Создадени ГМО кокошки отпорни на вируси

Со помош на технологијата CRISPR се создадени кокошки отпорни на обичните вируси, со што може да се  подобри и зголеми производството на јајца и месо ширум светот.

Пилињата со модифицирани гени не покажале знаци на болест дури и кога биле изложени на високи дози на вирус на птичји леукоза (АЛВ), вирус што предизвикува проблеми кај многу одгледувачи на живина.

Кокошките заразени со овој вирус се разболуваат, губат телесната тежина, стануваат депресивни и често развиваат тумори. Вирусот се распаѓа во нивните клетки со врзување на протеинот наречен пилешки NHE-1 (chNHE-1).

Генетичарот Јиржи Хаинар од Чешката академија на науките и неговите колеги претходно покажаа дека отстранувањето на три букви од генот chNHE-1 што го сочинува овој протеин спречува инфекција со клетките на АЛВ. Но, оваа промена се случи во ограничен дел од клетките, не во целата кокошка.

Ниту еден вид кокошки природно ја нема оваа мутација, така што тие не биле во можност да ја репродуцираат оваа особина со размножување.

Затоа, во 2017 година, Хаинар разви напреден метод на генетска модификација, во кој користел изменети сексуални ќелии за да продолжи со производство на семе од стерилизирани петли. Притоа, тој подоцна успеа да создаде петли со сперматозоиди кај кои има прецизно бришење на букви во генот chNHE-1.

Хеинар исто така планира да го користи CRISPR за да ги направи кокошките отпорни на други вируси, како што е птичјиот грип. Доколку успее, тоа ќе влијае на здравјето на луѓето бидејќи вирусот на птичји грип може да се рашири кај луѓето и постои загриженост дека нејзиниот мутантен вид може да предизвика смртоносна глобална пандемија.

„Гответе со Дракче“ -​ Печен лосос

Во вторник (22.04.2024) во емисијата гостин ни беше Елена Велевска.

Состојки за денешниот рецепт:

2 парчиња лосос

2 лимона

брашно, бибер, сол

маслиново масло

за прилог:

рукола, шери домати, балсамико

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Артета по 5:0 над Челси: На моменти не бевме доволно дисциплинирани

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ја прокоментира победата на „топџиите“ со 5:0 против тимот на Челси во средбата од 29. коло на англиската Премиер лига.

Ова беше најголемиот успех во историјата на нивното ривалство, откако успеаја да го подобрат својот рекорд од 1930 година кога го победија истиот противник со 5:1.

-Многу сум среќен поради победата, бројот на шанси и постигнатите голови. Тоа што не примивме гол ја покажа и нашата постојаност оваа сезона. Во првото полувреме на моменти не бевме доволно дисциплинирани. Анализиравме на паузата и потоа имаше подобрувања и второто полувреме беше неверојатно, изјави Артета, цитиран од Би-Би-Си.

Благодарение на успехот, Арсенал излезе на првото место, три бода повеќе од второпласираниот Ливерпул и четири од третопласираниот Манчестер Сити. /МИА

Во Делчево изборниот процес почна навреме, гласањето се одвива во најдобар ред

Во Делчево навреме се отворени вкупно 36 избирачки места на кои денеска 14.490 граѓани регистирани во Избирачкиот список имаат право на глас за еден од седуммината кандидати за Претседател на државата. 

Според информациите од терен избирачките места биле отворени на време, а гласањето се одвива во најдобар ред.

- Се наоѓаме на избирачко место 582/1, ладе гласањето започна навреме, се се одвива во најдобар ред. Првите бројки околу излезноста ќе ги соопштиме по 9:00 часот, истакна Благица Петровска, член на избирачкото место.

-Се наоѓаме на избирачко место 580, навреме започна гласањето и процесот си тече нормално, изјави Емилија Трајановска, член на избирачкиот одбор.

Своето право на глас вчера во Делчево го остварија 147 болно и изнемоштено лице кои гласаа во домашни услови.

притисни ентер