Почитувани гледачи, магливо утро не дочека во првиот работен ден од оваа недела, ќе има ли конкретни мерки против загадувањето или како и вообичаено ќе се крстиме на ветерот за да дишеме подобро, вечерва жешкиот икс на „Само Вистина“ резервиран за градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари и новинарот Тодор Пендаров.
Дали обвинителката Лиле Стефанова ќе ја искористи „третата среќа“ да му даде на „Рекет“ нова кулуминација?
Боки 13-ка или македонскиот судски систем, кој е ексериментален глушец во очите на страните?
Дали истрагата за „Јавна соба“ на апликацијата Телеграм ќе исфрли на површина имиња на познати политичари и бизнисмени?
Колку сурова може да биде виртуелната реалност?
Дали отстранувањето на оградите од училиштата ќе го подобри образовниот процес?
Арбен Таравари е на став дека ДУИ се како мали деца, но може ли да ни каже има ли „големи“ деца од албанскиот блок што ќе им бидат сериозна конкуренција на 12-ти април?
Тодор Пендаров уште го „чека“ животот и е на став дека „ниедна партија не дава вистинска мотивација да се излезе на гласање“.
За власта 2019-та била економска година, за опозицијата квантниот скок на власта е во место, а на што се должи падот од 13 места на Македонија по индексот за перцепција на корупција?
Мурто, Хурто, Дурто или некои нови јунаци ќе руча од питата на Илинденска, дали македонските политичари имаат капацитет да скројат закон по мерка на граѓаните, вечерва на единственото место каде се говори „Само Вистина“ со градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари и новинарот Тодор Пендаров, на Канал 5 Телевизија.