Британец украл 90.000 евра од сметки на мртви клиенти за луксузен живот, го издала девојката

Финансиски работник од Велика Британија украл 90.000 евра од сметка на мртов клиент за да го финансира скапиот начин на живот, но бил фатен благодарение на објавите на неговата девојка на социјалните мрежи.

Кори Казагранде (37) со украдените пари ја плаќал својата зависност од коцкање и скапите одмори со кои неговата девојка се пофалила на социјалните мрежи.

Таткото на три деца работел како лидер на тимот во Target Financial Services, која обезбедува низа услуги на големи имиња како што се BBC, Barclays и Credit Suisse.

За време на внатрешната истрага бил проверен и профилот на Фејсбук на неговата девојка Џема Конор, која исто така работела во компанијата.

На судот му било кажано дека таа е осомничена дека потрошила големи суми пари и дека живеела раскошен начин на живот.

Таа објавила фотографии од скапи одмори и дизајнерски чевли, пренесува Daily Mail.

Судот слушнал дека Казагранде имал „софистицирано“ разбирање за внатрешните системи на компанијата и користел лажни документи од вистински адвокати за да краде пари од мртви клиенти.

Откриено е дека 75.000 фунти (90.000 евра) биле земени од три различни сметки што им припаѓале на починати клиенти на Credit Suisse.

Казагранде се изјаснил за виновен за измама за прекршоци што се случиле во 2020 година.

Нему му е изречена условна казна од 20 месеци и му е наредено да заврши 80 часа неплатена работа.

Се зголемува бројот на жртвите од поплавите во источна и централна Европа, илјадници евакуирани

Едно лице се удави во југозападна Полска, а илјадници беа евакуирани преку границата во Чешка, поради силниот дожд кој продолжи да врне низ централна Европа, предизвикувајќи поплави во неколку области.

Еден пожарникар, исто така, загина во поплавите во Долна Австрија, објави во неделата австрискиот вицеканцелар Вернер Коглер на социјалната платформа Х, додека властите ја прогласија покраината околу главниот град Виена, на границата со Чешка и Словачка, за област на катастрофа.

По неколкудневните дождови предизвикани од бурата Борис, реките од Полска до Романија се преполнети, каде во саботата беа пронајдени четворица мртви.

Четвртина милион домаќинства во Чешка останаа без струја поради дожд и силни ветрови. Чешката полиција соопшти дека трага по три лица кои биле во автомобил кој во саботата паднал во реката Стариќ кај Липово Лазна, 235 километри источно од Прага.

Едно лице загина во полската област Клоџко, за која премиерот Доналд Туск рече дека е најтешко погодената област, со евакуирани 1.600 луѓе.

„Ситуацијата е многу драматична“, изјави Туск во неделата по состанокот во градот Клоџко, кој беше делумно потопен откако водостојот на локалната река се искачи на 665 сантиметри, многу над алармантното ниво од 240.

Нивото на водата го надмина рекордното ниво забележано за време на силните поплави во 1997 година, кои делумно го оштетија градот и предизвикаа смрт на 56 луѓе во Полска.

Блискиот историски град Глухолази нареди евакуација во неделата наутро, бидејќи локалната река почна да се излева од коритото, а пожарникарите и војниците работат од саботата за да го заштитат градскиот мост.

Противпожарната служба во регионот соопшти дека до недела наутро евакуирала 1.900 луѓе и дека многу патишта се блокирани.

Повеќе од 100 милиметри дожд наврнаа во најтешко погодените области во текот на ноќта и околу 450 милиметри од средата навечер, соопшти Чешкиот метеоролошки завод.

Официјални лица во унгарската престолнина Будимпешта ја зголемија својата прогноза за пораст на водостојот на Дунав во втората половина од оваа недела на повеќе од 8,5 метри, приближувајќи се на рекордното ниво од 8,91 метри поставено во 2013 година, додека дождот продолжи да врне во Унгарија, Словачка и Австрија.

„Според прогнозите, една од најголемите поплави во последните години се приближува кон Будимпешта, но ние сме подготвени да ја совладаме“, изјави градоначалникот на Будимпешта, Гергели Карачони.

Властите во Романија соопштија дека дождот бил со помал интензитет отколку во саботата, кога во поплавите загинаа пет лица и беа оштетени 5.000 домови. Градови и села во седум окрузи низ источна Романија беа погодени, а единицата за итни случаи соопшти дека сè уште трага по две исчезнати лица.

Средба на министерот Николоски со новоименуваниот француски амбасадор, Кристоф Ле Риголер

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска остварил работна средба со новоименуваниот амбасадорот на Франција во Македонија, Кристоф Ле Риголер.

Како што соопштија од Министерството за транспорт, на средбата биле разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, со посебен акцент на билатералните односи меѓу двете земји.

Министерот Николоски ја истакнал добрата соработка со Франција, нагласувајќи ја поддршката што ја овозможува Франција во реализација на стратешките цели на земјава. Тој го запознал амбасадорот со владината програма и инвестициите во инфраструктурата, особено во делот на железничките и патните коридори.

- Двајцата разговараа и за реформите што се спроведуваат како дел од евро интегративниот процес на државата. Министерот на новименуваниот амбасадаор Ле Риголер му посака успешна дипломатска работа во земјава, притоа изрази благодарност за сегашната соработка нагласувајќи ја потребата од интензивирање на таквата соработка меѓу двете земји, соопштија од Министерството за транспорт.

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

Во голем број училишта во Србија денеска нема настава или е скратена, поради протести на просветните работници организирани на плоштадите и пред училишните управи .

Во голем број училишта во Србија денеска нема настава или е скратена, поради протести на просветните работници организирани на плоштадите и пред училишните управи откако репрезентативните синдикати на просветните работници не го прифатија предлогот на Владата за зголемување на платите од јануари за 12 отсто, јави дописникот на МИА од Белград.

Четири репрезентативни синдикати во Србија - Синдикатот на просветните работници на Србија, Синдикатот на образованието на Србија, ГСПРС „Независност“ и Синдикатот на просветните работници на Србија бараат Владата да ја изедначи почетната плата на дипломираните наставниците со просечната плата во Србија, да им исплати новогодишен бонус и итно да донесат измени на законот со кои ќе се зголеми заштитата на наставниот кадар од се почестите напади од ученици и родители.

Претседателот на Форумот на средните стручни училишта, Милорад Антиќ, за новинарите изјави дека просветните работници само бараат да имаат иста просечна плата како и другите вработени во земјата и да им се гарантира законски безбедноста во образовните институции каде што работат. Просветарите го изразија своето незадоволство и од досегашните преговори со претставници на Владата за зголемување на платите.

Форумот на белградските средни училишта во соопштението наведува дека Главниот одбор на таа организација одлучил да го поддржи штрајкот не само затоа што се незадоволни од решенијата што ги нуди владата, туку и поради лицемерниот обид на претставници на министерствата за финансии и образование за поделба на вработените на наставен и ненаставен кадар.

Просветните работници порачаа дека доколку не им се исполнат барањата на 2 октомври, повторно ќе штрајкуваат.

-Ова е нашиот крик, доста е, изјави Снежана Романдиќ од Синдикатот на просветните работници на Србија за Н1 по протестот во Белград.

Романдиќ рече дека според проценките на синдикатот во Белград, во штрајкот учествувале околу 70 отсто од училиштата.

притисни ентер