Аеросмит прослави 50. годишнина, на сцената настапија и Џони Деп и Алис Купер (ВИДЕО)

Актерот Џони Деп и музичарот Алис Купер вчеравечер застанаа на сцената во чест на  Аеросмит , на гала вечера во Лос Анџелес за да ја прослават 50-годишнината на тој американски рок бенд, чии албуми се едни од најпродаваните на сите времиња.

Купер и Деп, кои свират со гитаристот на Аеросмит, Џо Пери во рок супергрупата Hollywood Vampires, беа меѓу повеќе од десетината музичари кои свиреа хитови на групата на гала вечерта.

Настапија и членовите на Foo Fighters , Семи Хагар и Џони Леџенд.

Домаќин на вечерта беше британскиот комичар Расел Бренд, кој правеше шеги за историјата на дрогата на групата, како и за напредната возраст на фронтменот Стивен Тајлер, гитаристот Пери и Бред Витфорд и басистот Том Хамилтон.

„Чудо е што сè уште се живи“, рече Бренд за 71-годишниот Тајлер, прогласувајќи го за „најсекси седумдесетгодишник во историјата“.

Формиран во Бостон во 1970 година, Аеросмит беше американски одговор на британскиот „Ролинг Стоунс“ кои ги користеа блузот и хард рокот.

Тајлер и Пери наскоро биле наречени „токсични близнаци“ поради својата зависност од дрога , и повеќе пати биле подложени на рехабилитација низ целата своја кариера.


Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1, изјави тајландскиот премиер Срета Тависин, кој денеска оствари средба со шефот на Ф1, Стефано Доменикали.

„Тајланд има капацитет да биде домаќин на Формула 1 во Бангкок“, напиша шефот на владата на социјалната мреќа Икс, по разговорите во Бангкок.

„Ако го направиме тоа, сигурен сум дека нашата земја ќе остави неверојатни спомени за другите, бидејќи имаме добар потенцијал, капацитет и гостопримство“, наведе Тависин.

Владиниот портпарол, цитиран од локалните медиуми, рече дека трката би се организира низ улиците на стариот дел на Бангкок, познат по големиот сообраќаен метеж и проблемите со инфраструктурата.

Тајланд е домаќин на трка во Светскиот шампионат во Мото ГП која секоја година се одржува во Бурирам, сиромашен, рурален регион на повеќе од пет часа возење од главниот град. /МИА

За една недела во Грција се уапсени 379 лица за семејно насилство

Минатата седмица грчката полиција уапсила 379 лица по поднесени пријави за семејно насилство, а 23 жртви биле пренесени во центрите за згрижување, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерството за заштита на граѓаните на Грција информираше за резултатите од спроведувањето на новиот план на полицијата за справување со криминал, семејно насилство и врсничко насилство.

Согласно неделниот извештај, во периодот од 15 до 21 април, полицијата примила 1.025 повици за семејно насилство, а на 81 жена – жртва на насилство ѝ била инсталирана специјалната апликација за помош „Panic Button“ на грчката полиција .

Биле пријавени 633 случаи на семејно насилство, при што биле уапсени 379 лица, а 23 жртви на насилство биле пренесени на безбедни локации.

Во однос на малолетничката деликвенција и врсничкото насилство биле извршени проверки на 6.004 лица, од нив 344 биле приведени, а 160 уапсени и биле потврдени 270 прекршоци.

Како на младите да им се врати љубовта кон книгата?

Некогашната парола, книгата е прозорец кон светот, за младите повеќе не важи. 

За нив прозорец кон светот е интернетот, книги читаат само понекогаш, ако тоа од нив го побараат наставниците.

Дека е така потврдуваат и дел од издавачите на овогодинешниот саем на книга.

Најмалку читаат средношколците, и основците, а книги купуваат најчесто кога се на попуст. Слободното време, најчесто го поминуваат на интернет. За разлика од нив, за повозрасните, технологијата не е предизвик.

36 издание на Саемот на книга завршува утревечер, во 20 часот.

притисни ентер