Орландо Блум го глуми Хари: Доаѓа цртаниот филм , што нема да му се допадне на британското кралско семејство

Човекот, кој го создаде Family Guy, сега прави анимирана серија за британското кралско семејство, пренесува BBC.

Инспириран од популарниот профил на Инстаграм на креаторот на Family Man, серијата ,,Принц’ ќе ја раскаже приказната за Виндзор како што ја гледа шестгодишниот принц Џорџ.

Во приказната за најпознатото семејство во Велика Британија, гласот на принцот Хари ќе се позајми холивудскиот актер Орландо Блум.

Кралското семејство беше актуелно претходните денови поради приказната за иднината на принцот Хари и Меган Маркл, откако парот реши да ги напушти кралските обврски и да започне нов живот во Канада.

ХБО Макс објави на Твитер: „Принцот го следи анимираниот принц Џорџ кој го истура „ британскиот кралски чај “.

Познат како креатор на Family Man, писателот Гери Џанети исто така ги продуцираше ситкомите Вил и Грејс.

Тој сега ќе биде и извршен продуцент на серијата ,,Принц”.

Гери, алудирајќи на „Game of Thrones“, рече дека е задоволен што работи со овој медиум со „уште една серија за семејството што невнимателно се бори за тронот“.

Сатиричниот профил на Инстаграм на Гери има скоро 900.000 следбеници и многу објавувања поврзани со принцот Џорџ.

Измислениот Џорџ често ја „боцка“ со коментарите неговата сестра Шарлот, братот Луис, чичкото Хари и тетката Меган, нивниот син Арчи и другите членови на семејството.

Други луѓе што се споменуваат како потенцијални соработници во оваа серија се: американската актерка Кондола Рашад која ќе и го позајми глас на Меган Маркл, Луси Панч како Кејт Мидлтон, Том Холандер му го позајмува глас на принцот Филип и принцот Чарлс, Франсис Де Ла Тур како кралицата Елизабета II и Иван Раон кој ќе му позајми глас на принцот Вилијам.

Вучиќ: Со кампањата во Македонија, Курти ја поткопува регионалната стабилност

Предизборната кампања во Македонија најде место и на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, каде синоќа се расправаше за извештајот за работата на УМНИК на Косово.

Српскиот претседател Вучиќ во своето обраќање рече дека косовскиот премиер Курти се мешал во внатрешните работи на Македонија и дека бил вклучен во предизборната кампања во земјава. Косовската претсеателка Вјоса Османи, пак, обвини дека Белград со терористички тактики го поткопувал уставниот поредок во Косово.

Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци

 Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, соопшти денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (СЕКО).

Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.

Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е помала отколку на крајот на 2022 година, кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци.

„Вредноста на финансиските средства замрзнати во врска со санкциите против Русија изнесуваше 5,8 милијарди швајцарски франци на 31 декември 2023 година. Ова е за 1,7 милијарди швајцарски франци помалку од бројката пријавена за декември 2022 година. Покрај тоа, сега се блокирани 17 имоти во 7 кантони“ се вели во соопштението на СЕКО. /МИА

Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела

Хрватскиот министер за одбрана, Иван Анушиќ, денеска соопшти дека неделава во Хрватска ќе пристигнат првите шест од вкупно 12-те купени борбени авиони „Рафал“.

„Со историски прелет од Бордо до Загреб, пилотите на хрватското воено воздухопловство, кои беа обучени Франција, в четврток ќе ги донесат моќните ловци и нови заштитници на хрватскиот воздушен простор“, напиша Анушиќ на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека модернизацијата на воздушната флота е најголемата инвестиција на Владата и Министерството за одбрана во безбедноста на државата.

Во 2021 година Хрватска потпиша договор со Франција за купување на 12 половни француски борбени авиони „Рафал“ во вредност од 999 милиони евра.

Првиот авион беше преземен во октомври минатата година во француската воена база во Мон де Марсан.

Во Франција на обука беа испратени околу 90 членови на техничкиот и летечкиот персонал. /МИА

притисни ентер