Бензема би сакал да ја напушти Саудиска Арабија, разочаран е од нивото на лигата

Карим Бензема сака да ја напушти Саудиска Арабија. Според Релево, фудбалерот е разочаран од нивото на лигата во земјата, недостатокот на професионализам и инфраструктура.

Сепак, заминувањето на Французинот од Ал-Итихад ќе биде тешко да се направи, бидејќи неговиот скапо платен договор е до 2026 година. Дополнително, заминувањето на Бензема може да се смета за навреда од локалните челници кои вложија значителни средства во играчот.

Се нагласува дека во најдобар случај може да му биде дозволено да се пресели во друг саудиски клуб, подобро опремен и заземајќи повисоко место во поредокот.

Ал-Итихад е петти во првенството.

Францускиот напаѓач се соочуваше со критики за неговите игри во текот на тековната сезона. Тој во моментов закрепнува од истегнување на мускулот на потколеницата, бидејќи веќе пропуштил еден месец.

Во текот на сезоната, 36-годишниот играч одигра 29 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 13 голови и осум асистенции./МИА

Почина Стојан Андов – првиот претседател на Собранието на независна Македонија

Беше прв претседател на Собранието на независна и суверена Република Македонија, претпознатлив во начинот на водењето на собранискиите седници, како политичар од старата гарда важеше за еден од водечките по осамостојувањето на државата.

Стојан Андов почина денеска на 89 годишна возраст. На првите повеќепартиски избори во1990 тој беше избран за пратеник во Собрнаието, а во неколку наврати беше и негов претседател. По неуспешниот атентат на претседателот Киро Глигоров Андов привремено ја вршеше и функцијата шеф на државата, а потоа во 1999 година влезе и во трката за оваа функција како кандидат на ЛДП не неуспеа да влезе во вториот круг.

Пред две години Андов во интервју за Канал 5 раскажувајќи за моментите на осамостојувањето на државата се потсети на еуфоријата и радоста која тогаш владееше меѓу народот, но и за заканите..

-Сите сметаа дека ние еднаш во историјата да имаме дефинитивно покрај сите побиди да имаме востанија и апсолутната борба на асном сепак тоа не беше независна држава, тоа е историски момент кој го почувсвувал народот и необично многу ес радувавме, се убаво тоа но веднаш псле почнаа да доаѓаат закани но грците не признаа ништо, грчката власт и медиуми страшн не нападнаа, Американците го признаа референдумот го поддржаа и одма објавија дека не смее никој да ги нарушува гранциите на Македонија тоа беше клучно. - Стојан Андов – 8 септември 2021

Андов се сметаше за експерт на економските прашања, а во неговата кариера ќе биде запаметен и како амбасадор на поранешна Југославија во Ирак. Тој честопати кажуваше дека земја како Македонија има неопходна потреба со соседите да има најдобри можни односи, но не по секоја цена..

Андов е една од најмаркантните фигури во Македонија, кој даде особен придонес во удирањето на темелите на македонскат адржава и парламентарната демократија смета екс претседателот на собрнаието Тито Петковски.

Андов пред две години беше одлукуван со Орден „8 Септември“, за особен придонес, почит и благодарност за осамостојување на државата.

Експерти: Од 1 јули нема да се плаќаат повисоки сметки за струја доколку се укине мрежарината

Граѓаните од 1 јули нема да плаќаат повисоки сметки за струја доколку се укине мрежарината.

Граѓаните од 1 јули нема да плаќаат повисоки сметки за струја доколку се укине мрежарината која сега е дел од сметките, оценуваат дел од експертите во земјава и покрај најавите дека ЕСМ на тендерот на 20ти ќе понуди повисока цена за 5 % и ќе покрива само 85 % од потребите.

Професорот Константин Димитров за Канал 5 вели струјата е стока со пазарна цена, а Македонија мора да се фокусира на сопствено производство. Според него граѓаните го плаќаат недомаќинското работење на државни електрани, со јаглен купен од странство по високи цени, вели, расте и цената на произведената струја. Според Димитров мора да се направи резивија на работата на државни електрани.

„Сончевите колектори ако ги изгради ЕСМ за сопствени потреби ќе влијаат позитивно инаку се што е изградено си го плаќаме на берза по берзанска цена, ако е кај нас во МАкедонија, ако се користи наша површина, ако ги користи нашите дистрибутивни и преносни системи ја купуваме по берзанска цена. Немаме големо фајде од така наречено домашно производство, нас ни треба сопствено производство. “-Константин Димитров – МАЦЕФ

Од ЕСМ за Канал 5 велат дека тие правеле анализи и пресметки, но за крајната цена и количините кои ќе ги испорачаат до универзалниот снабудвач одлучувала Влада на затворена седница.

„ЕСМ е заштитник на цената на електрична енергија и испорачува електрична енергија кон ЕВН Хоум по цена и количина која ја утврдува Владата се со цел пазарните цени на струјата на берзите да не предизвикаат ценовен шок за граѓаните.“- ЕСМ

Од владата пак, не добивме одговор зошто во време кога се очекуваше пониска, беше донесена одлука државни електрани да ја продаваат струјата по повисока цена. Вчера првиот регулатор Билсимовски иако рече дека е изненаден од понудената цена бидејќи е повисока, сепак за него поголем проблем е што ЕСМ ќе покрива само 85%, останантите 15 ќе треба да се обезбедат однадвор каде цената во одредени денови е и дупло повисока.

Мицкоски го поднесе предлог составот на Владата до Собранието

Мандатарот Христијан Мицкоски до Собранието го поднесе предлог составот на Владата и имињата, биографиите на идните функционери во извршната власт. 

Тој очекува да биде оваа точка да биде ставена на дневен ред 22 23 јуни, колку што би требало максимално да трае. Во Собранието е Андријана Лазова.

Кои се останатите пораки?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер