Милиони автомобили на Хонда и Тојота се повлекуваат од употреба

Неколку милиони автомобили на Хонда и на Тојота мора да одат на сервис.

Двата најголеми производители на автомобили од Јапонија, Тојота и Хонда повлекуваат милиони автомобили заради откриените безбедносни пропусти, јави Си-Ен-Ен.

Тојота на 21 јануари објави дека ќе повлече 3,4 милиони возила, од кои 2,9 милиони се во Америка. Причината е можноста за дефект на безбедносната опрема. Меѓу моделите што треба да се повлечат се Корола, Корола Матрикс, Авалон и Авалон ХВ, кои се произведени меѓу 2010 и 2019 година.

Овие возила може да имаат неисправна електронска контролна единица (ЕЕК) што треба да помогне во заштита на патниците при судар. Овој уред треба да комуницира со сензорите во автомобилот и да помогне при активирање на воздушните перничиња и затегнувачите на безбедносните ремени.

Тојота соопшти дека утврдиле дека изложеноста на ECU на одредени звуци може да предизвика грешки во комуникацијата со периферните сензори, што на крајот може да доведе до нецелосно користење на воздушното перниче и безбедносниот ремен или, во најлош случај, целосен прекин.

Компанијата планира да ги извести сите кои можат да бидат изложени на ризик најдоцна до средината на март. Од возачите ќе биде побарано да ги однесат своите автомобили во овластен сервисен центар каде ќе им биде понудена нова звучна изолација. Овде потенцираме дека предметниот модул не е производ на Таката, туку на TRW. NHTSA објави дека припишува осум смртни случаи на овој дефект во врска со претходното повлекување на милиони возила на Фиат ,Крајслер, Хјундаи и Киа, пренесува Ројтерс.

Во посебна изјава истиот ден, Хонда објави дека ќе повлече 2,7 милиони автомобили - 2,4 милиони од Америка и 300.000 од Канада. Производителот на автомобили изјави дека некои модели Acure произведени меѓу 1996 и 2003 година може да имаат неисправни компоненти на воздушното перниче од производителот Takata.

Хонда исто така ги повикува сопствениците на автомобили да се пријават на преглед, иако постои добра шанса дека нивните услуги можеби нема да бидат од голема помош. Поради недостаток на алтернативни резервни делови, Хонда вели дека нема да можат да започнат со поправки барем уште една година.

Најавата на Хонда е уште една главоболка за Таката, јапонски производител на воздушни перничиња, бидејќи проблемот е поврзан со скандалот за безбедност на Таката во 2015 година, кога беше откриено дека воздушните перничиња може да експлодираат или да ги повредат патниците поради грешка. Овој проблем беше причина јапонскиот производител на воздушни перничиња да банкротира, бидејќи беа компромитирани десетици милиони автомобили - дури 34 марки на автомобили, од Ферари до Форд. Оваа грешка доведе до фатални последици и е поврзана со најмалку 29 смртни случаи, но исто така и стотици повредени ширум светот.

„Фокс њуз“: Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Од „Фокс њуз“ во септември објавија дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.

Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина, но таа сума може да се смета за многу поголема поради трошоците за замена на оружјето и муницијата испратени во Киев, процени Пентагон, дознава американскиот телевизиски канал „Фокс њуз“.

Од „Фокс њуз“ во септември објавија дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.

Според документите од Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа испратени до сенаторот Џ. Д. Венс од американската сојузна држава Охајо, и до која Фокс њуз имаше пристап, САД потрошиле најмалку дополнителни 13 милијарди долари од септември за војната во Украина.

Директорката на Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, Шаланда Јанг, во писмо до Венс наведува дека американскиот Конгрес обезбедил 111 милијарди долари дополнителни средства како одговор на војната во Украина, вклучувајќи безбедносна, економска и хуманитарна помош.

Јанг истакна дека вкупните средства вклучуваат и средства „кои не отишле директно во Украина“, туку се користат за поддршка на таа земја, поради што понекогаш се појавуваат различни бројки за американската помош за Киев. /МИА

Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва

Почина уште едно повредено лице кое беше во критична состојба по нападот пред една недела во Москва, изјави рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.

Така, бројот на загинатите во терористичкиот напад што се случи на 22 март во концертната сала „Крокус сити хол“ се зголеми на 141, а уште неколку повредени се во тешка здравствена состојба.

Министерот рече дека починатиот пациент имал сериозни прострелни рани, јавија руските медиуми.

Појавата на сплескана глава кај бебето може да се спречи со неколку прости чекори

Синдромот на сплескана глава или плагиокефалија се однесува на деформациите на главата на бебето што настануваат пред или по раѓањето поради надворешни влијанија врз неговата мека черепна структура. 

Тоа може да се спречи со неколку едноставни чекори.

Како прво, новороденчето не треба да спие на една страна цела ноќ. На секои два - три часа родителот треба да му ја менува положбата на бебето кое спие. Така притисокот не е само на една страна на главата.

И кога мајката го дои малечкото, или го храни со шише, исто така треба да се менува раката и страната на држење. Така се поттикнува бебето само да ја врти главата.

Бебињата треба да спијат на грб. Но, стручњаците препорачуваат - додека новороденчето е будно, да биде барем кусо време легнато на стомак.

Важно е, пред сѐ, да се напомене дека многу бебиња го надминуваат овој проблем кога ќе почнат да лазат или да седат. Истражување спроведено во Америка покажа дека речиси половина од бебињата на возраст меѓу седум и 12 недели имаат плагиокефалија, а 78 отсто од нив имаат благ облик од оваа деформација.

Ако сè уште сте загрижени, порталот „Кликс“ препорачува консултации се педијатар. Бебињата на кои им е дијагностицирана посериозен облик на плагиокефалија добиваат посебна капа за тоа. /МИА

притисни ентер