Кинескиот претседател Си свика итен состанок на државниот врв – 57 милиони луѓе во карантин

Денеска , кинескиот претседател Си Џинпинг свика специјален состанок на државниот врв , досега невиден потег на неработен ден за да ја предупреди најнаселената нација во светот за, како што рече, „брзото“ ширење на смртоносниот вирус.

,, Државата се соочува со тешка ситуација, им рече Си на своите најблиски соработници, цитиран од државната кинеска телевизија.

Поради ситуацијата предизвикана со заразата од коронавирус , огромниот број организирани новогодишни прослави се откажани, а училишните празници се продолжени во делови од земјата, како и во Хонг Конг. Строги контроли на возовите се вршат на железничките , како и на автобуските станици и аеродромите – со мерење на телесната температура и набљудување дали некој покажува симптоми на тешка белодробна болест предизвикана од коронавирусот.

Властите во Хубеи во четвртокот започнаа да ги затвораат градовите во обид да го спречат ширењето на вирусот. Карантините се воведени во најмалку 13 градови со вкупно население од над 57 милиони луѓе. Јавниот превоз е во прекин, а аеродромите и железничките станици се затворени.

Сите меѓуградски автобуски линии ќе бидат утре суспендирани во главниот град на Пекинг, објавија денеска медиумите .

САД утре ќе ги вратат своите граѓани и дипломати од Вухан со чартер летови , објави американскиот „Волстрит журнал“. Авионот ќе пренесе околу 230 дипломати и други американски државјани и нивните семејства.

Според весникот, Вашингтон добил одобрение од кинеското Министерство за надворешни работи и други владини агенции.

Трет ден трае потргата по двегодишното девојче од Србија

Трет ден трае потргата по двегодишното девојче.Српската  полицијата соопшти дека продолжува интензивно оперативно да работи за утврдување на сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето.

Вчера полиција по 27 часа интензивно пребарување на теренот ја запре потрагата по двегодишната Данка Илиќ во приградската населба Бањско поле и во Брестовачка бања, во близина на Бор.

Според српското МВР, сите информации укажувале дека исчезнатото девојче не било во тоа подрачје од околу 10 квадратни километри. Но полицијата продолжува со оперативните активности за пронаогање на детето.

Инаку, родителите на малата Данка биле на распит во полиција а мобилниот на мајката бил испратен на вечтачење јавија српските медиуми.Нејасно е и како 22-месечното девојче успеало толку брзо да избега од вниманието на возрасните среде бел ден.

Грчкиот Парламент вечерва ќе гласа за предлогот на опозицијата за гласање недоверба на Владата

Пратениците во грчкиот Парламент вечерва ќе гласаат за предлогот за недоверба на Владата на Нова демократија, доставен од четири опозициски партии.

Пратениците во грчкиот Парламент вечерва ќе гласаат за предлогот за недоверба на Владата на Нова демократија, доставен од четири опозициски партии, предлог што се очекува да не биде изгласан и да не создаде проблеми за владиното мнозинство, јави дописничката на МИА од Атина.

Пратеничките групи на ПАСОК, СИРИЗА, Нова левица и на Курс на слобода во вторникот доставија заеднички предлог за гласање недоверба на Владата, по иницијативата на лидерот на ПАСОК Никос Андрулакис, поради новите информации за железничката несреќа во февруари минатата година кај Темпи, објавени од весникот „То вима“.

Тридневната расправа на пленарна седница ќе заврши вечерва најдоцна до полноќ со гласање на пратениците, а на гласањето ќе му претходат говори на лидерите на политичките партии, како и на грчкиот премиер.

Речиси невозможно е предлогот на опозициските партии да биде изгласан, со оглед на тоа што за Владата да ја загуби довербата потребно е да гласаат најмалку 151 од вкупно 300 пратеници во Парламентот, додека пак владејачката Нова демократија има мнозинство од 158 пратенички места.

Текстот во весникот „То вима“ објавен во неделата за монтираните аудиозаписи за железничката несреќа кај Темпи на 28 февруари 2023 година во која загинаа 57 лица, кај опозициските партии во Грција предизвика низа реакции, кои кулминираа со доставување на предлогот за гласање недоверба на актуелната Влада.

Иницијативата беше на лидерот на ПАСОК Никос Андрулакис, кој на почетокот на неговото обраќање во Парламентот истакна дека Владата на Нова демократија, систематски го поткопува владеењето на правото во земјата.

Предлогот за гласање недоверба е потпишан од 85 пратеници (од вкупно 300 во Парламентот) и е поддржан од ПАСОК, СИРИЗА, Нова левица и Курс на слобода, а во него потписниците детално се осврнуваат на сето она што следеше по железничката несреќа и како Владата управуваше со целиот случај, упатувајќи ѝ критики и обвинувања, меѓу другото и дека „континуирано го деградира владеењето на правото, ја поткопува самата демократија и ја разнишува довербата на граѓаните кон политиката, институциите и правдата“.

Санкционирани 167 возачи во Скопје

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

притисни ентер