Сузана Гавазова и Балкан Бенд во најнов заеднички проект

Доколку се вложат голем труд и енергија, тогаш и кај нас може да се понуди квалитетен музички производ, квалитет и во звук и во видео продукција. 

Во овој случај станува збор за проектот што по повод празниците го снимија Балкан Бенд и Сузана Гавазова, заедно со пријателите, а се емитуваше на Канал 5 телевизија.

Имено, тие неодамна заедно со саксофонистот Јане Рафаиловски, добро познатиот Џамбо Агушев (труба), Хилми Баки (виолина) и човекот кој што важи за крал на својот инструмент, светски познатиот Амза Таиров (клавијатура) поставија нови стандарди во работата на нашата естрада преку музичкото шоу кое слободно може да го сместиме во ретките, ако не и единственото вакво нешто кое во последниве години сме имале можност да го гледаме кај нас.

Во музичкото шоу насловено „Балкан Бенд, Сузана Гавазова, Јане Рафаиловски и пријателите“, опфатени беа песни од сите жанрови, за секој да може да ужива во она што сака да го слуша. Снимено е во продукција „Скендеровски“, а за звукот задолжен беше тимот од студиото „Анастасија“.

Во меѓувреме популарните Балкан Бенд и Сузана Гавазова, веќе најавуваат и нови слични проекти, но и заеднички соработки за песни, додека пак момците од Балкан Бенд своја песна и спот најавија во Март, а во Септември и мега промоција на албумот на кој внимателно се работи веќе подолго време. Гавазова пак, која во моментов е актуелна со хитот „Бум Бум“, наскоро ја очекуваме со нови изненадувања за својата публика.

Пендаровски: На 8 мај двојна победа за сите нас и за Македонија

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска беше меѓу жителите на општината Чучер-Сандево.

Заблагодарувајќи им се што одлучиле попладнето да го поминат со него, Пендаровски рече дека на 8 мај е загарантирана двојната победа.

„100% победуваме. На 8 мај ќе славиме за двојната победа за сите нас и за Македонија", истакна Пендаровски.

Говорејќи за досегашната работа на актуелната политичка гарнитура, Пендаровски го истакна членството во НАТО, како најголема организација која ја гарантира безбедноста и стабилноста на сите членки без исклучок. „Без пријатели, мала земја како нашата, тешко може да опстане“ потенцираше Пендаровски.

Тој ги повика граѓаните на Чучер-Сандево масовно да излезат на гласање на 24 април, да заокружат број 1 и да добијат гаранција за подобра иднина на нивните деца и на нивните внуци, соопштуваат од тимот на Пендаровски.

Салма Хаек со поќерката ги привлече сите погледи во Венеција (ФОТО)

Салма Хаек и нејзината 23-годишна поќерка Матилда Пино привлекоа внимание на гала вечерта во Венеција, каде се појавија во елегантно издание.

57-годишната актерка пристигна во долг син фустан со светки, додека Матилда носеше сребрен фустан. Со нив бил и Франсоа-Анри Пино, сопругот на Салма и татко на Матилда.

Актерката е во брак со бизнисменот Франсоа-Анри Пино од 2009 година. Салма ја има ќерката Валентина Палома со Пино. Бизнисменот од врската со Линда Евангелиста го има синот Аугустин Џејмс, а од првиот брак со Дороте Лепер ја има ќерката Матилда и синот Франсоа.

Од почетокот на врската со Пино, Салма развива добри односи со неговите деца. Таа неколку пати објавуваше заеднички фотографии.

Димитриеска Кочоска: Платформа 1198 значи повисок стандард, раст на БДП од 5% на среден рок

Состојбата е катастрофална во секоја сфера. Главниот проблем е тоа што државата не е функционална и тоа што граѓаните воопшто не можат да имаат никакво влијание и немаат влијание врз одлучувачките процеси.

Ако немаме економија, тогаш не можеме да очекуваме развој во ниту еден сегмент.

Не смееме да дозволиме и понатаму, државата да биде киднапирана од стотина луѓе од власта кој што носат одлуки само за нивни лични интереси и за нивно богатење.

И токму поради тоа, народот треба да стави стоп на ваквото однесување. Да излезе масовно и да гласа, затоа што се потребни промени, промени кои што ќе ја направат Македонија твоја.

Денес сум во Македонски Брод, кој што можам комплетно да кажам дека е целосно заборавен од централната власт и токму тоа треба да се промени.

Имав средби со граѓани, имав средби со стопанственици. Едногласно е секаде размислувањето и одлуките на луѓето дека промени мора да да има. При тоа, го искористивме периодот од денот да ги презентираме мерките и решенијата кој што ВМРО-ДПМНЕ ги има во својата Платформа 1198, кој што и всушност значат многу подобар живот за граѓаните, повисок животен стандард, раст на БДП од 5% на среден рок, повеќе пари за малите и средби бизниси, повисоки пензии.

Затоа, масовно треба да излеземе и да гласаме на 24 април и на 8 мај, со цел да има промени и за повторно Македонија да биде твоја, односно да биде наша, рече Гордана Димитриеска Кочоска, кандидат за пратеник во изборна единица 1.

притисни ентер