Девојката на Џеф Безос му ги праќала нивните разголени фотографии и жешките пораки на братот , кој ги продавал

Сојузните обвинители  од Менхетен имаат докази дека братот на девојката на  милијардерот Џеф Безос ги продавал нивните интимни порака на таблоидот Nation's Enquirer, пренесува Wall Street Journal.

Лорен Санчез ги испратила пораките што си ги разменувала со Безос до нејзиниот брат Мајкл на 10.05.2018 година, и тој решил да заработи, пишува еден весник, чии известувачи ги виделе тие пораки, како и доказите за исплата на 200 000 американски долари на сметката на Мајкл од страна на Nation Enquirer , врз основа на договорите што ги потпишале во 2018 година.

Обвинителите објавија пораки, договори и сметки за плаќање во времето на истрагата во врска со тврдењата на Безос за уцена од „Enquirer“, од каде му се заканиле дека ќе ги објави неговите голи фотографии.

Безос во еден момент ја обвини Саудиска Арабија за целиот случај. Инспекторите што ги ангажирал тврделе дека крунскиот принц на Саудиска Арабија испратил злонамерен код до мобилниот телефон на шефот на Амазон за да овозможи да биде хакиран.

Саудиска Арабија ги негираше обвинувањата. Истражувачот тврди дека Мајкл бил извор на приказната што му стави крај на бракот на Безос. Мајкл негираше сè.

„Во септември 2018 година, Мајкл Санчез започнал да им дава материјали и информации на нашите новинари“, изјави портпаролот на компанијата American Media за Wall Street Journal, додавајќи дека шпекулациите за трети страни, како што е Саудиска Арабија, се лажни.

„Со лаги и полувистини, Wall Street Journal погрешно известува“, изјави Санчез.

Во јануари 2019 година, Enquirer ја обелодени вонбрачната афера на Безос со Лорен Санчез. Истата недела тие објавија дека се разведува од сопругата Мекензи, со која бил 26 години во брак.

Потоа, Безос и неговиот иследник Гавин де Бејкер започнаа јавно да зборуваат за вмешаноста на Саудиска Арабија во протекувањето на неговите лични пораки. Еден месец порано, беше убиен колумнистот на „Вашингтон пост“ Џамал Кашоги.

Мајкл Санчез, кој работи како агент во Холивуд, претходно изјави дека Безос го замолил да му помогне, плашејќи се дека ќе се дознае за аферата со Лорен.

Според договорот што тој, наводно, го потпишал со компанијата American Media, тој им обезбедил „одредени информации, фотографии и пораки , пишува Wall Street Journal.

Хезболах истрела неколку десетици ракети кон Израел

Либанското исламистичко движење Хезболах синоќа соопшти дека истрелало десетици ракети врз северен Израел како одговор на смртта на двајца цивили во јужен Либан, во напад за кој е обвинет Израел.

Борците на Хезболах истрелаа „десетици ракети Катјуша“ врз северен Израел „како одговор на нападите на израелскиот непријател врз домовите на цивилите, особено за масакрот во Ханин и смртта на цивили“, се вели во соопштението на проиранското шиитско движење.

Од почетокот на војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Појасот Газа на 7 октомври, секојдневно има размена на оган меѓу израелската армија и Хезболах, кој тврди дека го поддржува палестинското исламистичко движење.

Проиранскиот Хезболах, кој има арсенал ракети и прецизни проектили, гаѓа израелски воени позиции и локации во близина на границата, а Израел реагира со бомбардирање цели на либанска територија, претежно на југ, вклучително и целни напади врз припадници на Хезболах и Хамас. /МИА

Во Кавадарци отворени гласачките места, се гласа за претседател на државата

 Во Кавадарци утрово навремено беа отворени гласачките места, се гласа за претседател на државата, информираше претседателката на Општинската изборна комисија, Емилија Петровска. 

- Малку проблеми пак со убиг апаратите. Но, со помош на ИТ лицата, се е ставено во ред, нагласи таа за МИА.

Петровска потсети дека за вчерашниот ден, за гласање беа пријавени 110 болни и немоќни лица во домашни услови и 14 штитеници во Дом за вонсемејна грижа „Др.Јанески" во кавадаречкото село Чемерско.

- Согласно на законот, тие лица гласаа вчера, ден пред изборите за претседател на државата денеска. Во избирачкиот список за општина Кавадарци се евидентирани вкупно 31.868 гласачи, соопшти Петровска.

Таа појасни дека немаа пријавено лица од оваа општина што издржуваат казна затвор, а кои исто така можеа да гласаат во текот на вчерашниот ден.

Отворени се сите избирачки места во десетте општини во Југоистокот

Сите 273 избирачки места во десетте општини во Југоистокот се отворени утрово во 7 часот, а право на глас во првиот круг на претседателските избори имаат 141.167 гласачи.

Според информациите од општинските изборни комисии, гласањето веќе тече, а освен неколку мали технички проблеми со фингер и УВ апаратите не се забележани други проблеми. Според изборните комисии техничките проблеми се надминуваат и не влијаат на изборниот процес.

Инаку, во Југоисточниот плански регион се гласа во општините Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село, Конче, Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово.

Вчера гласаа болните и изнемоштените и затвореници од затворите во Струмица и Гевгелија.

притисни ентер