Спасовски: Инфраструктурното поврзување е клучно за развојот на Западен Балкан

 Премиерот на Македонија, Оливер Спасовски изјави денеска дека инфраструктурните проекти се од клучно значење за развој на регионот и нагласи дека патното, железничкото и гасното поврзување се од посебно значење за земјите од Западен Балкан.

– За Македонија се важни инфраструктурните проекти, како што е Коридорот 8 кој е дел од паневропскиот коридор. Коридорот 8 би го поврзувал истокот и западот и тоа е еден од стратешките проекти на нашата земја. Не постои дел на тој коридор, кој го вклучува и железничкиот сообраќај, а кој ние нема да го направиме, истакна Спасовски на Инвестицискиот самит за Западен Балкан во Лондон, во организација на ЕБРД.

Тој изрази уверување дека на тој начин ќе се воспостават добри врски меѓу Јадранското Море и Црното Море, вклучувајќи го поврзувањето меѓу Албанија, Македонија и Бугарија.

Како што нагласи, друг важен инфраструктурен проект за Македонија е изградбата на автопатот Скопје – Блаце, кој е дел од северо-западниот коридор и чие завршување е многу важно поради општествената и економската добивка на земјата.

– Важно е поврзувањето на Скопје и Приштина, бидејќи Косово е еден од најзначајните трговски партнери на Македонија, имајќи предвид дека минатата година имавме зголемување на размената до 30 отсто, а тоа доволно покажува дека треба да имаме добри врски за натамошно унапредување на економската соработка. Тоа не е добро само за нашата земја, туку и за целиот регион, нагласи Спасовски.

Исто така, тој изјави дека е многу важно да се изгради заеднички премин меѓу Србија и Северна Македонија.

– Ние почнавме со едношалтерски систем во патниот сообраќај меѓу Србија и Македонија и ќе продолжиме со тоа во областите на железничката инфраструктура, бидејќи инфраструктурата во тој дел е добра и низ Србија и низ Македонија, објасни премиерот на Македонија, потсетувајќи на „one stop shop" меѓу двете земји на граничниот премин Прешево – Табановце.

Спасовски додаде дека е важно да се направи гасна интерконекција меѓу Грција и Македонија.

– Двете компании кои се занимаваат со гасот веќе почнаа активности за подготвување планови, односно 60 километри гасна инфраструктура во Грција и 60 километри во Македонија, што ќе ги поврзува двете држави. Потребно е да воспоставиме нови гасни коридори во нашиот регион, заклучи премиерот Спасовски.

Барселона ја тужи шпанската федерација, судот одлучува за голот на Јамал против Реал

Барселона не дозволува да стивне бурата по „Ел Класико“ во кое Реал победи со 3:2.

„Фантомскиот гол“ на Ламин Јамал ​​и понатаму е тема на шпанските медиуми. Барселона не дозволува да престане да се зборува за тоа.

И по самиот меч имаше остри критики за судењето, немањето технологија за гол-линијата и „злоупотребата на ВАР системот“.

Првиот човек на клубот, Жоан Лапорта, најави дека Барселона ќе ги искористи сите средства да ја истражи ситуацијата и да утврди дали тоа било гол или не.

Барселона сега отиде чекор подалеку и најави дека ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација и дека решение на оваа ситуација ќе бара на суд.

Ден по натпреварот беше објавена и комуникацијата на главниот судија со играчите и судиите од ВАР-салата, но изостана делот од видеото поврзан со ситуацијата околу голот на Јамал ​​кој не беше признат.

Федерацијата го одби барањето на Барселона да му ја даде на клубот целосната снимка од комуникацијата помеѓу судијата и ВАР-собата и Каталонците сега сакаат да ја добијат преку судовите.

Лапорта останува на ставот дека доколку се покаже дека Барселона е оштетена, ќе бара реприза. /МИА

ДИК: Излезноста до 17 часот е 44,18 %, поголема за 9% е во однос на минатите избори

Претседателот на ДИК ги соопшти најновите резултати од претседателските избори. 

Најголема излезност е во Новаци од 67,19 % , а најамала во Пласница само 19%, рече Даштевски.

Видео: Коњи трчаат низ центарот на Лондон, еден е облеан во крв

Жителите на Лондон утринава забележале два коња без сопственик во центарот на градот, од кои едниот изгледал облеан во крв. Носеле седла и узди.

„Околу 8 часот и 40 минути добивме пријава дека коњи без сопственици трчаат низ градот. Полицајците ги запреа на автопатот кај Лајмхаус. Чекаме возило за да ги однесеме на ветеринар“, соопшти полицијата.

Скај њуз вели дека коњите припаѓаат на дворската коњаница, дел од британската армија. На социјалните мрежи се појавија видеа од настанот на кои се гледа како црн и бел коњ трчаат по улицата. Набрзо зборуваше портпаролот на армијата.

„Одреден број воени коњи се олабавиле за време на рутинска вежба. Сите коњи сега се вратени во кампот. За време на инцидентот се повредени одреден број вработени, како и коњите. На сите им била укажана лекарска помош ," вели тој .

Извор: Индекс.хр

притисни ентер