Џафери за српска „Политика": Докажавме дека Албанец на значајна позиција не е „бауч“

За време на мојот мандат никогаш не бев воден од политичките интереси на мојата партија. Јас бев претседател на сите народни претставници и комуницирав директно со секој од нив, пред или зад окото на камерата. 

Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери, говорејќи за тоа што неговата партија ДУИ го доби местото претседател на Собранието, оцени дека е свесен дека имало скептицизам и страв кај граѓаните, но дека докажал дека Албанец на важна позиција не е бауч, јави дописникот на МИА од Белград.

– За време на мојот мандат никогаш не бев воден од политичките интереси на мојата партија. Јас бев претседател на сите народни претставници и комуницирав директно со секој од нив, пред или зад окото на камерата. Со оглед на контекстот во кој бев избран на оваа позиција, по многу тешка криза и биполаризација на нашата земја, а доаѓајќи од албанска политичка партија, мене можеби ми беше полесно за нијанса да соработувам со сите директно, кажа Џафери во интервјуто за денешна белградска „Политика".

Според него, резултатот на тоа е дека нивото на конструктивен дијалог и култура на дебатата се искачи на високо ниво – сите, и власта и опозицијата, учествуваа конструктивно во работата на Собранието, што е регистрирано во извештајот на Европската комисија за напредок за земјата.

Тој оцени дека тоа дејствувало позитивно и врз релаксирањето на односите меѓу двете најголеми етнички заедници во земјатa.

На прашањето на „Политика" дали по парламентарните избори, Албанец мора да биде на раководна функција во Собранието или во извршната власт, Џафери одговори дека „изминативе три и пол години се доказ дека тоа не е нелогично" и дека тоа е „разумно решение што говори за демократската зрелост на земјата и на демократските институции, имајќи го предвид составот на нашето општество и целта сите граѓани да се еднакви пред уставот и законите".

Џафери во интервјуто оцени и дека споровите можат да се решат само кога за нив се дискутира директно и без ракавици, истакнувајќи ја „конструктивноста на сите страни" во Собранието во донесувањето важни одлуки и упати совет до лидерите во регионот да користат механизам на отворен дијалог, дури и без посредници".

– Ние, како земја, својот пат кон напредокот го креираме преку отворен дијалог затоа што таа лекција ја извлековме од долгогодишниот спор со Грција. Добрососедските односи се најсилниот аргумент и придонес што можеме да го дадеме за развој на регионот и напредокот со поддршката од европската заедница, изјави Џафери, кој објаснувајќи ги односите со Србија кажа дека Македонија е суверена, независна држава, која во Собранието усвои Декларација за признавање на Република Косово, која ќе ја почитува и идниот претседател на Собранието.

Како што објасни Џафери за „Политика", предвремените парламентарни избори, што треба да се одржат на 12 април, беа распишани откако лидерите на политичките партии, поради недоделувањето датум за почеток на преговорите со Македонија, на состанокот кај претседателот, решија да го вратат мандатот и повторно да побараат легитимитет од народот за патот што нивната земја треба да го следи по изборите. /МИА.

Грчкиот Парламент вечерва ќе гласа за предлогот на опозицијата за гласање недоверба на Владата

Пратениците во грчкиот Парламент вечерва ќе гласаат за предлогот за недоверба на Владата на Нова демократија, доставен од четири опозициски партии.

Пратениците во грчкиот Парламент вечерва ќе гласаат за предлогот за недоверба на Владата на Нова демократија, доставен од четири опозициски партии, предлог што се очекува да не биде изгласан и да не создаде проблеми за владиното мнозинство, јави дописничката на МИА од Атина.

Пратеничките групи на ПАСОК, СИРИЗА, Нова левица и на Курс на слобода во вторникот доставија заеднички предлог за гласање недоверба на Владата, по иницијативата на лидерот на ПАСОК Никос Андрулакис, поради новите информации за железничката несреќа во февруари минатата година кај Темпи, објавени од весникот „То вима“.

Тридневната расправа на пленарна седница ќе заврши вечерва најдоцна до полноќ со гласање на пратениците, а на гласањето ќе му претходат говори на лидерите на политичките партии, како и на грчкиот премиер.

Речиси невозможно е предлогот на опозициските партии да биде изгласан, со оглед на тоа што за Владата да ја загуби довербата потребно е да гласаат најмалку 151 од вкупно 300 пратеници во Парламентот, додека пак владејачката Нова демократија има мнозинство од 158 пратенички места.

Текстот во весникот „То вима“ објавен во неделата за монтираните аудиозаписи за железничката несреќа кај Темпи на 28 февруари 2023 година во која загинаа 57 лица, кај опозициските партии во Грција предизвика низа реакции, кои кулминираа со доставување на предлогот за гласање недоверба на актуелната Влада.

Иницијативата беше на лидерот на ПАСОК Никос Андрулакис, кој на почетокот на неговото обраќање во Парламентот истакна дека Владата на Нова демократија, систематски го поткопува владеењето на правото во земјата.

Предлогот за гласање недоверба е потпишан од 85 пратеници (од вкупно 300 во Парламентот) и е поддржан од ПАСОК, СИРИЗА, Нова левица и Курс на слобода, а во него потписниците детално се осврнуваат на сето она што следеше по железничката несреќа и како Владата управуваше со целиот случај, упатувајќи ѝ критики и обвинувања, меѓу другото и дека „континуирано го деградира владеењето на правото, ја поткопува самата демократија и ја разнишува довербата на граѓаните кон политиката, институциите и правдата“.

Санкционирани 167 возачи во Скопје

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

Хантер Бајден бара отфрлање на обвиненијата за затајување данок

Хантер Бајден бара отфрлање на обвиненијата за затајување данок, за кои тврди дека се политички мотивирани.

Адвокатите на Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо Бајден, побараа да се отфрлат обвиненијата против него за федерално затајување данок како дел од политички мотивираното гонење.

Ејб Ловел, главниот бранител на Хантер Бајден, истакна дека ова не е обичен случај, тврдејќи дека има неправилности во начинот на кој бил покренат и истражен, што федералните обвинители го отфрлија, пренесува Си-Би-Ес њуз.

Во правните поднесоци поднесени во последниве недели, канцеларијата на специјалниот советник Дејвид Вајс соопшти дека политиката нема никакво влијание врз случајот и ги отфрли тврдењата дека обвиненијата се покренати за да се смират републиканците, нарекувајќи го тврдењето „поттикнување заговор“.

Окружниот судија на САД Марк Скарси подоцна укажа на недостиг на докази за поддршка на тврдењето дека политиката има какво било влијание врз обвиненијата.

Хантер Бајден не се појави на сослушувањето во средата, но се изјасни за невин по девет федерални даночни обвиненија во Централниот округ на Калифорнија во јануари, откако федералните обвинители наведоа дека тој се вклучил во „четиригодишна шема“ за да избегне плаќање најмалку 1,4 милиони долари даноци и го обвинија за непријавување и неплаќање данок, односно затајување.

притисни ентер