Бен оди преку тенка жица на височина од 160 метри, полицијата не била воодушевена (ВИДЕО)

Бен Шнајдер (28), попознат по прекарот „Непромислениот Бен“, си го ризикувал животот и го уапсиле откако одел по жица - оптегната меѓу два облакодери во Лос Анџелес.

Станува збор за недовршениот луксузен комплекс Oceanwide Plaza, кој денес е празен и „украсен“ со бројни графити.

Доволно е да погледнете неколку видеа на социјалните мрежи и ќе сфатите дека Бен е „зависник од адреналин“.

Опишувајќи го последниот „потфат“, што ја замрзнува крвта во вените на обичниот човек, тој рече:

„Беше застрашувачки. Но, останав фокусиран. Кога ќе се исплашиш, почнуваш да се тресеш и потоа може да паднеш. Не сакав тоа да се случи. Морав да го смирам умот“.

Тој, исто така, објасни како успеал незабележано да влезе во комплексот Oceanwide Plaza:

„Група пријатели се преправаа дека се дел од верски култ. Носевме различни транспаренти со кои им го блокиравме погледот на полицајците. Тогаш ја прескокнавме оградата“.

Младиот човек носел сигурносен појас за време на акробацијата, а јажето го преминал за помалку од две минути, пренесува UPI.com.

Полицијата соопшти дека го истражува случајот, но останува нејасно дали Бен ќе биде обвинет.

Известување од Канал 5 ТВ до македонската јавност!

Следејќи ги обврските кои произлегуваат од Законот за Аудио и Аудиовизуелни медиумски услуги, ТРД Канал 5 ДООЕЛ Скопје ја известува нашата јавност за следново:

Канал 5 ТВ ја известува јавноста дека со последните измени на Законот за Аудио и Аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААВМУ), членот 141 а , ставови 2 и 3, обврзани сме јавно да ги повикаме кабелските оператори за склучување на нови комерцијални договори.

Истовремено ја информираме целата јавност во Македонија но и надвор од неа, дека нашата земја е единствена во Европа каде комерцијалните кабелски и останати оператори кои го реемитуваат нашиот сигнал, не ни плаќаат за нашите авторски и сродни права, што пак не е случај со регионалните и останатите странски ТВ канали кои се реемитуваат во Македонија.

Затоа, почитувајќи ги позитивните законски прописи, објавуваме дека од 1ви Септември 2024 год. очекуваме од операторите на јавни комуникациски мрежи , односно кабелските оператори, од претплатата која ја наплатуваат од граѓаните на Македонија, да одвојат максимум 15 ден. + ДДВ по еден претплатник.

Оваа сума ќе остане на сила до моментот на промена на истата.

Менаџмент на Канал 5 Телевизија

Почина француската глумица Анук Еме

На 93-годишна возраст, денеска во Париз, почина француската глумица Анук Еме. Веста за смртта ја соопшти претставник на агенцијата „Тајмарт“ (TimeArt), а ја потврди нејзината ќерка Мануела Папатакис на Инстаграм.

Анук Еме е позната по улогите во филмот на Клод Лелуш - „Еден маж и една жена“ (1967) и „Долче вита“ (1960) на Федерико Фелини.

Зад себе има 92 филмски и ТВ-проекти, номинација за „Оскар“ за главна женска улога во „Еден маж и една жена“, како и 20-на други одличја и номинации. Последен филм каде што таа глуми е „Најдобрите години од еден живот“ од 2019 година. /МИА

За време на четиридневниот топлотен бран во Грција избувнале околу 200 пожари

Кикиљас посочи дека од денеска и за време на викендот, постои зголемена опасност од пожари во земјата.

Минатата седмица за време на четиридневниот топлотен бран избувнаа околу 200 пожари со кои навремено се справивме пред да се прошират, благодарение на огромните напори на пожарникарите и сите сили на цивилната заштита, истакна министерот за климатски кризи и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас, јави дописничката на МИА од Атина.

Кикиљас посочи дека од денеска и за време на викендот, постои зголемена опасност од пожари во земјата, односно како што рече „картата на опасност ќе биде чекор пред црвеното ниво на тревога“, поради сувата вегетација од високите температури во изминатиот период, во комбинација со новото зголемување на температурата и силниот ветер.

-Станува збор за најопасниот коктел за појава на пожари кој за неколку минути може да достигне неконтролирани размери, истакна Кикиљас.

Порача дека сè што во овој период може да предизвика дури и најмала искра, како што е горењето или скарата е забрането со закон за време на сезоната на пожари и истакна дека целиот државен механизам ќе биде во состојба на готовност со зголемени патроли на копно и со помош на дронови од воздух./МИА

притисни ентер