Најнискиот човек на светот почина на само 27 години

Кхагендра Тхапа Магар, на многумина познат како најнискиот човек на светот, почина на само 27 годишна возраст.

67 центиметри високиот Кхагендра се борел со пневмонија и починал во болница во Непал.

Кхагендра е внесен во Гинисовата книга на рекорди како најнизок човек на светот способен да се движи во 2010.

Тој прв пат се појавил во Гинисовата книга на рекорди како најнискиот машки тинејџер, пред да се здобие со титулата за најнизок човек на светот кога наполнил 18 години.

Таткото на Кхагендра рекол дека кога тој се родил бил толку малечок што го собирало во дланка и било многу тешко да го бањаат затоа што е толку мал.

Креиг Глендеј од Гинисовата книга на рекорди изјавил: „Многи сме тажни откако ги чувме вестите од Непал дека Кхагендра повеќе не е меѓу нас“.

По влегувањето во Гинисовата книга на рекорди, Кхагендра станал туристички амбасадор за Непал, бидејќи се појавувал низ медиумите во целиот свет.

Неговиот брат рекол дека Кхагендра починал во Петок околу 15:00 часот по локално време.

Сега рекордот за најнизок жив човек ќе го преземе Колумбиецот Едвард Хернандез со 70 центиметри.

Општина Штип почна постапка за одземање на Б дозволата на фирмата САНС- АГ

 Општина Штип ја почна постапката за одземање на Б-интегрираната дозвола на фирмата САНС-АГ која во реонот на Пeнуш од автомобилски гуми произведуваше течно гориво.

Раководителот на Секторот за инспекциски работи во Општина Штип, Тоше Ѓоргиевски денеска информираше дека постапката ја почнале пред 30 дена, откако имале инспекциски надзори заедно со државен инспектор за животна средина и по добиениот допис од Министерството за животна средина, во кој се вели дека оваа штипска фирма неколкуратно ги прекршува условите пропишани во Б-интегрираната дозвола.

-Оваа постапка е почната пред 30 дена, но ќе напоменам дека постапката за одземање на дозволата е исто така долга, колку што е и за добивање на Б-интегрирана дозвола, вели Ѓоргиевски.

Тој очекува дека целата постапка за одземање на Б-интегрираната дозвола на фирмата САНС-АГ да трае од 90 до 120 дена. Инаку, Државниот инспекторат за животна средина и просторно планирање пред два дена ја објави и одлуката на Основниот суд во Штип, кое има изречено парична глоба за правниот субјект и за одговорното лице за затекнатите буриња со течно гориво во кругот на фабриката. Паричната глоба изнесува 1.750 евра, од кои 1.500 за правниот субјект и 250 евра во денарска противвредност за одговорното лице. САНС-АГ поголго време не работи, а е лоцирана во атарот на Пенуш.

Извлечени две тела на исчезнати работници по уривањето на мостот во Балтимор

Два дена по уривањето на мостот во пристаништето Балтимор, нуркачите извлекоа две тела од водата.

Полицијата во Мериленд соопшти дека станува збор за двајца мажи, на возраст од 26 и 35 години, од Гватемала и Мексико. Двајцата работници биле дел од градежната екипа од шест лица која во моментот на несреќата била на должност на мостот „Френсис Скот Ки“..

Останатите четворица работници се уште се водат за исчезнати, а 18 часа по несреќата беше објавено дека се претпоставува дека се мртви.. Уривањето на мостот, главната сообраќајница преку пристаништето, го затвори пристаништето Балтимор на неодредено време, кое е едно од најпрометните пристаништа на источниот брег на САД..

Наполи сака да го задржи во тимот Кварацхелија до 2029 година

Грузискиот репрезентативец во Наполи, Квича Кварацхелија може да потпише нов договор со тимот во блиска иднина.

Според „Football Italia“, новиот договор на фудбалерот со италијанскиот клуб ќе важи до летото 2029 година. Актуелниот договор завршува во јуни 2027 година.

Оваа сезона фудбалерот одигра 37 натпревари за тимот во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 голови и пет асистенции.

Трансфер вредноста на играчот се проценува на 80 милиони евра.

притисни ентер