Арбен Таравари и Тодор Пендаров во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости беа Арбен Таравари и Тодор Пендаров

Со оваа маска сакам да посочам дека надвор не се дише, иако владата вели дека презема мерки, тие се само фрлање прашина во очи, рече новинарот Тодор Пандаров.

Дијаспората не ја подржува ДУИ дава јасни сигнали за подршка на Алијансата на албанците, рече градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари.
Нема да биде лесно да се порази ДУИ, тие на овие избори имаат адути со што да се пофалат, рече новинарот Тодор Пендаров

Јануарската анкета полажува 50% неопределени од албанскиот блок и на 12-ти април ќе славиме историска победа како што славеа во Албанија по падот на Енвер Хоџа, истакна Арбен Таравари.
Пендаров посочи дека овие избори Мицкоски ќе победи заради глупостите на Заев и најверојатно ќе се повтори 2016-та.

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само вистина“ овде.

Израелската армија го потврди убиството на висок функционер на Хезболах

Израелската војска потврди дека го убила Али Абед Асан Наим, заменик командант на ракетната дивизија на Хезболах. Тој бил убиен во напад со беспилотно летало во либанскиот регион Базуриех, објавија британските медиуми.

Израелската војска соопшти дека Наим насочил ракетен истрел со тешка боева глава кон израелска територија од Либан. Според израелските воени претставници, убиениот висок функционер на Хезболах бил одговорен за планирање и извршување на напади врз израелски цивили.

„Хуавеј“ минатата година со двојно поголем профит

Кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеј“ денеска соопшти за значително поголем профит во 2023 година, благодарение на силните резултати од неговите оддели за обработка заснована на Интернет и софтвери за автомобили.

Приходите на компанијата се зголемија за 9,63 отсто минатата година, на 704,2 милијарди јуани (99,4 милијарди долари).

Нето добивката се зголеми повеќе од двојно и изнесуваше 86,9 милијарди јуани.

Главниот столб на компанијата минатата година беше неговиот оддел за опрема за ИКТ инфраструктура, со приход од 362 милијарди јуани, што е за 2,3 отсто повеќе од 2022 година. Голем број западни земји забранија инсталирање на опрема на „Хуавеј“ во мобилните мрежи, повикувајќи се на националната безбедност.

Бајден: Постојано работиме да издејствуваме ослободување на Гершкович

Белата куќа објави изјава од претседателот Џо Бајден по повод навршувањето на една година руски затвор на новинарот на Волстрит џурнал, Иван Гершкович.

-Новинарството не е злосторство и Иван замина за Русија да ја врши својата работа на известувач со ризик за неговата безбедност за да се открие вистината за жестоката агресија на Русија против Укаина. Веднаш по неговото неправедно и незаконско задржување тој од затворот испрати писмо до своето семејство, изјави претседателот на САД.

Во писмото новинарот напишал дека „не губи надеж“.

-Како што им кажав на родителите на Иван, јас исто така не губам надеж. Ќе работиме секојдневно да издејствуваме негово ослободуање, рече Бајден.

Тој вети дека САД и понатаму ќе ги осудуваат и ќе воведуваат мерки „за обидите на Русија да ги користи Американците како монети за размена“.

Гершкович беше задржан лани во март. Оттогаш е се уште во притвор и чека судење по обвинение за шпионажа, што е категорично отфрлено од него, неговиот работодавач и владата на САД.

Во случај да биде прогласен за виновен, тој може да биде осуден на 20 години затвор./МИА

притисни ентер