Таа користела производи од сопствената, но и од козметичка линија на нејзината сестра.
Обидувајќи се да го претстави трикот на сјајна и долготрајна сенка за очи со прскање на спреј за шминка на четката, таа го испрска шишето со спреј.
Ким не беше среќна што мораше да почека за да продолжи процесот и на шега го нарече производот „ефтино ѓубре“, додека Кајли се бореше со шишето. На крајот, таа покажа дека шишето со спреј сè уште правилно работи , иако беа потребни неколку неуспешни обиди.
Тоа не беше единствениот гаф во видеото, кога Џенер случајно и ја скинала трепката на нејзината сестра кога аплицирала сенка за очи. Иако на почетокот на видеото потенцираше дека не е уметник за шминкање, Кајли го изгради своето богатство на козметичката линија, и тоа особено на кармините.
За време на видеото, Ким откри дека нејзина симпатија бил Џони Деп, дека шегата на Џеј Лено ја инспирираја да ја именува својата првородена ќерка Норт, и дека таа поседува два фрижидери: едниот само за пијалоци , а другиот за храна.