министер за надворешни работи, гледаме како тие работи ги отќутува по принципот „како ќе ми кажат другите, така јас ќе кажам“. И на крајот, уште еднаш ќе повторам дека Резолуцијата во ОН за Сребреница не е наша работа, тоа е работа што треба да си ја решаваат некои други, а ние треба да водиме сметка за добрососедските односи со сите земји на Балканот, вклучително и со Косово, но во исто време и со Србија и да водиме сметка дека во оваа држава има и други граѓани коишто имаат респект кон спскиот народ, истакна Јакимовски.

Центар за комуникации на ГРОМ, коалиција „Храбро за Македонија“

Цртеж е продаден на аукција за 200.000 долари

Квадрат нацртан на пожолтена хартија од ренесансниот гениј Микеланџело е продаден за 201.600 долари, 33 пати повеќе од неговата проценка, објави вчера аукциската куќа Кристи.

Пронајден на задниот дел од рамка, малиот цртеж придружен со писмо од последниот директен потомок на Микеланџело, најпрвин бил проценет на помеѓу 6.000 и 8.000 долари.

Но, њујоршкиот Кристи соопшти дека парчето е продадено за „33,6 пати од најниската проценка“, без да открие детали за купувачот. Малиот цртеж покажува мермерен блок со зборот „simile“ на англиски јазик. Се верува дека е нацртан додека Микеланџело работел на познатиот таван на Систинската капела, изјави експерт од аукциската куќа Кристи за АФП во јануари.

Цртежот е придружен со писмо напишано од Козимо Буонароти во 1836 година, во кое тој му ја нуди работата на својот „славен предок Микеланџело“ на Сер Џон Боуринг, подоцна гувернер на Хонг Конг, чиј потпис се наоѓа на дното на хартијата.

Експертите од Кристи го пронајдоа писмото и дијаграмот прикачени на задната страна на друг цртеж кој со децении се наоѓаше во приватна колекција, соопшти аукциската куќа. Иако не е потпишан од Микеланџело, Кристи соопшти дека истражувањето потврдило дека малиот цртеж е дело на големиот италијански уметник.

Се смета дека помалку од 10 дела на Микеланџело се во приватна сопственост, велат од Кристи, а повеќето се во музејот Каса Буонароти во Фиренца.

АВМУ: ТВ Алфа со објава на злонамерни информации врши притисок врз АВМУ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро реагира на обидот на ТВ Алфа да изврши притисок врз регулаторното тело преку објава на злонамерна информација. 

Имено, во изданието на емисијата „Заспиј ако можеш“, премиерно емитувано вечерта на 16 април 2024 година, новинарот Горан Момировски, меѓудругото тврдеше дека Агенцијата:

се меша во уредувачката политика на ТВ Алфа; и дека

неформално ѝ се заканува на ТВ Алфа дека може да биде затворена доколку нема „некаква избалансираност којашто е многу субјективна“.

Од почетокот на изборната кампања за Претседателските избори, вработени во ТВ Алфа во повеќе наврати се обратија до Агенцијата за појаснување на одредбите од Изборниот законик. И покрај тоа што Законикот во однос на обврската за избалансирано известување години наназад не е изменет и ТВ Алфа медиумски го покриваше секој изборен циклус, Агенцијата, на секое барање од телевизијата секогаш навремено одговара со појаснување на законските одредби. Секако, секој радиодифузер треба да донесе независна уредничка одлука и тоа регулаторот го потенцира во секоја комуникација со медиумите.

ТВ Алфа се пожали во повеќе наврати дека СДСМ и претставниците во власта од оваа партија одбиваат да гостуваат во нејзините програми. Агенцијата ја потсетуваше телевизијата дека во Претседателските избори учествуваат 7 кандидати, а во Парламентарните – 17 партии/коалиции, и имајќи го ова предвид може да постигне баланс при покривањето на кампањата доколку за првите издвои еднакво информативно време, а за вторите известува пропорционално, според бројот на потврдените листи со кандидати. Впрочем, ТВ Алфа не е единствената телевизија којашто се жали дека е игнорирана од некои политички субјекти, а Агенцијата, вообичаено при извлекувањето оценки за балансот ќе има предвид доколку медиумот ги поканил политичките субјекти а тие одлучиле да не учествуваат.

Воедно, ТВ Алфа намерно ја доведува во заблуда јавноста дека критериумот – според кој на радиодифузер нема да му биде обновена дозволата за емитување доколку не известува избалансирано во текот на еден изборен процес, произлегува од Агенцијата. Оваа воопшто не е точно бидејќи тоа е критериум којшто е пропишан во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

За жал, ТВ Алфа избра да ги погази професионалните новинарски стандарди и да објави злонамерна информација којашто е една од најлошите форми на манипулација со информациите, бидејќи е создадена со јасна цел да наштети некому, во конкретниов случај – на Агенцијата, се наведува во соопштението на АВМУ.

притисни ентер