Иранската нуклеарна агенција е подготвена за неограничено збогатување на ураниум

Иранската организација за атомска енергија (АЕОИ) објави дека е подготвена да збогатува ураниум во секаков процент, предизвикувајќи загриженост за нуклеарната воена програма на земјата.

„Штом политичкото раководство ќе даде зелено светло, АЕОИ е подготвена да збогати ураниум на неограничено ниво“, рече заменик-претседателот на АЕОИ, Али Асгар Зраан, цитиран од државната новинска агенција ИРНА.

Иран работи и на нова генерација на центрифуги кои можат значително да го забрзаат процесот на збогатување на ураниумот, додаде тој.

Зарејан изјави дека АЕОИ веќе тестира нови центрифуги.

За развој на нуклеарно оружје е потребен високо збогатен ураниум.

Иранскиот претседател Хасан Рохани минатата недела изјави дека нуклеарната програма на неговата земја сега е понапредна отколку што беше во 2015 година, кога Иран го потпиша нуклеарниот договор (JCPOA) со шест светски сили (Велика Британија, Кина, Франција, Германија, Русија и САД ).

Со договорот Иран се откажа од развој на воената компонента на нуклеарната програма и ја задржа само цивилната нуклеарна програма во замена за укинување на санкциите.

Бидејќи САД се повлекоа од ЗКПОА и ги обновија санкциите, Иран започна да ги намалува своите обврски од договорот.

Во средата, Рохани рече дека Иран никогаш нема да развие нуклеарно оружје, со или без нуклеарно договор и ги повика европските држави да не го следат Вашингтон кој го напушти договорот од 2015 година.

Во 2018 година, американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече својата земја од нуклеарниот договор постигнат од светските сили со Иран.

Франција, Велика Британија и Германија неодамна го активираа механизмот за порамнување според договорот, бидејќи Техеран продолжува да го зголемува производството на збогатен ураниум.

Ова може да доведе до повторно воведување санкции на ООН, укинато со договорот, но три европски земји велат дека сакаат тоа да се одржи.

ВМРО-ДПМНЕ ќе основа министерство за енергетика и минерални суровини

​ВМРО-ДПМНЕ ветува дека кога ќе дојде на власт ќе спроведе мерки за доброто на граѓаните.

Граѓаните на Република Македонија заслужуваат проекти кои ќе значат воведување на европските стандарди во однос на енергетската независност и ефикасност и заштитата на животната средина.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која подразбира основање на ново министерство за енергетика и минерални суровини кое ќе се фокусира кон проблематиката на енергетиката како клучна област за стратешки развој за државата. Тоа не значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја зголеми бирократијата. напротив ќе ја намали бирократијата, и ќе го намали бројот на министерства кои што сега се покажаа како нефункционални и непотребни во државната структура.

Министерството за енергетика ќе биде клучно за развојот на овој стратешки сектор во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да врши издавање зелени државни обврзници за повеќе зелени проекти. Овој проект предвидува министерството за финансии да издаде зелени обврзници кои ќе бидат долгорочни должнички хартии од вредност. Средствата обезбедени по основ на овие обврзници ќе имаат стриктно определена намена односно ќе се користат за проекти за решавање на проблемот со загадувањето и заштитата на животната средина.

ВМРО-ДПМНЕ макотрпно ќе работи на проекти за заштита на животната средина, бидејќи здравјето на македонските граѓани е пред се и над се.

 Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ:Нови 100.000 работни места и пад на невработеноста под осум отсто до крајот на новиот мандат

​За помалку од три години, преку одговорни и успешни економски политики СДСМ успеа да ја извади државата од финансискиот колапс во кој беше заглавена.

Денес, официјалните податоци го  потврдуваат сериозниот  исчекор на економски план.

Платите растат во сите сектори, имаме рекордно високи странски инвестиции, невработеноста е на историски минимум од 17.1 отсто, а животниот стандард расте.

Токму, досегашните економски политики отвораат простор за уште поголем раст.

Затоа, во следните четири години мандат СДСМ го подготвува досега најголемиот скок во  македонската економија.

Следува рекордна невработеност и рекорден раст на платите. Преку  мерки и политики со кои Северна Македонија станува земја со ниска невработеност, држава во која платите растат брзо во сите сектори.

Затоа во новата програма СДСМ  предвидени  суштински и реални мерки и политики.

До крајот на мандатот, до 2024 година, планирани се нови 100.000  работни места. Затоа што ако можеше за 2,5 години да се отворат нови  60.000 работни места, за полн мандат од 4 години реални се шансите да се отворат 100.000 нови работни места.

Овие политики ќе донесат пад на невработеноста под 8%, односно под 20% кај младите.

Денес стапката на невработеност изнесува 17,1 кај општата популација и 35 отсто кај младите и е сериозно намалена во споредба со 2017 година.

СДСМ беше и останува на страната на интересите на граѓаните. Тоа го потврди со бројните мерки за само 2.5 години. За следните 4 години со уште позасилено темпо, со нови и подобри можности за сите граѓани.

Затоа на 12 април ќе победат политиките на Социјалдемократскиот сојуз кои нудат напредок и просперитет и за државата и за сите граѓани.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Да се почитуваат препораките за заштита од коронавирусот, се чека лабораторискиот резултат за возачот на комбето

Граѓаните треба да ги почитуваат препораките за заштита од коронавирусот, а тие кои имаат симптоми да се јават на телефонските броеви на здравствени служби. 

Дел од препораките опфаќаат задолжително и често миење на рацете со сапун и вода и тогаш кога не се видливо нечисти или да се користи чистач за раце што содржи алкохол, а при кашлање или кивање да се заштитат устата и носот со марамче или со дланката. По употребата марамчињата да се фрлаат во затворени канти, а при кашлање или кивање, како и при грижа за болни, задолжително да се мијат рацете…

Засега единствена заразена со коронавирус е веќе хоспитализираната пациентка на Клиниката за инфективни болести во Скопје, која со комбе допатува од Милано во државава. Таа се чувствува добро, и според лекарите, како што информираше министерот за здравство Венко Филипче, веќе влегува во фаза на оздравување.

Во соба за изолација во Општата болница во Струмица од вчера е возачот на комбето со кое допатува од Италија заразената, а кој сам пријавил дека има симптоми на кашлица и болки во градите.

– Земени се материјали за анализа и тие во следните часови ќе бидат изработени во лабораторија во Скопје, по што ќе ја информираме јавноста. Тој бил сам дома, немал контакти ниту со семејството и сам ја контактираше нашата служба. Кога ќе стигнат резултатите ќе одлучиме каде ќе се лекува. Доколку резултатот е негативен ќе продолжи да се лекува во Инфективното одделение таму, не во изолација, а доколку е позитивен ќе се префрли во Инфективната клиника во Скопје, истакна Филипче.

Единаесет лица од кои две деца кои биле во контакт со пациентката која е на Инфективната клиника, се во домашна изолација. Извршени беа тестирања за коронавирус на неколку луѓе, вратени од Италија, чии резултати беа негативни.

Министерот Филипче смирува дека нема простор за паника, будно се следи ситуацијата од страна на експертите епидемиолози од Комисијата за заразни болести. – Во секој момент сме спремни одлуката да се надгради, да се воведе нешто друго доколку треба и на истиот начин и за викедот ќе продолжиме да ја информираме јавноста за се што се случува, рече Филипче.

Останува во сила препораката компаниите и институциите да не им дозволуваат на оние вработени кои периодов биле во Италија, да доаѓаат на работа бидејќи тие прво мора да минат 14 дена во домашна изолација – период колку што трае инкубацијата на вирусот, како и препораката да не се патува во земјите каде има епидемија, без некоја поголема потреба.

Владата вчера препорача откажување на поголемите јавни собири, спортски настани и забавни и културно-уметнички манифестации до 6 март со цел превенција на ширење на коронавирусот.

Препораката на Владата се однесува на поголемите јавни собири кои се планирани во овој период, како што се Струмичкиот карневал, Карневалот „Прочка" во Прилеп" и сите слични. Владата им препорачува на организаторите на спортските настани, натпреварите во утврдениот период до 6 март да се играат без публика. Истата препорака на Влада се однесува и на сите други поголеми забавни и културно-уметнички манифестации, соопшти владината прес-служба.

Владата препорача сите организатори на други јавни настани своите одлуки да ги донесуваат врз основа на консултација и мислење на Комисијата за заразни болести, а ги задолжи Пазарната инспекција и Агенцијата за лекови и медицински средства да направат увид и контрола на залихите на заштитните средства за заштита од пренесувањето на вирусот во аптеките и доколку утврди неосновано зголемување на цените да преземе мерки соодветно за законските прописи и овластувања.

Владата го задолжи МВР до наредната седница да достави информација како се спроведуваат мерките што ги одреди Кризниот штаб. Еден од заклучоците на владината седница е и одлуката да се воспостави соработка со Црвениот крст и да се повикаат нивните волонтери да асистираат на граничните премини во анкетите на лицата што влегуваат во земјата во соработка со припадниците на граничната полиција.

Коронавирусот првпат се појави во Вухан, Кина, на 12 декември 2019 година. По брзото ширење на болеста, големиот број жртви и заразени, Светската здравствена организација на 30 јануари прогласи „меѓународна вонредна состојба".

Болеста се пренесува преку респираторните патишта (кивање и кашлање), но и преку допир со нечисти раце. Лекувањето е симптоматски, во зависност од манифестациите на болеста. Клиничката слика варира од лесна настинка до потешка форма, во зависност од зафаќањето на белите дробови. Ризик за најлош исход има кај постари, хроинично болни луѓе или лица со претходни заболувања на белите дробови. Околу 80 проценти од 80.000 заболени во светот се целосно излекувани, кај 15 отсто има некои компликации, а кај пет проценти има сериозни компликации. Смртноста е близу два процента./МИА

притисни ентер