Кинезите градат уште една болница поради коронавирусот

Во кинескиот град Вухан, кој е во карантин поради појавата на коронавирус, ќе изгради втора наменска  болница за лекување на пациенти од оваа инфекција.

Информациите ги објави весникот Чајна Дејли.

Изградбата на болницата со 1.300 кревети се очекува да заврши за половина месец, пренесува „Ројтерс“.

Вчера започна изградбата на првата наменска болница, која треба да биде готова до 3 февруари.

Досега 41 лице почина од вирусот, а повеќе од 1.300 се заразени.

Успешна мисија на кинески сателити- направија неверојатни снимки од Земјата и Месечината (ФОТО)

Лунарните кинески сателити - Кеџиао-2, Тијанду-1 и Тијанду-2 - започнаа со комуникациски и навигациски тестови за идните мисии.

Тие на командата ѝ испратија и исклучително интересна фотографија од Месечината со Земјата во позадина, пишува LiveScience.

Сите три сателити беа лансирани со ракета-носач Long March 8 на 19 март, а влегоа во орбитата на Месечината на 12 април.

- Националната вселенска администрација објави дека сателитите кои орбитираат околу Месечината, изградени од Кинеската академија за воздушна наука и технологија ги завршија комуникациските тестови на орбитата. По проценката, сателитите функционираат нормално и извршуваат задачи на мисијата. Тие можат да овозможат комуникации за четвртата фаза од проектот за истражување на Месечината. Мисијата е полн погодок – изјавија од кинеската вселенска агенција CNSA.

Во последните 20 години, Кина посвети многу внимание на лунарната програма, па во 2007 година стана третата земја што слета вселенско летало на Месечината (по САД и СССР) и прва што го сторила тоа во 21ви век. (Минатата година тоа беше направено од Индија, а оваа година од Јапонија.) CNSA планира да испрати уште неколку сонди на површината на Месечината, а потоа да испрати човек до сателитот на Земјата во текот на следната деценија.

Петмина мигранти, меѓу кои и дете, се удавија при обид да го преминат Ламанш

Најмалку пет мигранти загинаа, меѓу кои и едно дете, додека се обиделе да го преминат Ла Манш и да стигнат до Англија во близина на брегот на Вимеру.

Несреќата се случила утрово околу 5 часот и 30 минути, изјавил градоначалникот на Вимеру, пренесува БФМ ТВ.

Според градоначалникот, спасени се 48 лица, спасувачите се уште трагаат по чамецот, а плажата Вимеру е затворена.

Локалните власти соопштија дека во бродот имало 110 луѓе.

Претходно, во ноќта меѓу 13 и 14 јануари пет лица загинаа на брегот на Вимеру додека се обидуваа да заминат за Британија.

Околу 36.000 мигранти се обиделе да стигнат до Англија преку Ла Манш минатата година.

Прва објава на Кејт Мидлтон, откако откри дека има рак- има посебен повод (ФОТО)

Инстаграм профилот на Кенсингтонската палата објави фотографија од најмладиот син на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, принцот Луис, по повод неговиот 6-ти роденден.

Фотографијата ја направила неговата мајка.

На фотографијата е насмеаниот принц Луис, кој денес полни 6 години.

„Среќен 6-ти роденден, принц Луис. Ви благодариме на сите за убавите желби“, пишува на фотографијата.

Ова е прво јавно појавување на војвотката од Велс по долго време откако таа се повлече од јавниот живот откако објави дека боледува од рак. Фотографијата на младиот принц ја направила Кејт, која досега многупати фотографирала детски портрети.

Според Sky news, фотографијата е направена во последните неколку дена во Виндзор и се верува дека е немонтирана.

Медиумите пишуваат дека Вилијам и Кејт ја објавиле фотографијата за да им се заблагодарат на сите што им испратиле честитки, а во исто време ја штитат нивната приватност.

Изминатите неколку месеци беа предизвик за семејството откако Кејт објави дека боледува од рак.

Иако се зборуваше дека таа најверојатно ќе се врати на кралските обврски по Велигден, тоа се уште не се случило.

притисни ентер