Автомобил превртен на покрив пред основно училиште во Аеродром- Ова не е булевар, ова е кланица

Без жртви за среќа поминала денешната сообраќајна несреќа на улицата „Васко Карангелевски“ пред самото основно училиште „Љубен Лапе“ во скопски Аеродром.

Во несреќата помеѓу два автомобила од кое едното се превретело на покривот и со телесни повредени се здобила 45 годишна која го управувала автомобилот. Несреќата се случила на пресекот на самата крстосница. Граѓаните велат дека овде мора да се постават итно семафори, бидејќи станува збор за голема крстосница каде и тие што немаат првенствено право на минување соа втомобил немаат прегледност и се судираат со возилото од другата насока. А од друга страна и многу брзо се вози. Она што најмногу ги загрижува е што во близина има училиште и децата сами минуваат.

Со слично барање е општина Аеродром тие бараат градот веднаш да го реши овоој проблем.

- Безбедноста на граѓаните е најважна и токму поради уште еднаш апелираме и бараме Министерството за внатрешни работи, Градот Скопје и градската администрација да преземат соодветни мерки за ревидирање на сообраќајното решение за улицата „Васко Карангелевски“, во насока на поставување на соодветна сигнализација со која се гарантира безбедноста на пешаците и останатите учесници во сообраќајот

Новата крстоница беше скоро пуштена во употреба. Од град Скопје за канал 5 велат дека улицата е соодтветно обележана и дека не гледаат дека проблем не претставува сигнализацијата туку не регулирањето од страна на полицијата.

„Франција во светлина“ – спектакл на „Бела ноќ“ во Скопје

Да патуваме и сонуваме и секој да ја отсонува својата приказна. Тоа е пораката која на 20-то издание на „Белата ноќ“ во Скопје ја испрати француската театарска трупа „Кидам“.

Пеформансот насловен како „Сонот на Ербер“ предизвика големо внимание кај јавноста, а започна од Музејот на Град Скопје.

Пет луѓе, трансформирани во џиновски фигури продефилираа по улица Македонија, предизвикувајќи насмевки кај присутните, а најмногу кај децата

Потоа, тие кратко време се задржаа на плоштадот „Македонија“, и прегрнувајќи ги уличните канделабри. Веднаш после тоа, се упатија кон плоштадот „Карпошово востание“ преку Камениот мост.

Таму, следуваше главниот магичен ритуал и преку музика, фигурите овозможија една ѕвезда да се издигне на небото.

Директорот на Францускиот институт во Скопје, Иго Бештел не го криеше задоволството што „Кидам“ се претставиле пред скопската публика.

Голем дел од присутните со насмевка го проследија перформансот. Велат, не очекувале ваков ритуал и посакуваат вакви настани да има што почесто во земјава во иднина.

-Убаво, убаво. Навистина интересна точка. Не очекував дека вакво нешто ќе се случи тука. Прекрасно изненадување, морам да кажам.

Инаку, француската театарска група „Кидам“ е основана во 1994 година, а имаат повеќе од 150 настапи годишно во повеќе земји. Во групата членуваат 27 уметници и техничари.

Спектаклот „Сонот на Ербер“ беше еден од дваесетина настани што синоќа се одржуваа на повеќе локации во Скопје во рамките на „Бела ноќ“.

Инаку, настанот го организираше Францускиот институт во Скопје по повод 50 години од своето постоење.

Изет Меџити даде отчет за сто дена Влада

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити денеска даде отчет за сработеното во стоте дена Влада. 

На новинарско прашање кажа дека борбата против загадениот воздух е приоритет број еден.

Кавадарчанка пријавила напад врз малолетниот син во угостителски објект со стаклени предмети

Кавадарчанка пријавила дека нејзиниот малолетен син бил нападнат во угостителски објект со стаклени и други предмети, информираа денеска од СВР - Велес.  

- Утринава во 04.10 часот во ОВР - Кавадарци, 45-годишна кавадарчанка пријавила дека во угостителски објект, нејзиниот малолетен син бил нападнат со стаклени и други предмети од И.С. и други лица меѓу кои биле И.И., Ф.П., С.Л, Т.П. и Д.М. Исто така, во 04.30 часот во ОВР - Кавадарци, кавадарчанецот П.Т., на возраст од 22 години, пријавил дека додека бил во угостителскиот објект, бил удрен со стаклен предмет од И.С, соопштија од СВР - Велес.

Оттаму појаснија дека претходно, во времето од 01.45 до 02.00 часот во градот, полициски службеници ги привеле О.П.(20) и И.С.(21), двајцата од Кавадарци, како и Ќ.П.(25) и Д.К.(25), двајцата од Неготино, затоа што пред угостителски објект во Кавадарци го нарушиле јавниот ред и мир. Додека полициските службеници преземале службени дејствија, малолетник од Неготино ги попречувал, по што малолетникот бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.

- Се преземаат мерки за целосно расчистување на настаните, додадоа од Секторот за внатрешни работи.

Оттаму информираа исто така дека во 04.00 часот во ОВР - Кавадарци, 20-годишна девојка од Кавадаречко пријавила дека во близина на спортска сала „Јасмин“ во градот, по расправија со нејзиниот поранешен партнер К.К.(19) од неготинско село, настанала физичка пресметка. Од страна на К.К. истиот настан бил пријавен и во ОВР - Неготино. По документирање на настанот, ќе бил поднесен соодветен поднесок.

- Вчера, пак, во 14.30 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишиле од слобода М.Т.(31) од кавадаречко село, затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата 52-годишна мајка. М.Т. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител, соопштија од СВР - Велес.

По документирање на настанот, против него ќе била поднесена соодветна пријава.

притисни ентер