Од ИПАРД 2 програмата на располагање 9,2 милиони евра, аплицирањето од денеска до 14 април

Сите земјоделци кои сакаат да ги модернизираат фармите од денеска па се до 14 април 2020 година, ќе може да аплицираат за добивање на финансиска поддршка преку ИПАРД 2 Програмата.

Станува збор, како што соопштуваат од Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за мерката „ Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства" од ИПАРД 2 Програмата. Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува 9.216.693 евра или 568.147.394 денари. Овој повик, појаснуваат од Агенцијата, им овозможува на земјоделските стопанства широк спектар инвестции во примарното земјоделско и сточарско производство, вклучително и инфраструктурни зафати.

-Мерката е наменета за реализирање инвестиции што се однесуваат на следните приоритетните сектори: растително производство, сточарско производство, преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на земјоделското стопанство, производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка. Во овој повик не се прифатлива инвестиција трактори, изјави Бабовски.

Финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратен грант во износ од 60 отсто од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за оваа мерка. Процентот се зголемува до 65 отсто за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка) и 70 отсто за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области.

Сите кои сакаат да аплицираат треба да имаат комплетна документација и да пополнат и поднесат Барање за користење средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020 за мерка 1 – „Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства" и придружна документација како што е наведена во Јавениот повик. Пополнетото барање за користење на средства по мерка 1 од ИПАРД Програмата 2014-2020 и целокупната документација се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол „НЕ ОТВАРАЈ" за Јавен оглас ИПАРД број 01/2020 и назначување на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта како препорачана пратка или лично во писарницата на Агенцијата.

-Преку искористувањето на средствата од ИПАРД 2, Република Македонија ќе обезбеди достигнување на стандардите на Европската Унија кои се однесуваат на квалитет и безбедност на храна, јавно здравје, заштитата на животната средина, заштита при работа, здравје и заштита на растенијата и на животните, благосостојба на животните, како и поддршка за одржливо управување со природните ресурси и подобрување на условите за живот во руралните средини и руралната економија во целост, стои во соопштението од Агеницјата. /МИА

Гир: Да се исполнат препораките од ОЛАФ, нема да се намалат средствата за Еразмус+

Евроамбасадорот вели дека согласно стандардните процедури не ги коментира одлуките донесени од ОЛАФ, бидејќи како што рече, тоа е тело на Европската унија за истражување измами.

Амбасадорот на Европската унија во државава Дејвид Гир изјави дека нема да се намалат финансиските средства определени од Европската унија за Националната агенција за Еразмус+, како и дека програмата од која придобивки имаат младите, ќе продолжи понатаму да се имплементира.

Во одговор на новинарско прашање откако Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) побара поврат на 2,2 милиони евра од Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ Гир денеска рече дека очекува државава да продолжи да ги испорачува препораките дадени од ОЛАФ.

Евроамбасадорот вели дека согласно стандардните процедури не ги коментира одлуките донесени од ОЛАФ, бидејќи како што рече, тоа е тело на Европската унија за истражување измами.

– Очекуваме од страна на Националната агенција за Еразмус+ тука во Република Македонија да продолжи да ги испорачува и да ги исполнува сите препораки коишто се дадени од страна на ОЛАФ. Се разбира дека ние продолжуваме да имаме доверба во работата на самата Агенција за Еразмус+ што значи дека остануваме убедени дека количеството на финансиски средства кои што се определени за Еразмус+ нема да се намалува, напротив ние сме среќни да споделуваме со вас дека Еразмус+ ќе остане да се имплементира и од неа ќе имаат придобивки младите, учениците, студентите и универзитетите во вашата земја, рече Гир, на новинарско прашање по учеството на панел-дискусијата „Разобличување на антиродовите дезинформации“.

Директорот на Националната агенција Марко Ѓоргиевски вчера на прес-конференција соопшти дека биле информирани дека постојат неправилности во врска со проектни досиеја на 22 корисници на грант од програмата Еразмус+ финансирани од Европската комисија. Ѓорѓиевски рече дека не може да соопшти повеќе детали, бидејќи предметот е кај Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и е во предистражната постапка. Агенцијата,, како што рече, е отворена за соработка и со сите нивни ресурси и документација им стои на располагање на Обвинителството што го истражува предметот и на Управата за финансиска полиција.

Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура на Европската комисија, согласно извештајот на ОЛАФ, на 30 ноември 2023 по е-пошта пратил известување до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со барање за поврат на средствата, а овој месец Агенцијата примила известување и за конечност на одлуката. Согласно ова известување, се бара поврат на средства 2.276.212 евра кои биле доделени како грантови во периодот од 2016 до 2018 година.

„Туркиш ерлајнс“ по 10 години ги обнови летовите за Триполи

Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ ги обнови своите летови за Триполи по 10-годишен прекин, означувајќи ново поглавје во односите меѓу Турција и Либија, пишува турскиот весник „Туркије“.

Авионот на авиокомпанијата слета на меѓународниот аеродром „Митига“ во либиската престолнина и беше пречекан со церемонија на која присуствуваа министерот за транспорт на Либија, Мохамад Салем Аш Шахуби, турскиот амбасадор во Триполи, Кенан Јилмаз, генералниот директор на турската цивилна авијација проф. Кемал Јуксек, генералниот директор на цивилното воздухопловство на Либија, Абдурахман бин Јусуф и генералниот директор на „Туркиш ерлајнс“, Билал Екши.

Министерот за транспорт на Либија, Мохамад Аш Шахуби, изрази благодарност до турската влада за нејзините напори да ги обнови летовите на авиокомпанијата. Според него, тој чекор ќе ги поттикне и другите меѓународни авиокомпании да преземат слични чекори.

Турскиот пратеник Јилмаз рече дека Турција и Либија се решени да ги зајакнат своите односи на полето на транспортот, како и на сите други полиња. Тој подвлече дека обновувањето на летовите претставува историски пресврт во односите меѓу двете земји. /МИА

Мицотакис: Од 1 април минималната плата се зголемува на 830 евра

Зголемување на минималната плата во Грција за 50 евра соопшти грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на денешната владина седница истакнувајќи дека од 1 април ќе изнесува 830 евра, јави дописничката на МИА од Атина. 

Грчкиот премиер посочи дека ова е четврто зголемување во изминатите пет години откако Нова демократија дојде на власт, потсети дека во 2019 година, изнесуваше 650 евра и сега „во суштина има пораст од 27 отсто“.

-По покачувањата во државниот сектор, по покачувањето на пензиите, се спроведува во пракса уште еден чекор во реализацијата на нашите заложби. Воведуваме трајни мерки, го нагласувам ова, трајни мерки, кои се однесуваат на милиони домаќинства и кои очигледно ќе важат и откако ќе поминат меѓународните зголемувања на цените, за да можеме да ја постигнеме поставената цел: во 2027 година просечната плата во нашата земја да биде1.500 евра, а минималната плата 950 евра, рече Мицотакис.

Објасни дека зголемувањето на минималната плата ќе значи и зголемување на уште 18 додатоци и бонуси. /МИА

притисни ентер