Фото: Ретро издание на Јелена Карлеуша!!!

Ново несекојдневно издание на провокативната пејачка Јелена Карлеуша.

Популарната Џеј Кеј сега ги изненади фановите на социјалните мрежи со ретро издание од 80-те, како што и самата напишала под фотографијата.

Скоро секој ден Карлеуша на социјалните мрежи се појавува во различни комбинации во кој во преден план се нејзините облини во секси фустани, комбинезони. Но, сега Јелена не е ниту во секси фустан, високи потпетици..., туку е во спортска варијанта со патики, кожна јакна, шорц и топ.

-Вибрации од осумдесеттите, напишала Јелена под фотките кои ги воодушевија нејзините фанови.

Карди Би имаше проблеми со градите на црвениот тепих во Лос Анџелес (ФОТО)

Карди Б, Џенет Џексон и Наоми Кембел ги украдоа сите погледи на традиционалната забава на Клив Дејвис во хотелот „Беверли Хилтон“ во Лос Анџелес пред доделувањето на Греми наградите.

Карди (27), која не крие дека хируршки ги зголемила градите, едвај успеа да ги задржи во тесниот фустан додека одеше по црвениот тепих, а во неколку наврати морала да ги задржи градите со рака за да не покаже премногу.

Таа дојде на забавата со сопругот Офсет, кој и’ помагаше во текот на вечерта, па и тој мораше да и ги држи градите.

Меѓу гостите се најде и раперот Диди, кој ги донесе своите пет деца, пејачките Бејб Реџа и Аврил Лавињ и рокерот Ози Озборн со неговата сопруга Шерон и ќерката Кели.

BMW подготвува триумфално враќање на серијата 6

Според најновите информации, BMW планира да ги вознемири производителите на суперспортски автомобили со новата серија 6.

Како што е добро познато, серијата 6 денес постои исклучиво како GT, додека купето исчезна уште во 2017 година. Минатата година беше некако заменета со Серијата 8, која отвори простор за нов спортист. И, исто како што и Toyota Z4 има што да му одговори на автомобил од калибар „Porsche 718“, Autocar вели дека новата 6 серија би можела да оди против најпопуларната, Porsche 911.

Ваквите гласини шират од 2016 година и сега се обновени од страна на британско списанието во разговори со шефот на дизајн на BMW. Адријан ван Хојдонк одговори на овој предлог: "Тоа е убава идеја. Можеби можеме да поработиме на тоа!" Значи, постои интерес за ваков автомобил, а прашањето е дали врвните компании сметаат дека таков автомобил има оправданост на пазарот.

Судејќи според искуството на Мерцедес со АМГ, дефинитивно го има. На крајот на краиштата, името на серијата 6 носи голема тежина и би било грев да исчезне.

Џенифер Лопез покажа како се подготвува за настап на најголемиот американски спортски настан (ВИДЕО)

Џенифер Лошез  (50) сподели видео на Инстаграм на кое покажа како се подготвува за Супербол, а обожавателите можат да ја видат актерката и пејачката како чека старт за да го започне нејзиниот настап.

Набргу потоа, скокнува од теренот и почнува да танцува.

„Стојам овде на почетната линија, на 25 јарди, чекам знак за старт за да почнам  “, напиша Џенифер со видеото.

Пејачката чекаше уште неколку секунди, на крајот седна на тревата за да почека да заблеска нејзиниот момент. Џенифер го објави насловот со фудбалски емотикон и порака: „Чекам знак да започнам... уште 10 дена до #SuperBowlLIV!

Џенифер ќе го сподели шоуто на полувремето на Суперболот со својата латино колешка, пејачката Шакира.

Двете латино диви ќе настапат заедно за прв пат во своите кариери, и затоа ветија спектакл. Кога Џенифер објави дека тие двете ќе настапат на Суперболот, таа рече дека е горда на организаторите што избрале две силни латино жени за нивното шоу, пренесува Mirror.

„Мислам дека организаторите навистина сакаа да испратат добра порака и јас сум многу среќна што сум дел од движењето што ги поддржува жените и ја истакнува различноста“, рече Џенифер.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Baby, it’s warm outside.❤️ #ChristmasInMiami #ChristmasEveSleigh 📸: @arod

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

Џеј Ло изминатите месеци доби неколку номинации за нејзината улога како Рамона Вега во филмот „Вол стрит“, па затоа може да се каже дека новата година почна одлично за популарната пејачка.

притисни ентер