Технологиите што ќе ја одбележат 2020.

Во последните десет години научивме дека технологијата управува со нашите животи , а тоа нема да се промени ниту во наредната.

Во последниве години, Амазон, Епл и Гугл активно водеа битка за да станат задолжителни во нашите домови.

Нивните виртуелни асистенти Алекса, Асистент на Гугл и Сири презедоа контрола над сè, од паметните звучници паметни светилки и правосмукалки.

Но, минатиот декември имаше примирје меѓу најголемите конкуренти во оваа трка и беше донесена одлука дека во иднина ќе работат на правење паметни производи во домовите што е можно покомпатибилни едни со други. Едноставно кажано, ако купите паметна сијалица, таа ќе работи совршено со сите три оперативни системи, намалувајќи ги компликациите што се поврзани со поврзувањето на одделни уреди. Ќе дојде време кога нашите домови ќе станат целосно и вистински паметни.

Во текот на 2019 година, 5G стана распространет низ светот, а индустријата полека почна да се префрла на технологија која овозможува супер брз трансфер на податоци, со која може да се преземе цел филм за само секунди. Сепак, брзиот интернет што го очекувавме не пристигна доволно брзо.

Тоа ќе се промени во 2020 година. Ова првенствено се должи на поддршката од 5G што ќе биде достапна на поголем број уреди. Samsung веќе започна со поддршка, а Apple се очекува да го лансира својот прв компатибилен 5G уред во 2020 година.

Се разбира, она што е исклучително важно е намалувањето на латентноста или времето што е потребно за уредите да комуницираат едни со други. Ова ќе биде од големо значење за уредите од следната генерација како роботи, автономни возила и беспилотни летала.

На пример, ако вашиот автомобил и друг автомобил имаат поддршка од 5G, тие можат да комуницираат едни со други, сигнализирајќи сопирање или стартување, што во моментов е една од најголемите пречки за правење целосно автономни автомобили.

„Епл“ одамна е доминантна сила на пазарот што се носи со технологијата, но тоа полека се менува и води кон поголема креативност и иновација.

Apple Watch го надмина само употребувањето како додаток на телефонот и фокусот се префрли на следење на здравјето на корисниците, при што нивните AirPods лансираат нов бран на Bluetooth слушалки.

Сега Xiaomi, Samsung и Huawei се во игра, со тоа што Google неодамна го презеде Fitbit, што значи дека тие исто така се натпреваруваат со Apple.

Информациите во индустријата оваа година би можеле да се поделат во две насоки: слушалки кои го следат здравјето на корисниците и слушалките кои служат како поевтина, но не и полоша, верзија на слушен апарат.

„Идејата за подобрување на слухот и како другите нè слушаат е навистина интересна“, вели аналитичарот на Форестер, Френк Гилет.

Стримингот несомнено ќе биде еден од лајтмотивите на 2020 година, и ова стана кристално јасно уште во минатата година.

Нетфликс беше најгледаната видео услуга во САД во 2019 година, при што луѓето трошат во просек 23 минути на ден за нивната содржина. Поточно, четвртина од времето што го трошиме на дигитални уреди беше потрошено на гледање на дигитални видео содржини, што вклучува време поминато на апликации и веб-прелистувачи.

Но, популарноста на Netflix значително ќе се намали како резултат на конкуренцијата од Дизни Плус, HBO Max и Apple TV Plus.

Додавајќи го сето тоа и сето она што се случува со стримингот на видео игри, можеме да зборуваме за вистинска револуција во стримингот.

Олимпискиот оган го продолжува патувањето до Париз

Од Акропол, преку Атина кон централна Грција – олимпискиот оган го продолжува патувањето до Париз.

Од Санторини на Акропол, од Акропол низ атинските улици, преку Министерството за одбрана, Грчкиот олимписки комитет и Олимпискиот стадион - олимпискиот оган откако во вторникот беше запален во античка Олимпија го продолжува штафетното патување низ Грција, за во петок и официјално да им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“, јави дописничката на МИА од Атина.

Доцна синоќа, огнот од островот Санторини со траект пристигна на атинското пристаниште, а оттаму беше пренесен на Акропол, каде што остана во текот на ноќта.

Утрово, кусо по 7.30 часот на петтиот ден од штафетното пренесување, олимпискиот оган од Акропол, со повеќе попатни станици низ Атина се упати кон античкиот град Делфи, а оттаму и кон Волос и Ламиа.

Лошите временски услови и дождот што речиси континуирано врнеше на целата рута низ Атина, не претставуваше проблем за учесниците во штафетното предавање, а на Акропол беа поздравени и од туристите кои случајно се најдоа таму.

- Каква коинциденција! Ние дојдовме за да го видиме Акропол и воопшто не знаевме дека има вакво нешто. Убаво искуство во секој случај да се види и Олимпискиот пламен, рекоа во разговор со дописничката на МИА од Атина три девојки од САД кои чекаа да дојде осум часот за да се отвори Акропол, но имаа можност одблиску да го видат и огнот за ЛОИ.

Со сличен став беа и други туристи од различни земји од светот, кои не го криеја нивното позитивно изненадување и задоволство.

Олимпискиот оган, продолжи до Музејот на Акропол, оттаму низ атинските улици, помина пред античкиот олимписки стадион Панатенаик и со повеќе попатни станици стигна до Министерството за одбрана на Грција каде што се одржа и мала манифестација.

Денешното патување низ Атина, огнот го продолжи до Грчкиот олимписки комитет, Олимпискиот музеј, Олимпискиот стадион и се упати кон античкиот град Делфи, Ламиа и Волос каде што ќе ја помине ноќта.

Во текот на утрешниот ден ќе пристигне во Солун за да ја помине цела северна Грција и западна Грција, за во петок повторно да се врати во Атина.

Олимпискиот оган за 11 дена, ќе помине 5.202 километри и 563 наутички милји, а во петок, на 26 април во Атина на свечена манифестација отворена за јавноста на стадионот Панатенаик ќе биде предаден на Организацискиот одбор на Олимписките игри во Париз.

Манифестациите во Грција, како палењето, така и штафетното пренесување низ земјата и предавањето на организаторите во Атина, по пауза од четири години ќе се одржат регуларно, со оглед на тоа дека во октомври 2021 година и март 2020 година поради пандемијата сите свечености беа без публика, а олимпискиот оган за Зимските олимписки игри „Пекинг 2022“ и Летните Олимписки игри „Токио 2020“ од Атина замина без штафетното да патува низ Грција, туку директно им беше пренесен на домаќините.

Летните Олимписки игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август. /МИА

Вуќиќ: Тоа ни е фала за се што направивме за Скопје

Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати.

„Тоа е благодарност за сето она што го направивме за Скопје“,изјавил српскиот претседател александар Вучиќ коментирајќи го коспонзорството на Македонија за резолуцијата за геноцидот во Сребреница во ОН, како лична одлука на шефот на дипломатијата Османи.

Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати. Ја најдоа и Руанда, ги најдоа и Нов Зеланд и Чиле. Пронајдоа и неколку земји кои отсекогаш биле спонзори на вакви проекти, како Малезија и Јордан. Кон нив им се придодава и Македонија, така што таму нема голема филозофија. Им благодарам за тоа, претпоставувам дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје. Ја видов и Австрија тука, ништо чудно со оглед на сето она што Шаленберг го прави против нашата земја, изјавил Вучиќ во гостувањето во дневникот на ТВ Пинк.

Тој додал дека нешто што е во надлежност на Советот за безбедност е преместено во генералното собрание на ОН.

-Знаеја дека русите и кинезите ќе стават вето и затоа сега одат на генералното собрание на ОН, бидејќи очекуваат сигурно мнозинство и сакаат да им зададат удар на Србите и Србија.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

притисни ентер