Берово утрово најстудено со минус шест степени, во Гевгелија најтопло плус шест

Берово утрово најстудено со минус шест степени, во Гевгелија најтопло плус шест.

Во Берово утрово се измерени минус шест степени Целзиусови, а под нулата е и во Битола и Штип. Во Скопје е три, а најтопло е во Гевгелија со шест степени, соопшти УХМР.

Времето денеска ќе биде сончево и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје сончево и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

Џонг-хјун: Претседателот Јун Сук-јеол лично го прегледа декретот за воведување воена состојба

Претседателот Јун Сук-јеол лично изврши правна проверка на декретот за воена состојба што го донесе минатата недела и учествуваше во пишувањето на конечниот текст, изјави денеска поранешниот јужнокорејски министер за одбрана Ким Џонг-хјун.

Доскорешниот министер за одбрана ова им го кажа на обвинителите за време на неговото прво испрашување по апсењето, објави денеска Јонхап.

За време на петчасовното испрашување, поранешниот министер за одбрана наводно сведочел дека Јун Сук-јеол лично извршил правна ревизија на прогласувањето воена состојба и дека тој и претседателот заедно го напишале последниот нацрт, додека Јун Сук-јеол уредувал дел од содржината.

Ким Џонг-хјун, исто така, рече дека на 1 декември доделил должности поврзани со прогласувањето воена состојба на највисоките воени функционери, кога се обидел да влезе во објекти поврзани со Националната изборна комисија за да обезбеди докази поврзани со наводите за наводна изборна измама.

Поранешниот министер за одбрана во текот на изминатата ноќ се обидел да си го одземе животот во притворскиот центар „Донгбу“ во Сеул, каде што се наоѓа под обвинение за бунт, но моментално е во стабилна состојба, соопшти Министерството за правда.

Ким беше уапсен под обвинение дека му помагал на претседателот Јун Сук-јеол да ја спроведе прогласената воена состојба, која беше окарактеризирана како бунт.

Според законот, планирањето бунт се казнува со смрт, доживотен затвор или минимална казна затвор од пет години.

Јужнокорејската казнена служба на состанокот на парламентарната законодавна комисија објави дека Ким е во заштитна ќелија по обидот да си го одземе животот./МИА

Прилепска пиварница со донација за Одделот за урологија во Општата болница Прилеп

Прилепска пиварница, во рамките на кампањата „ Мовембер – на здравје, за машкото здравје“ донираше набавка на медицинска опрема во вредност од 600.000 денари за Одделот за урологија во Општата болница Прилеп.

Со ова, Прилепската пиварница веќе трета година се придружува на глобалната иницијатива за подигнување на свесноста за поголема грижа за целокупното машко здравје.

Фицо за време на посетата на Бразил бил поздравен како премиер на Југославија

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, кој неодамна беше во прва официјална посета на Бразил, беше претставен како премиер на Југославија, држава која повеќе децении не постои.

Поради здравствените проблеми на претседателот на Бразил, Луиз Инасио Лула да Силва, Фицо бил пречекан од потпретседателот Гералдо Алкмин.

Според Блумберг, Алкмин за време на свечениот ручек го поздравил Фицо како премиер на Југославија.

- Првпат премиер на Југославија го посетува Бразил и ние сме среќни и почестени, изјави Алкмин.

Фицо, не изреагирал на грешката на потпретседателот на Бразил./МИА

притисни ентер