Ѕвездите откриваат како ќе им изгледаат настапите на „MAC“!

 Брена, Тончи, Калиопи, САРС и Александра Радовиќ со своите впечатоци од генералната проба.

„MAC“ спектаклот во белградска Арена започнува за неколку часа, а ѕвездите кои настапуваат ги завршија генералните проби и своите впечатоци ги споделија со нас. Лепа Брена вели дека за гледачите подготвила вистински мал спектакл кој трае 6-7 минути: „Ќе биде тоа нешто навистина преубаво и фантастично, еден опус кој ги поврза моите 40 години работа, искрено се надевам дека многу ќе им се допадне на публиката.

Калиопи вели дека веќе по првиот одгледан „MAC“ минатата година веднаш посакала овој пат да настапи на таа сцена. По генералната проба, нејзините впечатоци се повеќе од позитивни: „Во моите 4 минути додека пеам ќе уживам максимално, дојдов со својот бенд, ќе настапуваме во живо така што се случува на моите концерти, а „MAC“ ќе се потруди на приказната да и додаде маестрално и нереално светло, за тоа се да изгледа волшебно“.

Тончи Хулиќ на публиката на „MAC“ ќе и се прикаже на еден малку поразличен начин, со песна која на сите им е добро позната: „ Ќе чуете една класична обработка на моја песна која беше пишувана за Оливер Драгоевиќ, „Два пут сан умра“ во една потполно нова изведба со оркестар и со хор“.

Александра Радовиќ на гледачите на „MAC“ им ветува прекрасна жива свирка во добра атмосфера, по која таа и нејзиниот бенд се познати: „Јас сум позната по настапите во живо, и вечерва исто така ќе биде настап во живо, мислам дека мене публиката заради тоа и ме сака, мојот бенд прекрасно свири, ние сме добро уиграна екипа, така да настапот е базиран на прекрасна жива свирка и добра атмосфера“.

Жарко САРС по генералната проба е фасциниран од големината на вината и огромните ЛЕД екрани кои се важен дел од овој настап: „ Сцената изгледа грандиозно пред се заради ЛЕД екраните кои се преголеми.Кога малку се оддалечив од бината и дојдов на предниот дел, се свртев и погледнав, изгледа баш грандиозно, во текот на настапот имам убава видео позадина на екраните, можам да кажам дека ќе бидат ќе има доста луѓе на сцената, супер е приказната , и едвај чекам да искочиме на свена и да искинеме!“

Преносот на црвениот тепих од „MAC“ започнува вечерва во 19:30 а почетокот на манифестацијата е во 21 часот, церемонијата можете да ја следите на Канал 5 телевизија.

Македонија гласа на првиот круг претседателски избори

Македонија по 7 пат бира претседател на државата. Гласачките места  ќе бидат отворени  до 19 часот. 

По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава нашата екипа е на отворањето на гласачките места во Влае. Таму е Игор Манасивски.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Лични документи можат да се подигнат и денеска

Лични документи можат да се подигнат и денеска, на денот на изборите, информираат од МВР.

- Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот, соопштуваат од МВР.

Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.

Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавниот превоз денеска ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи, соопшто Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

притисни ентер