Филиче: Годинава започнува изградбата на новиот Клинички центар во Ѓорче Петров, набавуваме и 70 нови возила за итната медицинска помош

Претседателот на комисијата за здравство на СДСМ Венко Филипче, денеска на трибината Агенда здравство 20-24 ги соопшти главните постулати на кои ќе се темели програмата на СДСМ за развој на здравствениот систем во период 2020 - 2024 година.

Меѓу нив е и почеток на изградба на новиот клинички центар во Ѓорче Петров со целосно нова модерна зграда, интегриран тип на здравствени услуги како што заслужуваат граѓаните, рече Филипче и најави до крајот на мандатот сите болници и здравствени домови да станат енергетски ефикасни.

"Ќе ги реновираме најстарите одделенија во болниците. Во 2020 година набавка на 70 нови возила за итна медицинска помош и редовно обновување на возниот парк секоја година до крајот на мандатот, воспоставување на патронажна служба во сите региони низ државата, зајакнување на капацитетите на јавното здравство преку функционлно поврзување на сите нивоа на здравствена заштита (примарна, секундарна и терциерна). Секоја година зголемување до 10 % на платите на здравствените работници."

Филипче најави платен работен стаж за секој нов млад лекар и додаде дека ќе се разгледа опцијата на сите лекари на специјализација, кои го немаат решено стамбеното прашање, да им се додели субвенција од 12 000 денари месечно.

На трибината министерот за здравство, најави и стратешки договор со Универзитетската болница од Франкфурт за едукација на млади лекари и сестри по принцип на ротација, како и формирање на центар за медицински истражувања, се наведува во соопштението на СДСМ.

„Гответе со Дракче“ - Кумановска салата

Во четврток (28.03.2024) во емисијата гостин ни беше Нино Величковски.

Состојки за денешниот рецепт:

3 црвени домати

1 свежа краставица

1 главица кромид

1 морков

2 лажици лупен сончоглед

100 гр. сирење

балсамико, масло за јадење, сол по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

„Дубаи мол“ лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе

 Сопствениците на „Дубаи мол“ во Обединетите Арапски Емирати, сооопштија дека трговскиот центар лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе, што го прави најпосетуваното место во светот во 2023 година.

Така, трговскиот центар стана светска атракција, според управителите, привлекувајќи посетители од целиот свет. Управата наведува и дека е забележан скок од над 19 отсто во однос на 88 милиони во 2022 година. А пак, само во првите два месеци од оваа 2024 година, забележани се 20 милиони посетители, така што и годинава „Дубаи мол“ најверојатно ќе постави нов рекорди.

- Овие бројки го одразуваат импресивниот статус на трговскиот центар во Дубаи и го одразуваат напредното лидерство на Дубаи и силната економија. Нашиот трговски центар го отелотворува живиот дух на градот и посветеноста на извонредноста, претворајќи ја визијата на менаџментот во реалност. Како составен дел од економското ткиво на Дубаи, ние играме клучна улога во неговиот успех и иновативност, рече Мохамед Алабар, основач на компанијата „Емаар“ којашто управува со трговскиот центар.

„Дубаи мол“ има околу 1.200 продавници на познати брендови облека, обувки, модни додатоци, апарати за домаќинство итн, а тука се наоѓаат и околу 200 ресторани и кафулиња. Уште една причина за посетеноста е и аквариумот, каде што живеат 33.000 животни. /МИА

Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара

Куќен притвор во траење од 48 часа е определен за две од лицата кои беа задржани за убиството на докторот во скопската населба Железара, соопшти утринава Јавното обвинителство. 

Оттаму информираат дека ваква мерка е побарана со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази.

- Јавен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство, синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор, во траење од 48 часа, за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара. Тоа, со оглед на тоа што сѐ уште се преземаат дејствија за обезбедување докази. Предлогот е прифатен и бараната мерка е определена, се вели во информацијата од Јавното обвинителство.

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски вчера изјави дека се приведени вкупно три лица поврзани со убиството на лекарот.

- Претресот е завршен во текот на доцните часови, се продолжува со други истражни дејствија, со цел да може да се утврди соодветно фактичка состојба, штом имаме дополнително нови информации, јавноста ќе биде благовремено известена, изјави Тошковски, при посетата на општина Босилово.

Шеесет и седумгодишниот лекар, минатата недела беше пронајден избоден до смрт во неговиот автомобил. Според првичните информации, мотивот за убиството не е поврзан со професијата на жртвата.

притисни ентер