Бауш: Неоправдано е поскапувањето на лебот, очекувам заздравување на економијата

Откако за околу 10 % скокна цената на одредени видови леб – експертите велат нема реална причина за растот на цената.

Откако за околу 10 % скокна цената на одредени видови леб – екпертите велат нема реална причина за растот на цената, според познавачите бизнисот го користат вакум периодот на смена на власта, новиот закон за нефер трговски практики, а влијание според професорот Абил Бауш имаат и некогашните владини мерки за замрзанти цени и маржи.

Според Бауш непотребно се создава паника, вели очекува во следниот период заздравување на македонската економија.

„Ако гелдаме на глобално ниво и ако ги читаме резутатите, ни цената на енергенсите не е покачна нешто драматично, ниту цената на нафтените деривати, а не е нешто многу покачена ни цената на житото. Ова сега се се случува во момент кога се очекува да ги даде првите резутати и законот за нелојална конкуренција и таа предонсот од една во друга влада, некој тоа го чека за да направи паника за да се направат тие притисови за покачување на цените,“--изјави Абил Бауш – економски аналитичар.

Според Бауш, како држава имаме цел сет на одлуки со кои може да се контролира инфлацијата и да се заштити стандардот на граѓаните.

„Од Ценатраланата банка, па се до министерстовто за финансии, има централни политики на кои може да се направат среднорочни и долгорочни, кои може да ја зауздаат таа економија, иако кажав дека полседниот кваратал ние може да очекуваме и да бидеме во некој вид на економско оппоравување и да почне да се мисли на економски раст и развој.“-изјави Абил Бауш – економски аналитичар.

Во меѓувреме се крои и новата цена на струјата за домаќинствата. Според неофицијални информации минатата недела на затворена владина седница било прифатено државните електрани да ја продаваат произведената струја на универазлниот снабдувач по повисока цена, односно наместо досегашните 57 цената да изнесува 60 евра за мегават. Но какви сметки од 1 јули ќе плаќаат граѓаните ќе се знае конечно за околу 15 тина дена, во меѓувреме треба да помине и аукцијата на тендерот за набавка на струја.

Граѓаните стравуваат од нов ценовен шок.

„Скапо е скапо е претерано. Пензионерскиот живот е тежок... со 16 илјади денари каде ќе одиш.... се потешко и потешко е ... сиромаштија.... “

„Би било лудо сега струјата да се покачува кога ни зима видовме, и се штеди и не се троши многу струја, ете се направија таму тие групи скапа евтина и оние што трошат повеќе ќе си платат повеќе, тоа можда беше логично нешто направено... ајде лебот 1 2 денари не е нешто страшно... “

„Нема да се издржи, треба ли да јадат овие деца, треба струја да се пплати, а ти викаплати тоа, плати ова со што да платам.. кредити, кратички.... треба да се качат, најмалку 500 евра....кога ќе имаш пари ќе можеш да платиш и струја и вода и се и ќе има и за јадење....“

За основните трошоци за живот на едно четири члено семејство, месечно потребни му се минимум 1000 евра, покажуваат последните пресметки на синдикатите, износ кој е еднаков на две ипол минимлани плати. Предупредуваат дека ако има раст на цената на струјата тоа ќе биде нов удар врз џебот на граѓаните. Од ССМ во повеќе наврати најавија дека ќе бараат од новата влада, минимална плата од минимум 450 евра.

Премиерот Мицкоски оствари средба со српскиот претседател Вучиќ во Лондон

На Самитот на европската политичка заедница во Лондон, премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Пријателска средба со Александар Вучиќ, Претседател на Република Србија во Лондон на Самитот на европската политичка заедница.

Разговаравме за продлабочување на соработката, како и за мирот и стабилноста на регионот.

Добрососедските односи се клучен фактор за просперитет и развој на земјите од Балканот, и во тој контекст се договоривме наредниот период да продолжиме со добрата комуникација помеѓу двете земји.

Економијата и трговската размена, како и подобрување во инфраструктурното поврзување помеѓу Македонија и Србија треба да бидат значаен фактор кон развивање на двете земји“, објави Мицкоски на Фејсбук.

Мицкоски: Транзитот на гас низ Македонија е во корист на Европа

Денеска претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во своето обраќање на Самитот на европската политичка заедница кој се одржа во Лондон се осврна на енергетиката.

„Енергетиката е денес важно прашање во светот во услови на руска агресија на Украина. Да се зборува за енергетика во политиката е една работа, а кога се зборува за реализација на енергетски проекти од технички аспект е сосема друга. Да нагласам дека реализацијата на енергетските проекти бара време, не може само да замислиш и веднаш истото да се реализира. Мора да направиш план, да ја завршиш домашната работа и потоа да следи една декада до реализација“, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека е неопходна регионална соработка на овој план, бидејќи сите земји од регионот и Европа треба да најдат алтернатива на рускиот гас и неговата злоупотреба за политичко влијание.

„Мора да ги консолидираме нашите планови и да работиме заедно, затоа што без разлика дали сме членови на ЕУ или кандидати за членство, ние мора да работиме заедно, затоа што сите ние сме поврзани. Ние сме мала земја, ние не сме голем конзумер на енергија, но сме значен дел затоа што сите транзитни договори низ Украина истекуваат до крајот на годината. Единственото решение ќе останат јужниот и турскиот поток што значи руски гас и Русија ќе го искористи тоа за политичко влијание. Затоа мора да најдеме начин како да го замениме рускиот гас со други извори“, кажа премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски посочи дека Македонија забрзано работи на полето на енергетиката, се работи на изградба на интерконектори и целта е државата да има важна улога во идниот транзит на азербејџански, катарски, американски или друг извор на гас кон Европа.

„Ние можеме да бидеме значаен транзитен фактор. Ние ја забрзуваме изградбата на интерконектор со Грција и наскоро ќе почнеме со изградба на интерконектор со Србија. Со тоа и централно европските земји би имале подобар пристап до азербејџански, катарски, казахстански и гас од САД. Транзитот низ мојата земја е во корист на Европа. За таа цел ние имаме нов ресор во Владата, министерство за енергетика, рударство и минерални суровини кое ќе биде одговорно за ова прашање, бидејќи сакаме да бидеме значаен играч на ова поле“, рече Мицкоски.

Европската централна банка донес еодлука за каматната стапка

Европската централна банка ја задржа основната каматна стапка на 3,75 отсто, оставајќи ја вратата отворена за можното намалување во септември .

Европската централна банка ја задржа основната каматна стапка на 3,75 отсто, оставајќи ја вратата отворена за можното намалување во септември и покрај загриженоста дека геополитичката несигурност и брзиот раст на платите ќе продолжат да ги зголемуваат цените, пишува Фајненшл тајмс.

Оваа одлука била очекувана, пренесува Ројтерс, а со ова ЕЦБ не дала никакви навестувања за нејзиниот следен потег, со образложение дека домашните ценовни притисоци се уште се високи и дека инфлацијата ќе биде над целта веќе следната година.

ЕЦБ ги намали стапките од рекордно високите стапки минатиот месец, потег што дури и некои од нејзините креатори на политиката го сметаа за избрзан откако напредокот во намалувањето на инфлацијата до целта од 2 отсто заглави.

Со домашната инфлација сè уште тврдоглаво висока и стабилен раст на платите, банката најверојатно ќе биде повнимателна во однос на понатамошните чекори.

Тоа значи дека каматните стапки на главните операции за рефинансирање и каматните стапки на маргиналната кредитна линија и на депозитната линија остануваат на 4,25%, 4,50% односно 3,75%.

притисни ентер