Ангелов: Официјалниот став на Бугарија е Декларацијата на Парламентот

Официјалниот став на Бугарија е декларацијата на Парламентот, поофицијален став нема од тоа.

Тоа го изјави денеска бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов во одговор на новинарско прашање дали ставот на Бугарската академија на науките (БАН) со кој се негира македонскиот јазик е и официјален став на Софија.

БАН објави реакција на Повелбата за македонскиот јазик на МАНУ, во која вели дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик.

-На 3 декември 2019 година Собранието на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) усвои „Повелба за македонскиот јазик". Во неа се конструирани историски и јазични аргументи за заштита на официјалниот книжевен јазик во Република Македонија како посебен самостоен јазик со континуитет и генеалогија, кој во Скопје е наречен „македонски", реагираше БАН и посочи дека документот предизвикал „многу сериозни научни забелешки".

Македонија ќе реагира на ставот на БАН дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик. Властите во земјава најпрво детално ќе ја разгледаат објавата на БАН, потоа ќе следува реакција и преку Министерството за надворешни работи.

Декларацијата што ја усвои бугарскиот Парламент во октомври годинава, ја содржи поддршката за целосна интеграција на Македонија во ЕУ, но под услов земјава да исполни серија услови во однос на историјата и јазикот. /МИА

Се зголемува бројот на екстремни десничари во германската армија

Бројот на припадници на германските вооружени сили кои се членови на радикалната десница е во пораст, а во тек е истрага против 550 војници во Бундесверот, пренесува Велт ам Сонтаг.

„Воената разузнавачка служба моментно испитува 550 војници под сомнение дека припаѓаат на екстремната десница“, рече директорот за воено разузнавање (МАД) Кристоф Грем во интервју за „Велт ам Сонтаг“.

Тој предупреди за нагло зголемување на откриените случаи на војници кои покажуваат екстремно десничарски поглед на светот.

„360 нови случаи беа пријавени само минатата година“, рече Грим.

Тој понатаму објасни дека во 2019 година биле пријавени осум членови на радикалната десница, а други 40 биле пронајдени „поради недостиг на верност кон германскиот уставен поредок“.

Грем објасни дека особено голем процент на војници со екстремно десничарски ставови  биле откриени меѓу припадниците на Специјалните сили (КСК).

„Процентот на војници со овој поглед на светот кај Специјалните сили е пет пати поголем отколку во остатокот од Бундесверот“, рече Грем.

Зголемувањето на откриените случаи на припадници на екстремната десница е поврзано со реформите во рамките на МАД. Оваа воена разузнавачка служба беше критикувана од парламентарните партии пред две години за недостаток на ефикасност во откривањето на екстремистичките сфаќања во Бундесверот.

„Син ви прегази дете“ - Дрски измамници прелажуваат граѓани и им бараат илјадници евра

Полицијата трага по дрските измамници, кои со лажни телефонски повици изминативе денови прелажале повеќе граѓани..  

„Вашиот син направи сообраќајка во која загина дете, потребни се неколку илјади евра за да ја средиме работата“ – вака редовно звучеле телефонските повици на измамници до потенцијалните жртви. Измамниците од нив барале парите да ги испратат веднаш, преку таксист на локација која што тие претходно ја одбрале, во спротивно им се велеле дека нивниот син или ќерка ќе лежи во затвор за стореното дело. Последниот ваков случај бил пред два дена, кога постара жена исплатила над 2.500 евра на измамникот, за потоа од својот син да дознае дека тој не направил никаков прекршок. Од МВР велат дека работат на расчистување на случаите и апелираат до граѓаните да внимаваат со кого разговараат.

Изминатиот период жртви на слични измами, покрај во Скопје, имаше и во Штип и Свети Николе, каде граѓаните на идентичен начин биле измамени за неколку илјадници евра. Според информациите, најголемиот дел од жртвите се лица во повозрасни години, кои пред да ги исплатат парите, не ги провериле информациите со нивните роднини.

И Македонија презема мерки против корона - Ќе се скенираат патниците од Кина

По земјите во соседството, и Македонија ги зголемува мерките против мистериозниот корона вирус, кој добива глобални размери.

Од утре се активираат термалните камери на скопскиот аеродром, кои треба да детектираат евентуални носители на Корона вирусот, таргет се оние кои пристигаат во Скопје од Кина, односно патниците кои доаѓаат со летовите од Дубаи или Истанбул.

Од министерството за здравство велат дека се во чекор со препораките на СЗО и дека истите се применети во земјава.

Надлежните велат дека постои стандардизиран протокол за надзор над опасни заразни болести. Епидемиолошката служба во земјава е ставена во целосна приправност како и инфективната клиника, која со сите свои капацитети може да одговори на предизвикот. Оттаму велат дека нема простор за паника.

На ниво балканот се спроведуваат потребните мерки, и досега не е забележан ниту еден носител на Корона вирусот, додека пак во моментов во Европа има три случаи, кои се регистрирани во Франција.

Бројот на заразени од Корона вирусот забрзано расте и се искачи на две илјади, додека педесетина го загубија животот. Кинеските власти велат дека тој се пренесува респираторно и дека е заразен уште во фазата на инкубација, што го прави потежок за изолирање. Вакцини се уште нема, а надлежните препорачуваат да се внимава и да се почитуваат превентивните мерки.

До сега во Кина се изолирани неколку градови односно околу 56 милиони жители, а најмногу во областа Хубеи, каде што се наоѓа жариштето, градот Вухан, додека пак оние кои се заразени ќе бидат третирани во централен карантин, изјави претседателот Си Џинпинг. Вон континетална Азија, носители на вирусот се забележани во САД и Канада.

притисни ентер