69- годишен педофил од САД со години злоупотребувал девојче од нејзината 4 – годишна возраст

Педофил, кој со години сексуално злоставувал малечко девојче, се обидел да ги оправда своите постапки на судењето со зборовите  „ја сакав“.

Доналд Глин Капл (69) од Арканзас беше уапсен во 2018 година за силување на малолетничка и во средата беше осуден на доживотен затвор.

Девојчето, кое сега има 13 години, на судењето рече дека сè уште се обидува да разбере дека не е виновна за она што и се случило. Таа рече дека злоупотребата започнала кога имала само четири години. Таа го слушнала зборот „секс“ од другарка и го прашала Капл што значи.

Сфатила дека прави нелегални работи со неа кога имала 10 години, кон крајот на 2017 година и го замолила да престане. Но, Капл продолжи и таа потоа му се доверила на советникот во училиштето, кој веднаш стапил во контакт со релевантни служби, пренесува The Sun.

„Бев слаб. Правев работи што не требаше . Го знаев тоа. Дури и се обидов да и кажам дека не треба да го правиме тоа“, рече Капл за време на судењето, обидувајќи се да ги оправда своите постапки со „љубов кон неа“.

Доналд Глин Капл ја пронашол својата жртва нудејќи му на нејзиното семејство да живее во неговата куќа бесплатно, а потоа тој се грижел за девојчето и за нејзиниот брат.

САД ќе ја повлечат својата војска од Нигер

Повеќе од 1.000 американски војници ќе го напуштат Нигер во наредните месеци, објави Њујорк Тајмс.

Американски извори потврдиле дека веќе е постигнат договор за тоа меѓу заменик државниот секретар на САД Курт Кемпбел и раководството на Нигер, пренесува БТА.

Американската војска во Нигер е стационирана во две бази, вклучувајќи ја и базата за беспилотни летала позната како авиоабаза 201, изградена во близина на Агадез во централниот дел на Нигер.

Од 2018 година, базата се користи против милитантите од Исламската држава и Џамаат Нусрат ал-Ислам вал Муслимин, исламистичка организација поврзана со Ал Каеда, во регионот Сахел.

Армијата на Нигер ја презеде власта со државен удар минатата година. Пред пучот, Нигер беше клучен безбедносен партнер на САД и Франција. Но, новите власти во Нигер им се придружија на хунтите во соседните Мали и Буркина Фасо и ги прекинаа воените договори со своите некогашни западни сојузници како Вашингтон и Париз, напуштајќи го регионалниот политички и економски блок ECOWAS. Тие, исто така, започнаа поблиски врски со Русија.

Во наредните денови треба да се разговара за тоа како ќе се одвива повлекување на американските војници војници од Нигер. /МИА

Верстапен најбрз на спринтот за Големата награда на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во спринтот за Големата награда на Кина.

Второто место го зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 13.043 секунди.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше трет со 15.258, секунди послабо време од победникот.

Ова е осма победа на Верстапен во кариерата во спринт.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Кина ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

притисни ентер