Бешикташ избрка петмина странци- не се вклопувале во тимот

Капитенот на Камерун Винсент Абубакар е меѓу петте странски играчи кои беа отпуштени од Бешикташ од Истанбул по разочарувачките настапи, објави денеска турскиот клуб.

„Винсан Абубакар, Французинот Валентин Розиер, Белорусинот Ерик Баили, Алжирецот Рашид Гезал и Камерунецот Жан Онана се отстранети од тимот поради лошите игри и некомпатибилноста во составот“, соопшти клубот, кој моментално е петти во турската лига.

Новиот претседател на клубот Хасан Арат за AFP изјави дека е подготвен да се раздели со некои од овие играчи во зимскиот преоден рок доколку се појават добри можности. „Нашиот приоритет број 1 е да изградиме подобар тим. Ќе ги пополниме дупките во нашиот тим за време на зимската пауза“, изјави поранешниот кошаркар и бизнисмен, кој минатата недела го презеде Бешикташ.

Црните орли по 15 дена од шампионатот заостануваат цели 14 бода зад другите два големи истанбулски клуба, Фенербахче и Галатасарај, кои се изедначени на врвот на табелата. Меѓу своите цели, претседателот на Бешикташ сака да склучи договор со Пари Сен Жермен за да поттикне доаѓање на млади играчи од тренинг центарот на францускиот клуб во Истанбул.

Хамилтон ќе се обиде да научи италијански пред да се приклучи на Ферари

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон одговори на прашањето дали ќе научи италијански пред да се приклучи на Ферари во 2025 година.

- Во сите овие години не можев да научам други јазици, но секако дека ќе се обидам. Се сеќавам кога се тркав со картинг во Италија, можев да научам нешто, па се надевам дека брзо ќе се сетам на овие фрази, изјави Хамилтон за официјалната веб-страница на Формула 1.

Британецот вози за Мерцедес од 2013 година. На 1 февруари се дозна дека на крајот на сезоната 2024 година ќе го напушти германскиот тим и ќе се приклучи на Ферари. Беше објавено дека Хамилтон потпишал долгорочен договор со Скудерија.

Минатата сезона, 39-годишниот Хамилтон го освои третото место во генералниот пласман на возачи, со 234 поени. /МИА

Кржовска:Случајот е пријавен во надлежните институции, ученичката доби опомена пред исклучување

Доцна попладнево со став излезе директорката на гимназијата Јосип Броз Тито, Силвана Кржовска.

Таа потврдува дека во врска со вчерашни случувања било пријавено во надлежните институции кои имаат надлежност за понатамошно постапување, без да наведе повеќе детали за какво вознемирување станувало збор.. Таа посочува дека бил одржан наставнички совет, кој едногласно изрекол педагошка мерка опомена пред исклучување за ученичката, а дека не се работело за префрлување во друг клас како што е презентирано во јавноста..

Земјоделци го навредуваа и исвиркаа Макрон на Саем за земјоделство

Земјоделците денеска го исвиркаа и навредуваа францускиот претседател Емануел Макрон на Саемот за земјоделство во Париз, незадоволни од неговата политика и барајќи мерки за подобрување на состојбата во земјоделството.

Макрон го отвори Саемот со четири и пол часа задоцнување поради судирите меѓу полицијата и земјоделците кои упаднаа на Саемот.

Иако се чинело дека ситуацијата се смирила, кога Макрон ја пресекол лентата, земјоделците извикувале „Оставка!“, „Губи се!“, „Ѓубре!“, пренесе Бета.

Сепак, францускиот претседателот разговараше еден час со земјоделците од три синдикални организации чии членови учествуваа во судирот со полицијата и рече дека „преферира дијалог наместо конфликт“. /МИА

притисни ентер