Џејми Ли Кертис: „Медена земја" е зачудувачки филм

Познатата холивудска актерка Џејми Ли Кертис на своите профили на Инстаграм и на Твитер објави дека „Медена земја" е зачудувачки филм.

– Колку совршен момент за овој филм. „Медена земја" е зачудувачки. Алчност. Ненаситност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Истрајност. Воодушевена сум, објави Ли Кертис.

„Медена земја" годинава е номиниран за два оскари и тоа во категориите „најдобар документарен филм" и „најдобар странски филм".

Петте номинирани филмови за најдобар документарец покрај „Медена земја", се и „Американска фабрика", „Пештерата", „Доба на демократија" и „За Сама".

За најдобар странски филм, покрај покрај нашиот, номинирани се и „Корпус кристи" од Полска, „Клетници" од Франција, „Болка и слава" од Шпанија и „Паразит" од Јужна Кореја.

Церемонијата на 92-то доделување на оскарите ќе се одржи на 9 февруари во Лос Анџелес./МИА

Променливо облачно со повремен дожд, на планините и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено во северозападните делови каде ќе има услови за ретки грмежи. 

На планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Како што соопштија од УХМР, времето во наредните денови до почетокот на следната седмица ќе биде променливо облачно и посвежо, наместа со повремени врнежи од дожд. Во петок пообилни врнежи се очекуваат во јужните делови, а во недела на повеќе места. Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.

Сообраќајот по влажни коловози, одрон на патот Берово - Будинарци

На патниот правец Берово - Будинарци има одрони од камења каде се зафатени двете коловозни ленти од патот, при што сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

Гвардиола: Главната работа во фудбалот е да постигнеш гол

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ги искажа своите впечатоци по елиминацијата од Реал Мадрид (1:1, пен. - 3:4) во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

- Би сакал да победевме, но честитки за Реал Мадрид. Направивме сè што можевме, одигравме исклучително во сите аспекти. За жал, не успеавме да победиме. Во фудбалот, главната работа е да се постигне гол. Тие се снајдоа подобро од нас во пенал рулетот. Тие се во полуфинале, ние не. Сè беше одлучено од ситниците. Некогаш победуваш на пенали, понекогаш не, изјави Гвардиола за прес-службата на УЕФА.

Реал Мадрид во полуфиналето на елитното фудбалско натпреварување ќе игра против Баерн.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Борусија Дортмунд и Пари Сен-Жермен.

притисни ентер