Норвешка освои бронза по победата над Словенија

Норвежаните собраа сили по синоќешниот шок натпревар против Хрватска во полуфиналето на ракометното Евро и успеаја да ја совладаат Словенија во борбата за третото место со 28:20.

Словенија поведе само еднаш на овој натпревар, 2: 1 на стартот. Предноста се одржуваше до полувремето, кога водството на Норвешка беше +3, но на крајот порасна за да стигне до +8. Норвежаните водеа најмногу во овој натпревар со 9 гола разлика.

Ова е прв медал на Европските првенства во историјата на норвешката репрезентација.

По шокот во полуфиналето против Хрватска, кога Норвешка загуби со 29:28 во вонредна драма по две продолженија , тие сепак успеаја да најдат сила и лутината поради поразот да ја истурат врз Словенците. Словенија загуби од Шпанија со 34:32 во полуфиналето.

До крајот на првенството остана уште еден натпревар. Големото финале во распродадената арена во Стокхолм утре го играат Хрватска и Шпанија со почеток во 16:30 часот.

Ученици од три града на заеднички фудбалски тренинг со Панчев и Станојковиќ

Триесет и пет ученици од 11 основни училишта од Скопје, Тетово и Велес ќе одржат заеднички фудбалски тренинг со спортските ѕвезди Дарко Панчев и Вујадин Станојковиќ во рамки на спортскиот настан „Играј фер".

Настанот денеска ќе се одржи на фудбалското игралиште Локомотива.

Целта на овој настан, во организација на Агенција за млади и спорт, е запознавање, вмрежување и интегрирање на млади кои не доаѓаат од иста средина, надминување на стереотипите, како и зголемување на меѓусебната толеранција на млади од различни етнички средини и нивно поврзување преку фер спортска игра. /МИА

Промоторот на Фјури објави кога и каде ќе биде реваншот против Вајдер

Френк Ворен, промотор на Тајсон Фјури, откри дека третиот натпревар помеѓу британскиот боксер и Деонтај Вајлдер ќе се одигра во јули, но, веројатно нема да се одржи во Велика Британија.

Фјури неодамна го совлада Вајлдер и стана нов светски шампион во ВБЦ и најдобар во тешка категорија на светот. Немаше победник на првиот меч меѓу нив во декември 2018 година, бидејќи борбата заврши со контроверзно реми, иако Фјури сепак беше многу подобар, како што сметаа многумина.

"Деонтај сè уште не ја активирал клаузулата во неговиот договор за реванш, но тој јасно стави до знаење дека наскоро ќе го стори тоа. Не се сомневам.", рече Ворен, додавајќи:

„Ако имаше реванш, би сакал да биде во Велика Британија, но во моментов е планиран за Лас Вегас во јули“.

Ѕвездата на Тотенхем во карантин поради коронавирус

Ѕвездата на Тотенхем, Сон Хјунг Мин има проблеми со коронавирусот.

Сон изминативе денови е во родната Јужна Кореја, каде што околу 2.000 луѓе се заразени.

Сон се вратил вчера од Сеул во Лондон, но не можеше да оди во клубот, туку отиде во карантин што ќе трае две недели. Веднаш по напуштањето на авионот, епидемиолозите се погрижија за него, а две недели не му е дозволено да се дружи со играчите или да го посети клупскиот камп.

Sвездата на Тотенхем не е позитивен на коронавирус, но поради претпазливост е  ставен во изолација.

Жозе Мурињо се огласи по карнатинот на Сон.

„Овие совети за карантин на Сон дојдоа од владата. Не сакам повеќе да коментирам, не знам повеќе. Сон ќе мора да го следи протоколот и нема да го видиме некое време“, рече Мурињо.

притисни ентер