Браќа станале милионери на 20- годишна возраст, сѐ почнало со случајна средба (ФОТО)

Лук Линц е 23-годишен милионер од Винипег кој го нарекуваат гуру на социјалните мрежи, но треба на мајка му да ѝ се заблагодари за неговиот бизнис од повеќе милиони долари.

Лук и неговите браќа биле во средно училиште и продавале гаџети на социјалните мрежи, а нивните животи се смениле кога нивната мајка Танис го забележала моќниот канадски претприемач Стефан Арни на соседната маса за време на семеен ручек во скап ресторан.

Откако го слушнал претприемачот како му објаснува на својот маркетинг директор дека планира да го отпушти целиот тим за социјален маркетинг, Танис решил да ја искористи приликата. Таа го фатила милионерот додека излегувал и му рекла дека нејзините момчиња се неверојатни продавачи на социјалните мрежи и дека можат да помогнат.

Претприемачот решил да им даде шанса и потпишал договор со нивната компанија HighKey на три месеци со плата од 5000 долари месечно. Момчињата почнале да работат 16 часа на ден за да го подобрат бизнисот на компанијата на Стефано.

Во првите три месеци донеле 50.000 нови следбеници на Инстаграм профилот на компанијата, а по успешната работа пристигнала и првата славна личност од А-листата. Тие почнале да работат со комичарот и актер Кевин Харт, создавајќи кампања за време на пандемијата која вклучувала парична награда од 20.000 американски долари.

Браќата се прославиле како успешни претприемачи, а Лук истакнува дека Стефан кој починал од рак на 33 години е неговата најголема инспирација.

„Мислам дека на Стефан му се допадна да биде околу мене затоа што иако бевме 10 години разлика, тој можеше да види колку сум млад и амбициозен. Секој втор ден го поминував разговарајќи со него и поставувајќи му безброј прашања“, вели тој.

ХајКи сега има над 1.200 клиенти, а браќата соработуваа со Карди Б, Ники Минаж, Тајга, Бела Торн и Рик Рос, и имаат за цел продажба од 100 милиони долари за пет години.

"Поуката од оваа приказна е дека во сè има малку среќа во однос на запознавањето со вистинските луѓе во вистинско време. Но среќата се претвора во нешто само ако сте подготвени и знаете како да ја искористите што е можно побрзо". изјавил младиот милионер.

Има само 33 години а веќе влегува во историјата

Светската музичка ѕвезда Тејлор Свифт ќе заработи милијарда долари.

Филмот за турнеја на во моментов најпопуларната светска пејачка Тејлор Свифт започнува на 13 октомври.

Филмот за концертната турнеја на американската поп ѕвезда во моментов најпопуларната светска пејачка 33 годишната Тејлор Свифт ќе започне да се прикажува ширум светот на 13 октомври.

- Турнејата не е единственото нешто што сакаме да се одржи низ светот. Многу сум возбудена што можам да ви кажам на сите дека концертниот филм „The Eras Tour“ сега и официјално доаѓа во кината ширум светот – објави пејачката на Инстаграм.

Таа може да заработи милијарда долари од турнејата, за прв пат во историјата. Се очекува филмот да заработи повеќе од 100 милиони долари во првиот викенд само во кината низ САД и Канада, што досега никогаш не се случило, за фил прикажан само во киносалите.

Видео: Најмалку 52 лица загинаа во експлозијата на бомба во Пакистан, десетици се повредени

Најмалку 52 лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во денешниот самоубиствен бомбашки напад на верски собир во пакистанската провинција Белучистан, соопштија полициски претставници.

Бомбашкиот напад се случил во областа Мастунга, во близина на џамија за време на верски собир по повод роденденот на пророкот Мухамед, објавија британските медиуми.

Бомбашот го активираше експлозивот во близина на возилото на заменик началникот на полицијата, изјави полициски претставник.

Повредените се префрлени во болниците во блискиот град Мастунг.

Министерот за внатрешни работи Сарфраз Бугти рече дека бомбардирањето е „многу грозоморен чин“.

Техрик-е-талибан Пакистан негира дека го извршил нападот, за кој сè уште никој не ја презел одговорноста. Муслиманите во Пакистан и светот го слават роденденот на исламскиот пророк со одржување на јавни собири.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО!

Пендаровски: Неопходен е модел за амортизирање на пазарните шокови

„Неопходен е модел за амортизирање на пазарните шокови во амбиент на постојани променливи економски околности“.

Неизвесноста го засилува масовното иселување на младите не само од нашата земја, туку и од целиот регион на Западен Балкан. Со тоа губиме непроценлив човечки и социјален капитал од кој зависи долгорочниот економски раст и развој на нашите држави и на целиот регион. Неопходни се реформи во виталните сегменти клучни за економскиот развој, како што се инвестициите, продуктивноста на трудот, димензионирање на образованието според барањата на пазарот на трудот и креирање на квалитетни работни места, порача денеска претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на 9. Меѓународна истражувачка конференција што ја организираат Народната банка и Комитетот за преобразување на Бретон Вудс.

Според Пендаровски, тоа најдобро може да се постигне преку засилени реформи и забрзана интеграција во Европската Унија.

-Поголемата трговска и финансиска интеграција на регионот во европскиот пазар, во изминативе децении беше еден од виталните фундаменти на економскиот раст. Во регионот на Западен Балкан, токму македонската економија има највисоко ниво на трговска интеграција со ЕУ. Но, за македонските граѓани да ги почувствуваат придобивките од Унијата, освен трговска, неопходна е и политичка интеграција – што значи прифаќање и на европските стандарди и критериуми. Затоа, нам, и на земјите од регионот повеќе од кога било порано ни е неопходно натамошно зајакнување, а не намалување на врските со развиените економии, потенцира Пендаровски.

Како мала, отворена и увозно зависна економија, земјава, оцени, диспропорционално ги чувствува ефектите од глобалните потреси. Ефектите од здравствената, енергетската, економската, социјалната и безбедносната криза конвергираа во поликриза која ги покачи цените на енергенсите и на прехранбените производи, го забави економскиот раст, ја забрза инфлацијата, ги зголеми животните трошоци и го стесни просторот за поддршка на економијата.

-Затоа ни е важно да биде пронајден модел за амортизирање на пазарните шокови во амбиент на постојани променливи економски околности, подвлече претседателот.

Тој се осврна и на монетарната политика. Во услови на нестабилно надворешно опкружување и сѐ повисоки ценовни притисоци, особено поради војната во Украина, Народната банка, рече, по пример на Европската централна банка, почна да ја прилагодува својата монетарна политика.

-При тоа, факт е дека здравата монетарна политика придонесе да се зачува макроекономската стабилност на државата и делумно да се заузда растечката инфлација. Но, тоа не значи дека сите предизвици се надминати. Геополитичките и геоекономските ризици неспорно ги засилуваат долгорочните негативни ефекти и врз демографијата, истакна шефот на државата.

Пред Пендаровски, на конференцијата се обратија гувернерката Анита Ангеловска Бежоска и извршниот директор на Комитетот за преобразување на Бретон Вудс (КПБВ), Марк Узан.

притисни ентер