Блинкен во Брисел во момент кога победата на Трамп го активира алармот за Украина

 Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска ќе се сретне со претставници на НАТО и на ЕУ за итно да разговараат за зголемување на поддршката за Украина пред Доналд Трамп да се врати во Белата куќа.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска ќе се сретне со претставници на НАТО и на ЕУ за итно да разговараат за зголемување на поддршката за Украина пред Доналд Трамп да се врати во Белата куќа - што потенцијално може да ја загрози идната помош.

Во еднодневната посета на државниот секретар ќе се сретне со шефот на НАТО Марк Руте, шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, неговата наследничка Каја Калас и министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига.

Вонредното патување доаѓа откако изборната победа на Трамп, заедно со политичката криза во Германија, ги зголемува стравувањата за иднината на помошта за Украина во клучна точка во борбата против руската инвазија.

Видео: Бунтовниците во Сирија го запалиле гробот на такото на претседателот ал-Асад

На социјалните мрежи се објавуваат видеа и фотографии на кои се гледа како бунтовниците стојат покрај запалениот гроб на поранешниот сириски претседател Хафез ал Асад, таткото на Башар ал Асад.

Според извештаите, бунтовниците го извлекле ковчегот од гробницата и го запалиле.

Некои светски агенции јавуваат дека дека бунтовниците во униформи, заедно со локалните жители, го гледале ковчегот како гори.

Хафез ал Асад владееше со Сирија три децении, а почина во 2000 година од срцев удар. Неговото тело беше погребано во мавзолеј во неговото родно село Кара. Него на функцијата претседател го наследи неговиот син Башар ал Асад, кој беше соборен од власт минатиот викенд. /МИА

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот уште не е поднесен, а каде заглавил знае само Арсовска

Не знаеме кој ги пишува соопштенијата во име на Град Скопје, дали е Левица, дали е ДУИ или СДС, но кој и да е знаеме дека или нема завршено основно училиште или се наоѓа во посебна состојба.

Не знаеме кој ги пишува соопштенијата во име на Град Скопје, дали е Левица, дали е ДУИ или СДС, но кој и да е знаеме дека или нема завршено основно училиште или се наоѓа во посебна состојба, затоа што самите дописи изобилуваат со уличарски и непристоен речник, несвојствен за „менаџерка" како Данела Арсовска.

И тука не станува збор за лаги, манипулации, туку за почутување на сопствениот календар за поднесување на предлог буџет.

Не знаеме каде заглавил буџетот, во канцеларијата на еден сметководител во Ѓорче, или кај блиски роднина на Арсовска, или во нечиј штаб близок до Арсовска, но знаеме дека предлог буџет нема. Во прилог документот дека е пробиен рокот за поднесување на буџетот, се наведува во партиското соопштение.

30 дена притвор за осуммина од уапсените во акцијата „Адитив“, 13 со мерки за претпазливост

Кривичниот суд определи 30 дневен притвор за 8 од уапсените лица во акцијата „Адитив“, за едно лице, поради здравствени проблеми е определен домашен притвор, за останатите 13 пак, се определени мерки на претпазливост. 

Меѓу оние кои добија притвор е и поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов, кој утринава со лисици од полициско комбе беше спроведен во кривичниот суд, откако вчера беше уапсен на граничниот премин Табановце. Во меѓувреме и натаму се трага по неговиот претходник Васко Ковачевски кој не е во земјава, за кој во отсуство, од судот велат, не можат да изречат построги мерки. Министерот Тошковски посочи дека тој и натаму е недостапен за органите на прогон, но ги отфрли шпекулациите дека Ковачевски се откажал од македонското државјанство.

„Лицето кое што го напоменавте не е достапно на органите на прогон, органите на прогон ќе сторат се во рамки на нивната законска надлежност да постапат се со цел да истото биде обезбедено и биде изведено пред лицето на правдата. Она што е факт е дека посоченото лице е во рамки на регистарот на државјани на Македонија, истото е државјанин македонски и не побарало отпуст, согласно информациите кои ги имам во овој момент.“

При вчерашните апсења извршени се 77 претреси, во кои се пронајдени 208.000 евра во различни валути, а одземени се мобилни телефони, документација, компјутери и лаптопи, и БМВ од понов датмут. Исто така дадени се пет предлози за замрзнување на имоти, велат од обвинителствотО. Министерот Тошковски вели дека сето она што е одземено во постапката или допрва ќе се одзема, ќе биде вратено во буџетот.

„Луѓе кои преку ноќ, без вработени, формирале фирми кои до вчера се занимавале со канцелариски материјали, наеднаш стануваат фирми кои што тргуваат на големо со ваков тип на адитиви и притоа заработуваат милионски суми кои што се три пати од пазарните цени, нели постојат основани сомненија и и те како голем број на докази дека она што е плаќано, е плаќано најмалку три пати повеќе од реалната цена која што би требало да се плати. (04 54). После ние ќе говориме дали имало душманско крадење на народот. Ај што имало душманско крадење туку тоа било толку многу дрско, што си дозволувале на еден бесрамен начин да ги прават овие работи.“

Во вчерашната акција „Адитив“ беа уапсени 22 лица во неколку градови во земјава поради сомнежи за перење на пари и криминал за јавни набавки на адитиви, за кои надлежните велат дека во ТЕЦ Осломеј од истите не е потрошен ниту еден процент, а во РЕК Битола 95% од адитивите никогаш не биле употребени и тоа во ек на енергетска криза. Уапсените, според пресметките ја оштетиле државата за 6,5 милиони евра.

притисни ентер