Јаги е најсилниот тајфун што го погодил Северен Виетнам во последните 30 години.
Повеќе од 1.900 луѓе се повредени, се вели во извештајот на Виетнамската канцеларија за управување со катастрофи. Според Канцеларијата, тајфунот оштетил околу 235 илјади домови. Над 2,6 милиони животни главно живина и говеда, биле убиени, а преку 200 илјади хектари оризови полиња биле значително оштетени.
Поплавите сега се повлекоа, но погодените области сè уште се борат со напорите за расчистување.
Според првичните проценки на виетнамската влада, тајфунот Јаги предизвикал прелиминарна штета на Виетнам од околу 1,6 милијарди долари, предизвикувајќи загуба од околу 0,15 посто од бруто домашниот производ оваа година.
Тајфунот претходно мина низ Филипините и Кина.