Ози Озборн откри дека боледува од Паркинсонова болест

Британскиот рокер Ози Озборн ја шокираше јавноста со признанието дека боледува од Паркинсонова болест.

Тоа го откри во емотивното интервју за телевизијата „ABC“. Музичарот во интервјуто, во кое со него беше и неговата сопруга Шерон, рекол дека прима цела низа лекови за третирање на оваа болест.

Се тргна, рече тој, минатата година, кога паднал и по тоа морач на операција. Почнал да трепери од болки во нервите а докторите не можеле да установат дали е тоа од падот, операцијата или нешто трето.

-Беше ужасно тешко за нас. Морав да одам на операција на вратот а тоа ги наруши моите нерви. Открив дека имам Паркин 2, облик на Паркинсонова болест, рекол Ози и додал дека тоа не е смртна пресуда, туку дека има добри лоши денови.

-Освен тоа, ми отрна рамото, а нозете ми се ладни. Не знам дали е тоа заради Паркинсоновата болест или нешто друго, вели Озборн.

Ози и Шерон додале дека се исцрпени од лекарите во Америка и дека во април ќе отпатуваат во Швајцарија, во посебна клиника за Паркинсонова болест.

-Ќе паруваме каде што треба додека не најдеме одговори, порачала Шерон, а Ози додал дека се среќни затоа што можат да си приуштат.

Гласањето на болните и изнемоштените во десетте општини од Југоистокот почна без проблеми

Најмногу болни и изнемоштени се пријавени во Општина Струмица - 356.

Вкупно 1.547 болни и изнемоштени лица денеска гласаат во првиот круг од претседателските избори во десетте општини во Југоисточниот плански регион - Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село, Конче, Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово. Гласањето се одвива без проблеми и според општинските изборни комисии се очекува да заврши во попладневните часови.

Најмногу болни и изнемоштени се пријавени во Општина Струмица - 356, а заедно со нив гласат и затвореници од Затворот во Струмица. Утрово од 07:30 почна подигањето на избирачкиот материјал и процесот тече без проблеми.

Претседателите на изборните комисии од другите општини, исто така, информираат дека гласањето се одвива нормално и без пробеми.

Во Општина Ново Село се пријавени 299 болни и изнемоштени лица, Босилово-172, Гевгелија-175, Валандово-78, Василево-186, Радовиш-123, Конче-48, Дојран-44, Богданци-66 избирачи.

Во избирачкиот список во десетте општини вкупно се запишани вкупно 147167 граѓани со право на глас, кои ќе гласаат на 273 избирачки места.

ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека утре јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Националниот џез оркестар со програмата „Џез лектира" ќе гостува во Велес

По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата насловена „Џез лектира" вечер од 20 часот  ќе гостува во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес. 

Концертот ќе биде осврт на творештвото на Каунт Бејси биг бендот - Вилијам Џејмс (Каунт Бејси) познат како „Кралот на свингот" - американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор.

-Во 1935 година тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група речиси 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз, како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично, соопшти Националниот џез оркестар.

притисни ентер