Цветан Трипуновски во посета на земјоделците од Ерџелија

Дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска се зсретна со земјоделците од село Ерџелија, се наведува во соопштението од неговиот кабинет.

,,Денеска сум во Свети Николскиот регион поточно во населено место Ерџелија најголем број на дискусии она штосамите земјоделци го потенцираат апропо мојата вчерашна изјава за онаа нерегуларност која то сака да ја направ Трајан Димковски и СДСМ во овој предизборен период е тоа да ги поткупи земјоделците со нивните пари. Јас вчера на прес конференција обелоденив дека министерството во овој предизборен период со парите на граѓаните сака да ги изманипулира и да гопотценинивниот труд и индивидуа, односно оние 60 милион евра кои што сака да ги пуштиво овој предизборен период практично сака да гиомаловажи овие земјоделци. Денеска во разговорите повторно наоѓам на ситуација дека и овдека во Ерџелија има не исплатени субвенции она што Трајан Димковски го говореше на една од дебатите дека се е исплатено гледаме дека и воЕрџелија таа слика не е вистина. Односно и тука има не исплатени субвенции кои што земјоделците си ги чекаат. Во разговорот исто така потенцираа и за проблемите со наводнувањето во 2019 година иако им било ветувано дека ќе бидат ослободени од надомест со вода ми кажуваат дека минатиот месец декември 2019 година веќе им се пуштени фактури дури иако во овој дел на Свети Николе речеси да немаше ниту една капка наводнување, односно површините и приносите беа десеткувани заради тоа што останаа без вода. денеска ќе останам речиси цел ден вооколината на Свети Николе ќе посетам уште неколку населени места се со цел да ја доловам правата слика која што за жал СДСМ и Трајан Димковски ја гледаат од една поинаква призма.

Прашање: Излезно решение?

Видете до 12 април е многу битно да имаме една фер и демократска процедура односно да нема вакви манипулации врз земјоделците колку што се обидуваат СДСМ воовој периодона што значи правилно вреднување на трудот на македонскиот земјоделец ќе дојде после 12 Април кога ВМРО-ДПМНЕ со сигурност ќе ја формира новата влада.

Саздевски Крсто на што се пожаливте на техничкиот замени министер за земјоделство?

Одговор: За субвенциите за 2018 година ги немам добиено воопшто ме водат, ме тераат како должник да сум а јас го имам подмирено во март месец долгот а сеуште ги немам добиено субвенциите за 2018 година а за 2019 да не зборуваме.

прашање: Со што се занимавате што одгледувате?

-Се занимавам со производство на пченица пченка јачмен .

Која е сумата штови ја должат?

некаде околу 20 000 илјади ми се субвенциите.

Реагиравте? - Да Каде? - во министерството за земјоделие во Свети Николе.

Што велат од таму? Должен сум викаат. Колку должиш? - ништо немам долг. се јави тојкај некоа Лилјана во Скопје и рече дека немам долг, таа рече дека немам долг а овие ми рекоа дека имам долг. И плус за зелена нафта немам добиено затоа што ме водат уште како должник. Што понатаму? - Понатаму не знам што да правам. за воадата наводнување имам некаде околу 15 декари а тие ми пишуваат дека имам некаде околу 20 декари . Жалба поднесов исто и тоа уште не ми е доставено дали е во позитивна или негативна, не се испаднати на терен да колку е квадратурта земјата стои тука на лице место не е поместена некаде па да...

Кој е минусот од оваа цела работа за вас лично која е загубата?

-Во загуба сум јас не можам ѓубре да си купам од тие субвенции, за што ги даваттие субвенции тогаш, нафтата исто плус тоа не иде нафта на едне декар 1 литро нафта, 10 литра нафта на хектар каде го има тоа. нека дојде нака изора со 10 литра јас ќе му го дадат тракторот нека изора со 10 литра нафта да видиме дали може да изора со 10 литра нафта

Млад странски работник е убиен во Хрватска, најверојатно Украинец

Во центарот на Славонски Брод попладнево било пронајдено машко тело.

Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот, објави Индекс.

Danas.hr дознава дека се работи за млад градежен работник од Украина. Тие наведуваат и дека конфликтот се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).

За потсетување, полицијата соопшти дека околу 15:17 часот во куќата било пронајдено тело на маж и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.

Драма на аеродромот во Њујорк- пет авиони ќе се судареа поради грешка на контролорите(ВИДЕО)

Авион на Swiss Air за малку ќе се судрел со четири други авиони на аеродромот Џон Кенеди во Њујорк, откако грешка во комуникацијата предизвикала авионите да слетаат на пистата во исто време.

Инцидентот се случи минатата недела, а сега го истражува Федералната управа за авијација, откако пилотот за среќа видел што се случува и го прекинал полетувањето, објави Њујорк Пост.

Во меѓувреме се огласил и менаџментот на компанијата.

„Поради високата свесност и брзата реакција на нашата екипа, избегната е потенцијално опасна ситуација“, се наведува во соопштението.

Роберт Самвалт, извршен директор на Боинг центарот за воздухопловство и воздушна безбедност на Универзитетот Ембри-Ридл за воздухопловни сили, изјави за CBS дека имало ситуација кога двајца контролори на летање не комуницирале што прави секој од нив.

„Тоа е целосно неприфатлива ситуација“, рече тој.

Џон Ненс, експерт за воздухопловство и соработник на ABC News, објасни дека „преместувањето на четири авиони преку активна писта е многу стресна задача, особено ако нема комуникација меѓу двајца контролори“, рече тој.

Љубопитен ракун се провлекол во електрана и оставил 16.000 домови без струја

Љубопитен и немирен ракун неодамна предизвика прекин на електричната енергија што остави околу 16.000 луѓе без струја.

Клиентите во Оук Крик и Јужен Милвоки останаа без струја во саботата на 20 април околу 21 часот. Компанијата We Energies објави дека тимовите за одговор при итни случаи успеале да го решат проблемот и да ја вратат електричната енергија на околу 8.000 корисници до 22 часот, пренесува Mirror.

Во соопштението на компанијата се наведува дека се вршат работи кои треба да овозможат што поскоро снабдување со електрична енергија на преостанатите погодени потрошувачи.

Љубопитниот ракун наводно ползел меѓу опремата на трафостаницата, но не се знае дали преживеал.

Инцидентите со животни како овој предизвикуваат околу 10 проценти од сите прекини на електрична енергија што ги доживува „We Energies“ секоја година. Среќата е што повеќето штети предизвикани од животните може да се санираат прилично брзо.

Сличен инцидент се случил во февруари во Торонто, Канада, каде што околу 7.000 клиенти останале без струја повеќе од два часа откако осамен ракун пронашол трансформатор на станица за пренос. Портпаролот на Hydro One вели дека барале начини да ја задржат неофицијалната маскота на градот подалеку од преносните станици по големиот прекин на струја во центарот на Торонто. Портпаролката на компанијата рече дека екипите потврдиле дека прекинот бил предизвикан од ракун, „бидејќи животното за жал починало на лице место и било мртво кога пристигнале“.

„Кога ќе се случи вакво нешто, системот се префрла на заштита од понатамошни штети“, вели портпаролката Тицијана Бачега Роза, додавајќи дека животните ги привлекува топлината што ја испуштаат електраните. Покрај разгледувањето на сите мерки за спречување идни слични инциденти, Роза забележува дека експертите за животни се запознаени со случаите и треба да утврдат како ракунот влегол во станицата.

притисни ентер