Бега од љубоморен маж преку балкон на петти кат, но потоа го стигнаа лутите соседи (ВИДЕО)

Руските медиуми јавуваат за урнебесната драма што се одвивала на петтиот кат од станбена зграда во рускиот град Липек со половина милион жители, а вклучува и видео од гол маж кој бега од станот - преку балкон.

Стотици граѓани ја следеа расправијата меѓу гол маж и жена на авенијата Побједа. И таа беше без облека.

Потоа се спушта на балконот долу и исчезнува во станот.

Во меѓувреме на местото на настанот пристигнала полиција и вработени во Министерството за вонредни состојби.

Во следната сцена на видеото, која се споделува на социјалните мрежи, го гледаме истиот човек кој успеал некаде да набави гаќички.

Се наоѓа на надворешната единица за климатизација на истата зграда. Тој е видно нервозен и се обидува со нога да го скрши прозорецот, но безуспешно.

Потоа се скршила конструкцијата на клима уредот, а мажот паднал на платото, каде го пречекале бесните соседи и полицајци.

Според локалните медиуми, тој бил нападнат од човек со лопата, а на помош му дошле полицаец и лут сосед. Откако бил соборен, пристигнал човек со палка. Потоа бил уапсен и му била укажана лекарска помош.

Што точно се случило во Улица Побједе во зградата број 128 околу 19 часот и 30 минути на 31 мај, тамошните медиуми се уште не можат да откријат - дали љубовникот бега од балконот и го фати љубоморниот сопруг или дали неговото однесување било резултат на консумирање дрога.

Татко - херој: Се удавил додека го спасувал својот син (ВИДЕО)

Американецот Гери Симард (44) се удавил на плажа во Масачусетс додека се обидувал да го спаси својот син.

Тој кобниот ден бил на плажа со семејството. Неговиот син пливал во океанот, кога струите наеднаш го одвлекле од брегот во длабочините.

Гери го слушнал како вика за помош, а потоа се втурнал во водата за да го спаси.

Неговиот син бил извлечен на безбедно од двајца пливачи, но Гери за жал се удавил.

Лекарите од Итната помош се обиделе да го реанимираат на плажата, бил префрлен во болница, но сепак починал.

Семејството на Гери го опишале како голем херој кој живеел за своите деца.

"Мојот син е херој. Го спаси својот син и го загуби животот", изјавила неговата мајка Линда.

Зад себе ги остави сопругата и четирите деца, објави Њујорк Пост.

Европската Комисија ќе обезбеди помош од 500.000 евра за Нагорно Карабах

Европската комисија ќе обезбеди хуманитарна помош од 500.000 евра за поддршка на населението погодено од воените операции во Нагорно Карабах.

Во соопштението на ЕК се наведува дека помошта од ЕУ е наменета за жртвите да ги задоволат нивните основни потреби. Вонредното финансирање е како додаток на хуманитарната помош од 1,17 милиони евра што ЕУ ја посвети на почетокот на годинава за решавање на кризата во Нагорно Карабах, се наведува во соопштението за медиумите, а пренесува порталот „Ерменија Ајкор“.

„Ескалацијата на конфликтот во Нагорно-Карабах имаше сериозни последици за цивилното население. Како одговор, ЕУ обезбедува дополнителни 500.000 евра итна хуманитарна помош за поддршка на раселените лица. Ние внимателно ја следиме ситуацијата на терен и сме подготвен да понудиме дополнителна помош“, изјави еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич.

Тој ги повика сите страни во конфликтот да обезбедат непосреден и непречен пристап до хуманитарните организации. ЕУ е во близок контакт со хуманитарните партнери на терен и е подготвена да одговори на новите хуманитарни потреби во случај на натамошна ескалација, се заклучува во соопштението на ЕУ, која обезбеди повеќе од 21 милион евра хуманитарна помош за Ерменија и Азербејџан од ескалацијата на конфликтот во 2020 година.

По новиот бран конфликти, вчера беше постигнат договор за прекин на огнот меѓу азербејџанските вооружени сили и ерменските трупи во отцепениот регион Нагорно-Карабах, населен главно со Ерменци.

Договорот беше постигнат со посредство на рускиот мировен контингент, откако официјален Баку започна „антитерористичка операција“ во Нагорно-Карабах за да го врати уставниот поредок во областа контролирана од ерменските сепаратисти.

Поенти „Само Вистина“

Вечерва во Само Вистина дебатираа пратениците Павле Трајанов од ДС, Ненад Коциќ од СДСМ и Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ. Со нив разговараше Андријана Лазова. 

Трајанов: Амнестија има цел да поминат уставните измени. Сите фракции во партиите пропаднале, тој што не ја слуша матицата, нема просперитет. Законот за амнестија е подготвен по теркот за аболиција на Ѓорѓе Иванов, на ист начин. Најмал проблем е внесувањето на Бугарите во уставот, прашањето е покомплексно. Три работи се клучни за нас: Бугарија да ги признае правата на Македонците, да имаме реципроцитет, Советот на ЕУ да донесе одлука дека македонскиот јазик ќе биде официјален службен јазик по приемот и ако Советот на ЕУ не може да ја промени рамката да донесе одлука дека историските прашања нема да бидат основа за блокада од Бугарија. Да не беше отпорот на јавноста ќе имаше и нови барања. Прво треба да заврши скринингот, нема да се отвораат кластери во 2024 година, таа година нема ништо да се случи.

Коциќ: Партија што му направила споменик на Симеон Радев ќе не брани од бугарски диктат? Антиевропското крило тесно соработува со Софија. Ајде да ги изгласаме измените, доколку утре некој не уценува, ќе ги отповикаме. Ние самите се блокираме како држава, не е изолација, туку е само изолација. Амнестија за криминалците нема да има, не за тие што ќе бидат осудени. Според официјалниот попис Бугарите се 3506, провокации се од страна на Бугарија тврдењата дека има 120 илјади Бугари во Македонија. Треба Македонија да им ја оставиме на младите, а не во балканската кал заедно со Косово и БиХ.

Јаревски: Ова е самоуништување, дали на Бугарите ќе им следува место во меѓуетничката комисија? Не е само влазот во Преамбулата, следува место и во комитетот на меѓуетничките заедници, значи им следат сите работи по Бадентер, значи вработувања, канална телевизија со своја програма каде ќе слуѓаме дека Гоце бил Бугар. Интересот на Македонците со СДСМ и ДУИ е загрозен, се докажавте како трговци со националните интереси. СДСМ дозволивте работа на историска комисија, на историски личности и приказни да бидат фактор за напредок кон ЕУ.Зошто Владата не реагира на типичната асимилација на Македонците во Албанија?

притисни ентер