Османи: Владите на Македонија и Србија го усвоија Договорот за граничниот премин Лојане – Миратовце

 Владите на Македонија и на Србија го усвоија текстот на Договорот за отворање на заеднички граничен премин Лојане – Миратовац, објави на својот Фејсбук профил  вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Тој нагласи дека Владите ги задолжиле министрите за внатрешни работи на двете земји да ги потпишат договорите во рок од седум дена и да почнат постапка за ратификација во собранијата.

Османи во постот, кој го објави вчера прикачи и фотографија со Нацрт – записникот од 169 седница на Владата. 

Ким ја прослави Новата година со жената која ,,ја погубил” пред шест години

Тетката на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун  се појави во јавноста прва пат по шест години. Така беа елиминирани сите сомневања дека Ким Џонг-ун ја погубил.

Севернокорејските државни медиуми објавија дека Ким гледал претстава во театарот во Пјонгјанг за да ја одбележи лунарната Нова година. Фотографиите беа објавени и од театарот на кој се гледаше како Ким Џонг-ун седи со тетка му  и сопругата.

73-годишната Ким Кионг-хуи е единствената сестра на поранешниот водач на Северна Кореја Ким Џонг-ил, татко на сегашниот лидер во земјата. Исто така, се соопштува дека по смртта на нејзиниот брат, таа го насочила за Ким Џонг-ун кон да биде  следен водач.

По егзекуцијата на нејзиниот сопруг, Јанг Сонг-Таек, кој беше осуден за предавство, почнаа да се поставуваат прашања за нејзината судбина. Таа со години не се споменуваше во државните медиуми, па се сметаше дека е мртва или дека Ким Џонг Ун и неа ја погубил.

Овој настап на Ким Џонг Ун во јавноста може да значи дека севернокорејското раководство сега сака да го зајакне семејството, со тоа што државните медиуми го објавија „новиот пат“ на земјата во 2020 година. Во својот новогодишен говор Ким објави дека повеќе не е обврзан со своите ветувања до американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Блумберг.

Се зголемува бројот на екстремни десничари во германската армија

Бројот на припадници на германските вооружени сили кои се членови на радикалната десница е во пораст, а во тек е истрага против 550 војници во Бундесверот, пренесува Велт ам Сонтаг.

„Воената разузнавачка служба моментно испитува 550 војници под сомнение дека припаѓаат на екстремната десница“, рече директорот за воено разузнавање (МАД) Кристоф Грем во интервју за „Велт ам Сонтаг“.

Тој предупреди за нагло зголемување на откриените случаи на војници кои покажуваат екстремно десничарски поглед на светот.

„360 нови случаи беа пријавени само минатата година“, рече Грим.

Тој понатаму објасни дека во 2019 година биле пријавени осум членови на радикалната десница, а други 40 биле пронајдени „поради недостиг на верност кон германскиот уставен поредок“.

Грем објасни дека особено голем процент на војници со екстремно десничарски ставови  биле откриени меѓу припадниците на Специјалните сили (КСК).

„Процентот на војници со овој поглед на светот кај Специјалните сили е пет пати поголем отколку во остатокот од Бундесверот“, рече Грем.

Зголемувањето на откриените случаи на припадници на екстремната десница е поврзано со реформите во рамките на МАД. Оваа воена разузнавачка служба беше критикувана од парламентарните партии пред две години за недостаток на ефикасност во откривањето на екстремистичките сфаќања во Бундесверот.

„Син ви прегази дете“ - Дрски измамници прелажуваат граѓани и им бараат илјадници евра

Полицијата трага по дрските измамници, кои со лажни телефонски повици изминативе денови прелажале повеќе граѓани..  

„Вашиот син направи сообраќајка во која загина дете, потребни се неколку илјади евра за да ја средиме работата“ – вака редовно звучеле телефонските повици на измамници до потенцијалните жртви. Измамниците од нив барале парите да ги испратат веднаш, преку таксист на локација која што тие претходно ја одбрале, во спротивно им се велеле дека нивниот син или ќерка ќе лежи во затвор за стореното дело. Последниот ваков случај бил пред два дена, кога постара жена исплатила над 2.500 евра на измамникот, за потоа од својот син да дознае дека тој не направил никаков прекршок. Од МВР велат дека работат на расчистување на случаите и апелираат до граѓаните да внимаваат со кого разговараат.

Изминатиот период жртви на слични измами, покрај во Скопје, имаше и во Штип и Свети Николе, каде граѓаните на идентичен начин биле измамени за неколку илјадници евра. Според информациите, најголемиот дел од жртвите се лица во повозрасни години, кои пред да ги исплатат парите, не ги провериле информациите со нивните роднини.

притисни ентер