Црниот биланс во Турција достигна 32 , по 24 часа под урнатините , спасено девојченце (ВИДЕО)

Спасувачките екипи продолжуваат да ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани по силниот земјотрес што во петокот ја погоди источна Турција , каде загинаа 32 луѓе, а повредени се повеќе од 1.400.

Турската телевизија прикажа снимки од спасувачите што извлекуваат  луѓе под урнатините околу 21 час по земјотресот. Илјадници спасувачки екипи и медицински персонал се мобилизирани за помош.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Шојлу процени дека околу 22 лица се уште се заробени.

Турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) објави дека досега се спасени 45 лица. Меѓу нив е две и пол годишно девојче. Турските медиуми објавија дека спасувањето на мајката која повикала помош се уште е во тек.

Земјотресот со јачина од 6,8 степени ја погоди провинцијата Елазиг, околу 550 км источно од главниот град Анкара, околу 9 часот во петокот вчерта, проследено со 462 ситни потреси, јави АФАД.

Спасувачките екипи работат рачно, но и со помош на машини да ги расчистат градежните материјали во потрага по преживеани во Елазиг, каде што ноќта температурата паѓа на 8 Целзиусови степени под нулата.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган пристигна во Елазиг во областа Мустафа Паша каде што се урнаа две станбени згради. Ердоган вети дека државата ќе стори „сè што е во нејзина моќ“ за да им помогне на жителите, пренесува Франс Прес.

Министерот за здравство Фахретин Коца рече дека 128 лица биле однесени во болници, од кои 34 биле во одделот за интензивна нега, но не се во критична состојба.

Турција лежи на многу активно сеизмичко подрачје , кое може да се активира во секој момент.

Експертите веруваат дека е можен голем земјотрес во кое било време во Истанбул, економски центар на земјата, со повеќе од 15 милиони жители, каде станбените згради, честопати непланирани, ретко ги исполнуваат сеизмичките стандарди.

МФ:Преку грант од МСИП-проектот Илинден доби скејт-парк

Инаку, општината го доби грантот за изградба на скејт паркот врз основа на друг успешно реализиран проект.

Со грант средства од 47,5 илјади евра преку Проектот за подобрување на општинските услуги МСИП, кој Министерството за финансии го спроведува со поддршка на Светска банка, општина Илинден доби нов скејт парк на површина од околу 500 метри квадрати, соопшти Министерството за финансии.

Министерката за финансии Нина Ангеловска посочува дека преку овој проект поддржан од МСИП, граѓаните, пред се младите во општината добиваат место за дружење, рекреација и спортување, додека општината ја збогатува понудата на содржини што ги нуди на своите граѓани.

Инаку, општината го доби грантот за изградба на скејт паркот врз основа на друг успешно реализиран проект, исто така, финансиран преку проектот на Министерството за финансии МСИП – односно реконструкцијата на локалниот пат Кадино и реконструкција на два моста. Патот е во должина од километар и пол и е од големо значење за општината, бидејќи ја поврзува со главниот коридор Скопје-Атина. Воедно, тој овозможува и поврзаност со локалната економска зона на општината, каде што се лоцирани повеќе од 70 компании.

Преку Проектот за подобрување на општински услуги-МСИП изминатите две и пол години се поддржани над 160 проекти во 80 општини во земјава во вредност од 30 милиони евра. /МИА

Одложени сите претстави во кумановскиот театар до 6 март

Кумановскиот театар ги одложи закажаните претстави до 6 март, годинава, согласно препораките на Владата за неодржување јавни настани, соопштија денеска надлежните од Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев" Куманово. 

Вчера беше откажана една претстава во Кумановскиот театар.

-Одложен е театарскиот маратон што беше предвиден да се одржи наредната недела од 5 до 7 март, на кој беа предвидени да се одржат по две претстави тие денови за симболична цена како и премиерата на детската претстава „Трнорушка" која беше закажана за 4 март, изјави директорот на установата, Сашо Тодоровски.

Од НУЦК „Трајко Прокопиев" информираа дека дополнително ќе известат за одржување на термините за претставите. /МИА

Да се преземат мерки доколку се утврди неосновано зголемување на цените во аптеките на заштитни средства за коронавирусот

Владата на Република  Македонија ја поздравува одлуката на институциите и организациите на централно и на локално ниво кои одлучија да ја прифатат препораката да се откажат сите јавни собири до 6 март 2020 година.

Владата, како што стои во соопштението, ги охрабрува сите останати, како и сите граѓани, да ја почитуваат препораката и со тоа да покажат одговорност и да дадат придонес за спречување на ширењето на коронавирусот.

Ќе се спроведе во целост задолжението до Пазарната инспекција и до Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија (МАЛМЕД) да се направи увид и контрола на залихите на заштитните средства за спречување на пренесувањето на вирусот во аптеките, и доколку се утврди неосновано покачување на цените ќе бидат преземени мерки соодветно за законските прописи и овластувања.

Владата на Македонија,се додава, ги уверува граѓаните и јавноста дека сите мерки што ги презеде Министерството за здравство, насоките на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, постојаниот мониторинг од кои произлегуваат секојдневните мерки и препораки на Кризниот штаб, на Комисијата за заразни болести, како и на Институтот за јавно здравје, ги постигнаа очекуваните резултати, и дека превенцијата и контролата за да се спречи ширењето на корона вирусот, се остваруваат целосно. /МИА

притисни ентер